Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1198222 пати)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
По едноставно е да го енкриптираш цел хард диск отколку да живее компјутерот како амиш. :D

Тоа поле, ми е шпанско село. Вака ми се гледаше нај безбедно, и сега за сега, 17 години како водам архива на објекти (со понуди, фактури, мерења и слики на завршено греење, заедно со електронска форма на гаранции и скенови на листи од примопредавање) и после 17 години сеуште е ок. Сменив неколку пц-а, на сите е со мирор хардови, за да не се деси да исчезнат ако се расипе и екстерен харддиск, што го апдејтувам на секои 30 дена. ;) а на компјутерот се впишуваат досиеа на секое ново, дента или нај касно за 2 дена...

Грешам негде?? Ако да, кажи по лесно нешто, ама со 100% сигурност дека не постојат шанси за хак на податоците??  Бидејки вака ми е сигурно. Нема интернет, нема ни ви-фи адаптер, шанси за хакирање 0%!!
Благодарам однапред.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Ако имаш мирор на дискот ( 2 диска т.е.) не можеш да ги загубиш податоците освен ако не се оштети самиот мирор али ќе му напраиш после rebuild ако има опција. А ако сакаш да бидеш најбезбеден, качи ги на azure или amazon aws на cloud и мирна глава :)

Ако се плашиш некој да не ги „собере“ енкриптирај ги и стави ги на cloud како архива. Реално мултимилионски компании имаат податоци на cloud така да мислам дека и Кано нема да има проблем со тоа :)

Да не ја труеме темава ако те интересира пиши пп.

За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Кано, колку зими има во Македонија со по -20, осим оваа последнава што беше една у 10 години ?

Во што да се греам на стан ? Да зеам токмакот и да го раскопам цел ? Да земам да ставам котли, мотли, цефки да бушам итн.

Идам купуем инвертер го ставам на 27 степени од Ноември до Март и си свиркам со ефтина сметка за струја.

Ако ми е ладно купуем уште еден од 2.5 KW и дома ми е ко Септември у Аспровалта.

Све океј што збориш ти ама у куќа, коа ја праиш од почеток.
Имаш еуровент и за -10 а и за -25 на некои. :) Детално си е разработено потрошња и испорачана топлина.

Science. :)

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Според мене си го одбрал најдобриот начин од " хакерски" аспект, мада да ги енкриптираш не ти е на одмет за заштита од физичка кражба. Нејсе...
Од секогаш ми беа неверојатни тие 300% освен во јуни и јули... Кога надвор е до крај 10 степени релативно е топло поради што врват цефките за парно низ станот. Тоа со водите ми има смисла во случај да живеам близу некој грејзер.
Тешко е да се докаже / негира топлинската ефикасност на некој уред. Некаде топлинските загуби се сметаат како негативна страна на некои уреди, па колку што сум во тек врвни фирми имаат проблем емпириски да ја утврдат точната ефикасност на некој уред.
А да си се приклучува на парно на почеток на сезона, да се исклучувам на крај, измеѓу да си плаќа 10%... хехе сигурно имаат нешто со мали букви за вакви ситации ама ај да прашам :)
Повеќето клими идат со некоја декарација за 300% ефикасност која нема како да се испита во домашни услови, нити па има некој да се замара со увозниците. Радо би зел уред што е 300% ефикасен, ама ако навистина е на - 15 барем...

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Повеќето клими идат со некоја декарација за 300% ефикасност која нема како да се испита во домашни услови, нити па има некој да се замара со увозниците. Радо би зел уред што е 300% ефикасен, ама ако навистина е на - 15 барем...

Декларациите се обично вредностите мерени на 7с и тоа во лабораториски услови. Така да фактор од 3 прилично тешко да се постигне на -15с, иако има и такви клими (ама од поскапите се). Клима од 500-600 евра (од подобрите такви), на -15с тешко дека ќе направи подобар фактор од 1.5. Но тоа е сеуште 50% поефикасно од класичен електричен грејач.

Една работа која треба да се разбере, е дека ефикасноста на климите не е фиксна, се менува како што се менува температурата и влажноста надвор. Тоа значи дека ако навечер е -20с, преку ден може да биде +10с. Значи како ќе се менува температурата надвор, така ќе се менува и ефикасносата и потрошувачката за да се загрее внатре.

