Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 981949 пати)

Отсутен igor_xxxx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 440
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2235 на: 13 Февруари 2017, 12:24:57 pm »
Бидејќи сеуште со една нога сум решен да земам клими, ама ме кочат буквално истите работи што @osmica8 ги спомна, ме интересира како може да се избегнат, а да се оди со клима?

Најмногу што мене ми пречи се: струењето на воздухот, температурни разлики низ дневната и бучавата.... а да, и струењето на воздухот :)

Ќе постирам скица од станот што сакам да го спремам за греење, па ме интересира мислење на тие што се про клима и про радијаторско греење, според вас како би било најпаметно да се згрее, а да се елиминираат или значително намалат негативните страни од климите, што мислам и @onak ги спомна пред некој пост.

Станот е околу 75 квадрати, на 3 кат (најгоре), има комплет изолација и плоча над мене со изолација.Дневната е на југо-запад, другите соби на западна страна.Лепенка до мене имам друг стран, но е празен, а под мене има луѓе.Локацијата е Битола.Примарно сакам дневната (соба 1) и спалната (соба 3) да ги греам за почеток.Со X ми се означени според мое мислење локациите за клими.Црвениот квадрат ми е просторот каде што ќе се седи и под ниеден случај сакам да има струење на воздух и да се "осеќа" климата.

Дали на пример со монтажа на парапетна клима во локацијата од дневната би се намалиле овие работи со подеднакво загревање на просторот кај климите, или тешко?

Ако со клими не би било можно комплетно греење на станот, пак ќе речам пријатно греење блиску до радијаторско, кое друго решение би било економски исплатливо? Реално не барам најниски сметки (разумно сепак), повеќе ми треба решение со најмалце замарање и да имам без никаков проблем 22-24 степени кога сакам.

Пред некое време Luki мислам ми спомна дека Onak има некои системи што ги прави, па можеби и тоа би било можно ако се исплати.Друга варијанта може да биде како крајна пелети, ама тоа сега ич не сакам.


Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54808
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2236 на: 13 Февруари 2017, 12:44:52 pm »
Јас сум анти јаглен/дрво/пелети во населено место генерално.

Затоа што се работи за субјективни параметри, најдобро е да видиш во живо тоа што го бараш како е испроектирано кај други луѓе веќе и потоа да одлучиш дали ти се допаѓа. Ова топло ти препорачувам пред да ставаш било што. И најважно да ги согледаш и трошоците за инсталација и за потрошувачка на конкретните изведби.

Само згора на скицата треба да објасниш, дали под тебе се грее. Дали над тебе се грее, дали ѕидовте се со изолација и каква, дали е таванот изолиран и колку е висок, и какви се прозорите и вратите. Без тоа може само да се нагаѓа. А со точни параметри може и поточно да се пресмета. Најважно е да се изолира просторот колку е можно без разлика на кое греење ќе се избере.

Отсутен igor_xxxx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 440
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2237 на: 13 Февруари 2017, 13:50:30 pm »
Јас сум анти јаглен/дрво/пелети во населено место генерално.

Затоа што се работи за субјективни параметри, најдобро е да видиш во живо тоа што го бараш како е испроектирано кај други луѓе веќе и потоа да одлучиш дали ти се допаѓа. Ова топло ти препорачувам пред да ставаш било што. И најважно да ги согледаш и трошоците за инсталација и за потрошувачка на конкретните изведби.

Само згора на скицата треба да објасниш, дали под тебе се грее. Дали над тебе се грее, дали ѕидовте се со изолација и каква, дали е таванот изолиран и колку е висок, и какви се прозорите и вратите. Без тоа може само да се нагаѓа. А со точни параметри може и поточно да се пресмета. Најважно е да се изолира просторот колку е можно без разлика на кое греење ќе се избере.

