Настел ако им е градбата како во Ново Лисиче,не вредат ни 800 евра.
Да треба сега да купувам стан,стварно незнам дали има добра локација во Скопје,а да не те удри шлог од цената.
Загадено е секаде,па малте исти курац кај ќе купиш стан во однос на аерозагадување.Инфраструктурно Ново Лисиче според мене е најдобро,Кисела Вода хаос,Дебар Маало,позади Универзална па до Иво Лола исто,Тафталиџе тесни улички,Карпош скоро сите се до големи и доста прометни булевари,па прашина,а и бучава ќе имаш колку сакаш.Позади Ми-Да делот,само 2 згради што се до факултетите ми се по ок,барем имаат поглед на Водно и пред нив нема да се гради ништо,освен ако не ги дислоцираат факултетите.Оние Фабрика Карпош што ги гради,викаат добра цена имале,а проектот интересно изгледа,но не сум бил на локацијата да видам како изгледа.
Како и да е,со среќа во изборот,а што се однесува за греењето,ако би можел да бирам,тоа би било парно од БЕГ.