Јас еуровент не го обичам премногу, пошто е исполитизиран, но еве мерени вредности за Toshiba Suzumi Plus (како мојата):
http://www.eurovent-certification.com/en/Certified_products/Access_by_programme.php?lg=en&rub=04&srub=01&select_prog=AC&select_partic=64&select_marque=TOSHIBA&select_class=AC1+%2F+A+%2F+S+%2F+R&tri_chp=&debut_affiche=56&indice_affiche=4
Тука гледаш дека на -7с ефикасноста на Suzumi Plus моделите е некаде окулу 2.5 kW. Тоа значи дека за еден kW струја добиваш 2.5 kW топлина.

Имам поставено мерач за потрошувачка, и зиме навечер на најладното знаеше да оди блиску до максималната потрошувачка од 1.40 kW, но најчесто накај ~1 kW. Дневната соба од 36м2 ја загреваше без проблем до 26с внатрешна температура (обично греам до ~22с или 23с). Дење потрошувачката идеше окулу ~400 W. Значи просекот е некаде помеѓу. Од друга страна треба да кажам дека имам термо фасада со 10см стиропор, и сендвич ѕидови.
Пази само дека зборувам за најладното. На почеток и на крај од зимата ефикасноста рипа прилично. Погледни во табелата погоре за +7с, COP факторот оди над 4. Тогаш за еден kW струја добивам 4 kW топлина, само што реално не ми се потребни толку и инверторот симнува потрошувачка па климата грее со 400W - колку 4 сијалици што трошат. Всушност често имам гледано како потрошувачката се симнува и до 150W, ама тоа се минимумите кои се случуваат само одвреме навреме.


Дека климите се економично решение за греење, економични се. Но има и слабости. Прво, со една клима загреваш една просторија. Значи за другите простории треба или да чуваш отворени врати (и таму да биде поладно) или да ставиш клима и во тие простории. Ете да речеме за спалната не е некој проблем (за мене, за друг можеби е проблем), пошто се спие и на поладно (јас имам клима и во спалната, ама некогаш ме нервира звукот па ја гасам). Поголем проблем е загревање на WC-то. За туширање се снаоѓам со пуштање калорифер. Проблемот е за идење во тоалет. Кај мене седи подоотворена вратата па не ми е голем проблем, не е ладно. На некој друг ќе му смета ова.

Од ваков аспект, заради комфорот што се добива, решенијата за греење како тој на Кано се многу покомфорни. Имаш радијатори во секоја просторија, па и во тоалетот/бањата.
Кој може да си дозволи, нема да се заебе.

Е сега некој ќе каже ова истото го имам и со централно парно. Но тоа е врзување со договор за плаќање за навек, плус и сметките не се мали. Економичноста е различна секој корисник различно. Секој за себе си знае што му е важно. Но ако генерализрам, било што од набројаните опции е поисплатливо од централното греење. На годишно ниво, најскапо решение (од спомантиве) е централното греење. Кај централното греење предноста е што немаш голема почетна инвестиција, и плаќаш на рати, и не се замараш. Освен после 10  навечер кога го исклучуваат.  :D
(10 беше?)

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Да 10, освен ако не седиш железара...
Ако не е тајна, колку е една таква клима? Колку долго би работела според спецификациите. Кај обичните греачи параметрите се менуваат многу млку со тек на времето. Коефициентот би требало да е ист. Едини потрошен материјал е греачот ( околу 500 ден), али пошо сме со мало дете, зиме сметките се по 8к... Од друга страна како што гледав на назад низ темата инверторите се 2.000 еу подобрите ( од тие ефтините веќе имам за ладење) а за да грее секаде треба разно разни перипетии или отворени врати, што секако е далеку по не удобно него калорифер/панел/парно. Со индукционите греалки сум немал искуство, али не би требало да е коефициентот над 1:1 со тоа што топлината најверојатно е добро дистрибуирана.
Не сум пристрасник према ни едно греење, само не би потпишал пакт со ѓаволот (топлификација)
« Последно менување: 30 Мај 2017, 02:42:09 am Bicikle »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Ретко која клима е испод 2 ефикасност на -15 степени. Обично се над 2 повеќето па и најефтините.
Мицубишиво е 2.4 при полна оптеретеност, а на -10 е веќе 3.1 при полна оптеретеност. Како се намалува оптеретеноста кај инверторите расте ефикасноста. Затоа се пресметува SCOP кој е сезонски коефициент. Најефтините имаат околу 4scop , овие хиперинверториве 5.1, а некои екстремни и 5.8-6.2
Тоа значи во текот на една зимна сезона во average зона каде припаѓаме ние би дошло греењето со просечна ефикасност од 510%. Што е многу пристојна бројка. Со напредните тајмери ако исфорсирам од 5-7 сабајле на ефтина за да се набилда некој киловат на ефтина и да се зголеми cop на скапа би дошло уште некој процент повеќе или околу 550% во однос на електричен греач.

