апдејт за часовничарот тој карши рамстор,
не сум воодушевен воопшто од севкупното искуство со него
-прво, 3 дена ми беа 2 саати кај него, еден Tissot и Ракета(олдтајмер

) прво се договоривме двата да ги полира, и му нагласив ја на тисотот да пази, и да ми го врати ремчето како фабричко (има дел брусан метал, дел полир) и он ми вика да бе нема гајле.
идам после 3 дена кога ми кажа, го пратив дента брат ми да праша до колку работи, му рекол до 7 али денес во 15 за 7 ќе затварал,
брзам ја да стигнам после работа и стигам во 6и 33 живо пиле нема, џабе патот
-идам после 3 дена (бидејќи првиот пат беше во петок, а сабота до 3 работи човекот)
стигам накај 6и 20 и гледам ќерака му почнува да си затвара полека, викам пак порано а, па да да и се смее :/
-часовниците викам да си ги земам, прво ги бара 10 мин не знае кај се, а барањето и е во една фиока во која му се ФРЛЕНИ еден преку друг сите часовници што му ги оставиле 20тина грубо, и девојчево ги претура еден преку друг со голема можност да ги оштети...
ги наоѓа моиве, ми го дава тисотот и ми вика не можеме овој да го исполираме неаме таква полирка за матираните делови, викам баш се договаравме со мајсторот за тие делови, аа вика не сте се разбрале. Жити се
плус на сето тоа, треба уште еднаш да идам да го вратам Ракета-та бидејќи при полирањето на стаклото оставиле едно делче кое заборавиле да го исполираат, уште е матирано
и ќе треба уште еднаш да одам да си го земам, ако успеат да го средат....
така да тоа е 5 пати идење за џабе и полузавршена работа...
нареден пат ќе идам кај чиката тој до божиновски на ул. македонија што е, па ќе пишам импресии и од таму