Јас имам механички часовник (на навивање) и тоа Poljot од 70-некоја и никогаш не е однесен на сервис и си работи (да не го почудам) безпрекорно. Не е нешто скапо да се замени и да се зезни

Ретко го носам - од време на време.
Seiko Pogue-от што ми е од 1976 го однесов лани на сервис со оглед дека е chronograph и позезнато е ако се зафркне нешто.
Seiko King Samurai-от, препорака е 2 години, ама и во Хронометер и кај други саатчии (а и во фамилија имам саатчија) ми викаат, терај дур не почне да доцни или да работи побрзо.
Сервисите на 2 години се добри ако сакаш да нуркаш со него, односно заптивките да се освежат или да се заменат.
Јас бидејќи не планирам да пикам саат под вода, макар што е сертифициран дајвер, си имам посебен smart саат за нуркање, планирам да тераме вака, дур си е во ред. Кога ќе почне да покажува ќе си го однесам на сервис.
Во основа саатот почнува да покажува проблеми пред нешто сериозно да зезнеш. Јас искрено немам видено никогаш саат да се зезнал од само носење и несервисирање.
Ќе почне да доцни или да работи побрзо. Тогаш е потребно само сервис и ќе се врати во нормала. Не е како кола да зариба ако не го сервисираш