Тоа да, треба да размислиш. Инаку сеуше даваат кредит далеку испод вредноста на хипотеката. Прво проценителот ќе ја процени 80% од реалната вредност и на таа вредност банката ти дава 50-60% кредит. За 5-6 год каматата ќе рипне над 7-8%..
Е сега во америка колку што ме занимало, не можеа да ги исплатат становите, молите итн (т.е. кредитите) па банките фабриките за коли итн се здобија со енормен имот кој вредеше многу малку ради што никој немаше моќ да го купи....
Ако си подобро информосан околу кредитите арно ќе биде да пишиш, би било опшѕо корисно се надевам, мада малку("малку појќе") заминавме оф.
Баш сега еден пријател сакаше да зњми кредит од х еура, му испаѓа да врати нешто над 2х еура ако ја земиш предвид инфлацијата и ред други фактори.
Не сум во банкарскиот сектор и кредитирањето за да знам подетално, ма да знам по искуство на блиски. Можеби кредитот не е сооднос 1:1 ако купувате стан во изградба, но веќе изграден вредноста е мн слична. Зошто, бидејќи во старт банките бараат мин. учество кое ќе надомести при вакви случаеви и станот е спремен за продажба што ја олеснува работата на банката. Друга работа што треба да ја имате во предвид е дека од ануитетот (рата која се состои од камата+отплата на главнина) во почетокот од отплата се состои само од камата, па ако вие дојдете до екстра кеш пара низ годините џабе ќе затворате кредит бидејќи банката ќе ви објасни овој муабет и ќе платите пак истиот износ кој што сте го позајмиле.
Побарувачката е трендовски фактор, сега е интересно во СК да се купува станови, утреден апартмани на Халкидики итн. Споредбата со САД е претежно заради моментот дека иако во САД се даваа кредити на NINJA (no income, no job, no assets) баратели, не е драстично различно со кај нас. Како што знаете грото од нас се вработени на минималец, платата и сосе таа на рака ретко надминува над 30к, работните места се нестабилни (пред се заради лошиот менаџмент) имаме низок животен стандард итн. Да, недвижностите се недвижности, но кеш пара е кеш пара. Потсетете се само што се случи со берзата кај нас
Друг фактор е наталитетот кој постојано е во опаѓање, па така неретко се случува да има тинејџери кои ќе наследат по неколку станови. Со оваа плата, неможеш за комуналии и даноци да покриеш. А денес сите сакаме западен живот
Поентата ми беше, ако немате резервен план, многу внимателно со кредитни авантури.