Супер, многу ми се допадна што една ваква многу интересна идеа е реализирана. Се надевам дека екипата што стои позади видеово ќе продолжат да бидат вака добри како што се убави
и дека со вадење на нови видеа ќе се привлече поголем медиумски интерес, секако ние форумџиите сме тука да пуштиме добар глас и да го рашириме тоа што повеќе. Е сеа доколку има таков медиумски интерес и се разбуди малце свеста кај ПР-ите на автосалониве и се што е поврзано со коли, ќе протечат и финансии кои сметам и те како ќе помогнат за уште поголемо издигање на Карклаб заедницата. Само напред со одличните идеи и уште подобрата нивна реализација.
Андреј, како за прв пат си супер, немој да бидеш толку самокритички настроен, мене ми се допадна твојот говор, односно како ни го пренесе на нас гледачите тоа што треба да го слушнеме за колата. Признај дека те фаќа трема на моменти
шала на страна, одлично видео од секој аспект, и многу ме интресира кој е Бранко, т.е. позади кое форумско име се крие?