Зависи и од распоредот секако. Ама ако имаш вакво ултра ефикасно грејно тело логично е да се користи максимално за време на зимата за да се вброи неговата ефикасност.
За станови дали било 1000 за климата месечно или биле 5500 за панелки рецимо и не е страшно, ама кај поголеми објекти и куќи каде 5000 денари е со две клими на електрично парно е 28000. Тоа е солидна бројка.

Исто и парно може да е на воздушна топлинска пумпа. :) И тоа е опција.

П.с. ако несакаш еуровент тогаш имаш од самиот производител. Тошиба има многу детално за скоро секоја своја клима обработка. А и повеќето други имаат.
« Последно менување: 30 Мај 2017, 08:22:38 am Deni »

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Клабери, една основна работа да се разбереме.

Топлината од клима и од парно не е иста и никогаш нема да биде. Да не зборам за хигиена.
Дека е поекономично, да е. Дека е подобро решение за загревање, не е.


Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11811
  • Архитект
Ништо не разбираш allmigthy, сега Дени ќе ти објасни преку 14 линкови како се загрева со клима.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6993
  • Бенве сие бенве
Тоа е тоа!!!


Sent from my iPhone 7 using Tapatalk

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Ништо не разбираш allmigthy, сега Дени ќе ти објасни преку 14 линкови како се загрева со клима.
:D

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Информациите изнесени во темава се непроверени и паушални, истите се непроверени и во ранг на шпекулација. За конкретен совет во врска со греење обратете се кај стручни лица!!
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI

Се согласувам со Онак дека наспроти сите општи совети овде - лаик веројатно ќе згреши во работи како димензионирање на греењето ако сам го прави тоа, веројатно и во други аспекти. Совети од форуми не се замена за консултација со професионалец.



Да не зборам за хигиена.
Можеш да објасниш како греењето со клима не е „хигиенски“?   оО



Клабери, една основна работа да се разбереме.

Топлината од клима и од парно не е иста и никогаш нема да биде. Да не зборам за хигиена.
Дека е поекономично, да е. Дека е подобро решение за загревање, не е.

Всушност на топлинската енергија и е сеедно дали дошла од согорување на дрво, или е пренесена преку радијатор низ кој тече топла вода, или излегла од клима уред. Истата топлинска енергија е, просторот или е загреан или не е.

Ти веројатно зборуваш за комфорот, и чуството на убавина како на пример кога се грееш на огниште. Дали во тоалетот ти е еднакво топло како во дневната соба. Такви работи. И да, секако дека покомфорно е да се грее во сите простории еднакво, дури и во најмалите простории како тоалетот. Клима уредите не нудат таков комфор.

Ама економијата е друга приказна. Со цената на дрвата последниве години, дефакто најевтино греење сега е греење со клима уред. За решенијата кои работат на струја, од аспект на економичност нема блиска конкуренција на топлинските пумпи (климите). Неколку киловати топлина за сметка на еден киловат струја? Многу поекономично во споредба со еден киловат топлина за еден киловат струја (класични грејачи на струја).
Да, не е ист комфорот. Не е исто топло во сите соби (ако нема клими и таму). Не е исто топло во бањите и тоалетите (ако нема калорифер или радијатор на струја). Но потрошувачката е осетно помала.

Изгубениот комфор на греењето значи повеќе останати финансии за други комфори. Можеби поубав одмор годинава? Повеќе пари за разни потребштини, или можеби луксузи?

На крај се е некаков компромис.
Финансиите и буџетот се конечни. Идејата е човек сам да одлучи на што и како ќе ги распредели, од аспект на тоа што му е поважно во животот.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
На топлината и е сеедно како е создадена... Ама во просторот многу е различно од која позиција доаѓа топлината... ;) соодветно на тоа и пријатноста на човечкото тело...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4768
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
@onak има гаранција системов за греење?