Добар саатчија јас би предложил у гтц одма до поштата на приземје. ( за замена на батерија 200денари со 2 години гаранција за батеријата) има и резервни каивчиња е сеа не знам шо фирма се али ја за мојот pierre cardin од таму си нарачав и беше поефтино ем со сертификат за оргиналност на деловите.
ЗАФ, саатчија „од времето“ 
Јас би го препорачал „Омега“ во чаршија. Не ретко ги има истите модели, со исти (ако не и подобри) услови за купување, по (најчесто драстично) пониски цени, од другиве „поизвикани“ продажни места. На пример, стариот саат (Casio Edifice EF-502), во еден дуќан во ГТЦ беше 5500, во друг беше 7000, во некој дуќан во Рамстор беше 12500, а јас го земав за 4800.
Цитирам стар пост, ама морам да се надоврзам за ОМЕГА часовничарот. Човекот е многу фин, услужлив, изгледа како да си ја знае работата...јас од кај него имам купено Edifice 539d white на времето (пред скоро 8 години) и го имам сервисирано само кај него.

За жал, веќе по првиот сервис почна да пожолтува делот кај минутите, за сега тој да биде скоро целосно пожолтен. Дали часовникот бил со фабрички дефект или нешто при сервисирање е заебано не знам, ама сега ми е целосно уништен.
Немам време да тркнам до кај него да го прашам, ама внимавајте...