Проблемот е што кај и да одам да видам, 99% сите имаат една 12ка или 18ка клима што растура од дување и иако е топло, не ми е пријатно.Знам дека ова е тотално субјективно, прв пат во живот размислувам да не се греам на парно и тешко оди навикнувањето.Ќе морам изгледа со некои фирми да се консултирам што проектираат вакви решенија.

За станот, пишав само од доле има луѓе што се греат, од сите други страни нема греење, плус последен спрат е.Изолација не знам технички што има, ама е нова зграда од пред 3-4 години со PVC и што ти ја знам, битно има.Исто и на таванот има плоча со изолација, висината не можам да ја најдам сега ама е "стандард", вратите се нови дихтува без проблем.Колку што проверив неколку пати околу прозорите добро изолирано е, не "дува" како што имам видено, мислам во тој поглед е ОК.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11708
  • Архитект
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2238 на: 13 Февруари 2017, 14:00:30 pm »
Види со производители што ќе ти понудат.

Даикин мислам дека има фен коил, парапетни.



Јас во еден стан што го гледав имаше вакво решение. Една голема единица на кров и 2 вакви парапетни. Еден во дневна/трпз другиот во спалната.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1530
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2239 на: 13 Февруари 2017, 15:00:45 pm »
Јас се греам исклучиво на клима. А подното е тука од старата инсталација, како и конвекторите кои се остаточна вредност. И секако се тука ако има дефект на климата. Иначе годинава немаше потреба да се палат ни едното ни другото. Ама тука се за недај боже. :)

А замисли да употребуваше енергија само 43 секунди коа ќе ја плаќаш сметката.
Без графикони, конвектори, подно, влечки, пењоари над џемперот и слично. Пошо те глеам опасен проектант си.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54808
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2240 на: 13 Февруари 2017, 15:06:01 pm »
Види со производители што ќе ти понудат.

Даикин мислам дека има фен коил, парапетни.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Јас во еден стан што го гледав имаше вакво решение. Една голема единица на кров и 2 вакви парапетни. Еден во дневна/трпз другиот во спалната.
И ѕирни си Eurovent сертификати, на што и да бираш. Добро е за да се добие комплетна слика за ефикасноста.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1759
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2241 на: 13 Февруари 2017, 16:00:01 pm »
Бидејќи сеуште со една нога сум решен да земам клими, ама ме кочат буквално истите работи што @osmica8 ги спомна, ме интересира како може да се избегнат, а да се оди со клима?

Најмногу што мене ми пречи се: струењето на воздухот, температурни разлики низ дневната и бучавата.... а да, и струењето на воздухот :)

Игор пред да се одлучиш на кој начин ќе се грееш треба да одредиш дали ќе грееш дел од станот или цел стан. Ти за почеток сакаш да грееш само две соби. Претпоставувам понатака ќе дојде момент (а ќе дојде кога тогаш) кога ќе сакаш и цел стан да го грееш. Ако е така треба сега да донесеш правилна одлука. Со клима т.е инвертери ќе ти биде топло само во собите каде што ги користиш. Верувај дека ќе се навикнеш на струењето на воздухот и на бучавата (субјективно). Температурните разлики освен во собите каде грееш се осеќаат и надвор од нив. Ходниците и купатилото ќе ти се ладни. Ќе оториш врата од соба одма влегува ладен воздух. Во купатило со зимска опрема треба да одиш :). Ќе треба да користиш дополнително панелка за догревање или нешто слично. Тоа ти е плус пари во сметката за струја.

Мој совет ти е доколку буџетот за греење не ти е голем проблем да избереш радијаторско топловодно греење. Секаде низ цел стан ќе имаш иста температура и ефектот на топло-ладно ќе го нема кога ќе отвараш врати. Во купатило со летна опрема се оди :). Дали ќе избереш на дрва, пелети и слично не ти се мешам. Доколку буџетот за греење ама баш не ти претставува никаков проблем тогаш препорака од мене за радијаторско топловодно греење на струја. Нема никакво замарање околу тоа. Ете го имаш членот онак т.е Кано па можеш и со него да се консултираш. Да не испадне дека го форсирам него имаш и слични опции на друг форум.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10893
  • 430i
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2242 на: 13 Февруари 2017, 16:56:40 pm »
Температурните разлики освен во собите каде грееш се осеќаат и надвор од нив. Ходниците и купатилото ќе ти се ладни. Ќе оториш врата од соба одма влегува ладен воздух.

