@Diesel Јас како што прочитав, може и в продавница да се искористи тој попуст. Сепак кога ќе одам да го пробувам ќе прашам, па ќе си нарачам онлајн ако само така може да се искористат тие 400ки
@Simo - Carrier159 убав белиот, ама сатот го носам 24/7, и кога работам по дома и кога чепкам по колине. Сат не вадам од рака и доколку е бел мислам дека после кратко време нема да биди толку бел и убав
@zeroSignal Претпоставувам имаш искуство со G-Shock штом олку ги фалиш. Кажи ми дали се водоотпорни? Оти не го вадам сатот ни за в езеро ни за в море, ама баш никогаш
Ако земам G-Shock би сакал да ми биди замена за едно Fossil сатче со белезица кое го носам секојдневно 16-17 години. Нема што нема видено и уште тера. Батеријата на почетокот траеше 3+ години, сега ~2 и нема никаква мака. Пред некој ден го чукнав в ѕид силно и застана, си реков толку беше. Го однесов на сатчика (жена е да

), само го подмачка и еве го пак тера.
