Автор Тема: Правилно изговарање на некои зборови..  (Прочитано 62674 пати)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Правилно изговарање на некои зборови..
« Одговори #375 на: 20 Јуни 2014, 20:33:22 pm »
Во кое село викаат „скупски“?

И ти сеа ќе ми кажуваш дека си од Марс паднат и дека во Скопје, не знаете да речете О туку викате Ö

Пишувам како што изговарате
девеесдевета гÖдина
пито Öделение

Одлично ви го знам дијалектот, дома ми е ;D ;D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Правилно изговарање на некои зборови..
« Одговори #376 на: 20 Јуни 2014, 20:35:30 pm »
Аууу сега ми текнаaaa дијалектчевоо: http://www.youtube.com/watch?v=3GAR4LkkA-s

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8534
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Re: Одг: Правилно изговарање на некои зборови..
« Одговори #377 на: 20 Јуни 2014, 20:42:37 pm »
Во кое село викаат „скупски“?

И ти сеа ќе ми кажуваш дека си од Марс паднат и дека во Скопје, не знаете да речете О туку викате Ö

Пишувам како што изговарате
девеесдевета гÖдина
пито Öделение

Одлично ви го знам дијалектот, дома ми е ;D ;D

Кој ти збори тебе вака? Ова јас сум го слушнал од шмизличиња родени 90та нагоре.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54991
  • Махер
Одг: Правилно изговарање на некои зборови..
« Одговори #378 на: 20 Јуни 2014, 20:58:06 pm »
Роми. :)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Правилно изговарање на некои зборови..
« Одговори #379 на: 20 Јуни 2014, 21:34:02 pm »
- Го облеков тоа жутото
- Пеер, само искочивме од кола и ни доаѓа мурија
- Кречевме викендов
- Нешо као
- Кој ти збори?
- Муж ми
- Зборуеме литературно ние у Скопје, кој кур ти е бе пеер?
- Не е ду мйне
- Девеесдевета гудина
- пйто оделение (без двојно д)
- Влагаме у таа проданицата на првомајска
- Он беше дојден со цурата, она беше со таа џукелата, да ти ибам
- Она искача со кулата од паркинг, да ти ибам, ја и доаѓам од назад и свирам као да се тргне, она нишо не реагира
- ВрнЕ, ВрнЕ
- Гага збориме цело лето
- Волку текс неам пишано подугачко време
- Отиден е он од прееска
- Ставам у флаша сок, она ми го зема и замина на кеј,...да ти ибам ...
- Искочивме од влез, се убацува еден тип да ти ибам, ми збори нешо, нишо не разбирам
- Лилееее...шу збориш ма?
- Мамо, мааааа...
- Пеер дудлаш
- Даље
- Купуе менѓуши од 500 денара
- Он е геј пеер
- Јал купус ми збори сеа нешо
- Ораси си пробал?
- Зимо студи, си зима капа
- Дида си пеер (...Не Тафарел сум)

;D ;D


А сеа нашите глупости:

чупе - девојче
стило - пенкало
чакмак - запалка
соба - печка (за греење)
сабасаба - рано наутро
поќе - повеќе
чактисва - сваќа, разбира
одма - веднаш
оти? / оти - „Зошто?“ / „Затоа што“
матуф / дида - луд
аџеле - итно
апансас - изненадно, брзо
набафтана - згора, преку, невнимателно
такуѓере - полош / полоша
усул / исав - осет
љуфна - промаши
шубе - сомнеж
стипса - стегнат (за материјални работи)
форес - стрвост
од немукает - од непромисленост
инкер - малер
крлешка - лулашка
шуќур - фала богу, конечно, алелуја
кркма - шишка
терсене - комплициран, тежок за ракување
загоритенџере - некој шо е изгубен во просторо и времето, забораен
чакати - пари
бучкуруш - хаос
дупнимандало - итар
лапниголтни - наивен
ленгир - линиар
режало - острилка за моливи
пајнца - чинија
јанглаш - се користи кога некој не е во право („Јанглаш си“)
ќенеф - полско WC
збоктисано - преку глава
дрндлест - зборлест
муфте - гага, за беспари
уљандисан - загрижен, разочаран, вознемирен
џам - стакло, прозорец
ексик - (по ѓаволите?)
ѕунѕурки - лампиони
му се бендиса - му се допадна

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Правилно изговарање на некои зборови..
« Одговори #380 на: 20 Јуни 2014, 21:37:21 pm »
Скоро све ти е погодено, освен тоа „мине“, „пито“ итн.

И комотно „дојден“ моеш (као што можеш) да го скратиш во „доен.“

Итн.. ;D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Правилно изговарање на некои зборови..
« Одговори #381 на: 20 Јуни 2014, 21:53:54 pm »
- ВрнЕ, ВрнЕ
 

пасОш, албУм...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54991
  • Махер
Одг: Правилно изговарање на некои зборови..
« Одговори #382 на: 20 Јуни 2014, 22:00:58 pm »
- ВрнЕ, ВрнЕ
 

пасОш, албУм...
Никогаш не ги сфатив овие. Изгледа не се центарско-карпошки. :)

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: Правилно изговарање на некои зборови..
« Одговори #383 на: 20 Јуни 2014, 22:01:30 pm »
ду, кулата, гудина? Првпат слушам дека некој вака ги викал.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Правилно изговарање на некои зборови..
« Одговори #384 на: 20 Јуни 2014, 22:05:36 pm »
- ВрнЕ, ВрнЕ
 

пасОш, албУм...
Никогаш не ги сфатив овие. Изгледа не се центарско-карпошки. :)

печАт....... :D не си налетал у твое маало :) повеќе накај источноцентарски/мичурински :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Правилно изговарање на некои зборови..
« Одговори #385 на: 20 Јуни 2014, 22:55:57 pm »
- Не е ду мйне
- пйто оделение (без двојно д)

Како што кажа Дени, ова е ромско-скопски дијалект. Од други немам чуено такво искривување.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Правилно изговарање на некои зборови..
« Одговори #386 на: 20 Јуни 2014, 23:24:57 pm »
Којзнае со кого се дружи лордот во скопје ;D
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Правилно изговарање на некои зборови..
« Одговори #387 на: 20 Јуни 2014, 23:33:10 pm »
Лорд секоја чес, ептен си ги погодил ....НО не е сваќа (разбира) туку е сФаќа. Сваќа е мајката на твојата жена на твојата мајка.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Правилно изговарање на некои зборови..
« Одговори #388 на: 21 Јуни 2014, 01:22:06 am »
Што мај... уствари не.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Правилно изговарање на некои зборови..
« Одговори #389 на: 21 Јуни 2014, 08:15:43 am »
Лорд секоја чес, ептен си ги погодил ....НО не е сваќа (разбира) туку е сФаќа. Сваќа е мајката на твојата жена на твојата мајка.

I agree

Копиран ми е битолскиот текст. И мене ме нервира кога ќе напишат сВаќа!

Иначе за тоа ГУДИНА...сите тоа го изговарате...само не можам да го доловам со пишување.

Потсетете ме ќе ви го доловам на ВЕРО, има голема разлика.

Тоа е она германското Ö што се изговара ОУ...

Има голема разлика како ги изговарате самогласките во Скопје во споредба со другите градови.

Ние ги изговараме чисто (понекогаш ептен ги нагласуваме) вие имате два гласа пр. ОЕ односно ø. Е понекогаш звучи како И, итн...

Нема врска битолски. Еве земи го струмичкиот дијалект и тие поинаку ги изговараат самогласките.