а разликата од температура може да доведе до оросување на најодалечените ѕидови/ќошиња и појава на мувла, поготово позади плакар, комода итн...

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5231
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2243 на: 13 Февруари 2017, 17:08:20 pm »
Никој не го праша едно од најважните прашања - колкав му е буџетот. :)

Отсутен зоки-златен

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6909
  • хаУс мајстор
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2244 на: 13 Февруари 2017, 17:54:22 pm »
Кoлкaв и дa му е буџетoт, aкo требa ќе се стисне мaлце. Не е чешмa дa стaви, пa зa 5 гoдини дa јa смени.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54808
  • Махер
Температурните разлики освен во собите каде грееш се осеќаат и надвор од нив. Ходниците и купатилото ќе ти се ладни. Ќе оториш врата од соба одма влегува ладен воздух.

а разликата од температура може да доведе до оросување на најодалечените ѕидови/ќошиња и појава на мувла, поготово позади плакар, комода итн...
Со парно имавме таков проблем во WCто и во една од собите. И влажноста во собите беше 85%. Сега со климиве немаме таков проблем со мувла и влажноста ни е многу подобрена на околу 60%.
Баш еве годинава проверувавме вакви разлики.

А вратите се секогаш отворени и се е топло. Не затвараме врати.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5231
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2246 на: 13 Февруари 2017, 18:22:24 pm »
Кoлкaв и дa му е буџетoт, aкo требa ќе се стисне мaлце. Не е чешмa дa стaви, пa зa 5 гoдини дa јa смени.
Има големи разлики во инвестицијата. Некои од предложените опции, како топлотна пумпа со фенкојлери се многу поскапи од други опции, како на пример пар инвертер клими. А и покрај разликите во пари, и двете опции греат со дување топол воздух и слично ефикасно.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54808
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2247 на: 13 Февруари 2017, 19:14:57 pm »
Особено ако се клима уреди со парапетни единици, нема апсолутно никаква разлика.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8821
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2248 на: 13 Февруари 2017, 20:06:40 pm »
Мене најубаво ми е со централно(парно греење) преносот на топлина е најдобар, си греат нон стоп освен навечер ама тоа не го сметам за недостаток.

Доколку парното е добро и има разумна цена е најдобра варијанта според мене, ама треба и државата да ги контролира добро. Ако има проблем да дојде брзо а не по 5-6 саати да чекаш. Да биде греењето рамномерно и стварно да ги пратат надвор условите.

Јас сум имал ситуации надвор -15 дома 25.
Надвор 10 дома 20.

Бидејки го нема тоа лугево масовно се исклучени и си бараат други варијанти

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1508
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2249 на: 14 Февруари 2017, 16:27:36 pm »
http://telma.com.mk/vesti/gama-go-sanirashe-defektot-na-cevkata-za-gas-koja-beshe-probushena

ГАМА го санираше дефектот на главната цевка за гас која вчера беше пробушена на плац близу универзитетот ФОН. По 24 часа од инцидентот 10 тината големи потрошувачи добија гас, меѓу кои и скопска пивара, фабриката за чоколади Европа,  Алкалоид, Комуна. Од гасоводниот систем ГАМА велат дека поради сериозноста на инцидентот мораше да се затвори целата мрежа која го напојува овој дел од Скопје.

Ако има гасовод до сите тие фирми, и поминува низ Близнак мостот, зошто да нема во околните згради?!? Или големите фабрики да не плаќаат струја, ама народот богат нека си плаќа скапа струја