Ние кај нас насело часовниците со толкава големина ги викаме соларник (за сол), а не заради поврзаност со сончева светлина, не се разбравме баш... 
Инаку и во Битола до неодамна се наоѓаше евтини Касио, до пред да се актуелизираат овие што плаќаат високи кирии во Шити мол, Рамстор...
До пред некоја година имаше рандом продавничиња во кои имаше по некој Касио со можност за нарачка, цени за милина.
Сега се B-Watch и My Time и си ги имаат цените од Шити, Рамстор...
Барам метафори таму каде ги нема...

Штета за дуќанчињата кои изеле овие големиве продавници, но сега барем е лесно да се нарача саат од било каде по пошта. Проблем е само разгледување и пробување, ама па ете ти барем една корисна намена за големите продавници!
А Eco Drive е ѕверска работа.
Што се тиче батерии, се знае дека вистинки часовник треба да биде аутоматик 
Meханички, ама со навивање - кеифот е во рачното навивање.

И... Аутоматикот сигурно не го носиш на работа, нели? (едит: заборавив што работиш)

Ако имаш навика да носиш часовник, ти треба и некој часовник како Касио, нешто за прилики каде не сакаш да го мислиш часовникот многу, ако се удри или изгребе. Епа тие
таквите часовници обично или користат батерии... Или се викат Восток.

Јас покрај Џи-Шокот имам за такви (и поризични) намени имам и еден евтин Кинез: за кајакарење, планинарење, и воопшто моменти каде лесно може да го уништам, ама па за 5-6 долари колку што кошта и ич нема да ми биде гајле.

А кога купував часовник не гледав исплатливост ,туку изглед.
Не сум знаел дека има и такви подфоруми каде се дебатира исплатливост на батерии кај часовниците.
Барем кај Касио, секој физички изглед на одреден модел го има во десетици подваријанти од кои сите изгледаат (скоро) исто, со мали разлики во бои/шари/итн, а вистинските разлики се во работите како автоматска синхронизација на време, соларно полнење, трипл сензор и евентуално дата банк (за тие ретките кои им треба).
Во ред си е твоето размислување, но само ако зборуваш за нешто што ќе ти биде главен часовник. Ако не го носиш редовно (на пример ако имаш повеќе часовници), за часовникот редовно соларно да се полни, бргу ќе ти страда батеријата. А гаранцијата на батеријата сепак и е само од 2 години (а нели треба да трае 10-тина)?
Ти зборувам за ситуации каде часовникот некогаш по цели месеци (години) седи во фиока. На пример мојот Casio Edifice го користам како „dress watch“ (читај го носам на свадби и веселби), и после неколку менувања во мајтајм (на периоди од година и ситно), сфатив дека механички часовник е подобар избор за тие прилики (дотерување) од кварц часовник. Во меѓувреме си купив комплет алатчиња и одтогаш сам си ги менувам батериите. Како што реков погоре 2хСони батерии ме коштаат окулу 60 денари. Не е толку што батерија ме кошта 30 наместо 300 денари, туку и не морам да се замарам да одам до сервисот на Мајтајм.
А тој наведениот форум не го дирај, освен ако не сакаш да ти се удри чивијата и да почне новчаникот да ти се празни повремено (и многу повеќе од пари за батерии).
