Кога гледам како се спремни луѓето да дадат 1150 е за квадрат стан што е отпилика 60.000 е за 55кв, се прашувам зошто не купат некоја барака 3-4 фамилии и си изградат мини зградичка некаде низ Тафталиџе....
Цениве на становиве се ненормални, со кој странец и да сум зборел, кога ќе се пресмета сооднос просечна плата и цена на дом, оваа понуда и побарувачка со станови ја нема во ниедна економска логика.
Едноставно, со сегашните примања ние сме сиромашни, а со кредит па се доведуваме на преживување. Ја отплаќаш последната рата и оп децата 30 години.
Трето не ми е јасно, кој толку купува станови низ СК ... не правиме муабет тука за некоја понуда од 100 станови, илјадници се во прашање ...
Четврто, зошто се толку скапи становите, големи ли се „провизиите“ од комунален инспектор до градоначалник па на крај рајата сето тоа го плаќа или што е работата. Бидејќи реално тоа што го добиваш е смешно а за квалитетот да не зборуваме...