ја мислам цената си е ок, земајќи ги сите факти во предвид дека е фул опрема и премиум компакт, доволно си е поскап од VW (i ostali) а сепак според мои неофицијални информации (бидејќи не можам да ги најдам ценовниците од мерц и бмв) е околу 5-10к поефтино од истите.
-треба да се земе во предвид дека в40 е поголемо во сите правци од скоро сите конкуренти вклучувајќи ги и бмв и мерц, НО сепак има помало меѓуоскино растојание, што резултира со помал простор во внатрешноста.
-во однос на моторот, јас лично би забранил вакви мотори во овие така наречени премиум класи, под 10 до 100 би требало да има едно возило за да биде, да речеме, со солиден мотор.
-голема предност даваат сигурносните системи кои ги тестиравме на томе, али не фукнционираат на ако пешакот е вработен во влада, изгледа истите имаат некој блокатор
бидејќи рики кога застана пред кола, волвото не закочи. така да изгледа уште има да поработат на ова, или само се погоди некој баг во моментот.
-мое лично мислење, е сепак дека во оваа класа не споредлив е бмв, без разлика на не совршениот фејслифт кој го доби. бидејќи премиум бренд, повторно според мене, заслужува заден погон. и имајќи лично искуство (не мое, на другар
) со 520d која моќност и рафинираност ја има моторот, не би можел да замислам како би делувало тоа во полесниот 120d
- малце да се свртиме кон мерцедес а класа, дизајнот е речиси совршен, нешто што нема теоретски шанси да го помешаш со нешто друго ниту пак има шанси да не го забелжиш во сообраќај, НО пак, се потпирам на моето лично мислење, не смее да се дозволи преден погон во оваа класа. плус некои неофицијлни информации гласат дека некои од моторите кое може да се најдат во а класата потекнуваат од рено, што според мене не би смеело, бидејќи кога веќе плаќам 30-40к за мерц нејќам рено мотор да возам кој го има за 12к
секако ова го пишувам без лично искуство со ниедно од горните возила, ова е само мое гледиште од страна во кое се вклучени само некои факти кои може да се најдат на нет.