Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1199699 пати)

Отсутен koce1102

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1554
Одг:
« Одговори #2115 на: 29 Јануари 2017, 11:14:53 am »
Некој да каже спас за замрзната надворешна единица ??? Има насобрано мраз на просторот меѓу климата и ѕидот. Има некој начин да се среди или и заврши сезоната?

Sent from my SM-G935F using Tapatalk


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2116 на: 29 Јануари 2017, 11:41:29 am »
Дали е многу стара и не прави добро дефрост? Нема спас. Нова инвертор со греач на тацна, или некоја многу квалитетна која ќе знае сама да го топи целиот мраз.

Ако е понова со добар дефрост тогаш би требало да ја упалиш и сама да си го стопи тоа по некоја логика.
Тоа е за ако има мраз на/до/врз изменувачот. Тој дел си го решава самата клима.

А ако има мраз на тацната доле, и од таму оди проблемот тогаш е друго.
Дали имаш цревце за одвод на водата од надворешната единица кое е сега замрзнато? Тоа мрзне и после и внатре нема кај да тече кондензацијата и мрзне уште повеќе.
Спас е да се извади цревцето.
Да се купи клима со греач на тацна.

Да се достави греач на тацна на старата клима.
http://www.eko-klimaservis.rs/index.php/ugradnja-grejaca-za-klimu-do-15c.html
http://www.klimauredjaji.co.rs/ugradnja-dodatnih-grejaca-na-klima-uredjaje/
http://www.polacene.rs/ponuda/5095/Ugradnja-grejaca-na-klima-uredjaju/

Само ретко кој го прави ова кај нас или бараат 7000 денари, што е нереална цена.

Јас имам една постара која сакам да поекспериментирам дали можам да ја оправам, и она собира мраз доле заради немање греач на тацна. И се распрашував за фирма која монтира, ама многу слабо нема никој. Па си земав едно вакво и ќе му слислам нешто. Планирам одоздола да го залепам на тацната без отварање на клима, и да му ставам термостатче на 20 степена да ја држи тацната. Ама дур стигне ќе помине некој месец. Ама тоа е со нарачки.
http://www.ebay.com/itm/Engine-Oil-Pan-Sump-Tank-Heater-220-240V-250W-Protection-Reduce-Wear-EUR-Plug-/321961311307?hash=item4af663bc4b:g:qAwAAOSwo3pWgkCy&vxp=mtr

Имаш и со вградено термостатче под 0 да си се пали сам. Само го лепиш одоздола, и си брка работа само кога е под 0 температурата. Ако го залепиш самото термостатче за тацната доле кога ќе го згрее над 0 тацничето ќе изгаси и греачот. И тоа е фино, само е поскапо.
http://www.ebay.com/itm/5-5-X-8-5-60W-240V-KEENOVO-Battery-Heater-Pad-w-2m-Cord-0-Deg-C-Thermostat-/271761232220?hash=item3f463b515c:g:GGsAAOSw2s1Uzjgf

Aко сакаш да ја отвараш климата, и ти е на пристапно место можеш и ова да и го ставиш. Ама тоа откога ќе се одмрзне, значи за следна зима.
http://www.ebay.com/itm/Heating-Cable-Frost-Protection-Heater-Water-pipes-Anti-Freeze-1-10m-220V-NEW-moo-/152317543153?var=&hash=item2376d542f1:m:mMZQnK3sWURen2e0wcSAEBA

A имаш и такво со сензорче исто да си се пали по потреба само. Ако ја отвараш климата.
http://www.ebay.com/itm/Heating-Cable-Frost-Protection-Heater-Sensor-Water-pipes-Anti-Freeze-1-5m-220v-/142181949919?var=&hash=item211ab461df:m:m9JsZcJIW02I55XVS98iH2w

Само рачунај овие решенија се за ако ледот е на тацната и се за затнува одводот и се прави санта мраз. Ако е на самиот изменувач лрдот ова нема да помогне.

П.С. Најефтини клими кои се со греач на тацна се:
https://klimi.mk/product.php?id=118
https://klimi.mk/product.php?id=106
Ако случајно сакаш да бараш нови, па да не се мачиш. Испод ова нема, да знаеш.
« Последно менување: 29 Јануари 2017, 11:50:32 am Deni »

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2117 на: 29 Јануари 2017, 11:54:13 am »
сте израчунале колку троши клима со греач? зборам у пари потрошена струја на саат?
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг:
« Одговори #2118 на: 29 Јануари 2017, 12:00:45 pm »
Да. Исто колку нормална клима само плус 60-110w кога работи топачот на лед.
Значи плус 50-200 денари месечно зависно од времето.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3298
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2119 на: 29 Јануари 2017, 12:37:48 pm »
Коце, пишти ја климата да лади како што ја пушташ во лето. Ќе го стопи цел мраз во надворешната единица за 15-20 минути.
Пробано как мене пред некој ден. Климата фуче сега.

Отсутен koce1102

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1554
Коце, пишти ја климата да лади како што ја пушташ во лето. Ќе го стопи цел мраз во надворешната единица за 15-20 минути.
Пробано как мене пред некој ден. Климата фуче сега.
Probano - ostaveno 2h i nisto = Mnogu slab efekt od toa , malce e razmrznao ama ne e toa so se bara
90% zamrznato e toa odozdole i mrazot se siri nagore.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3298
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2121 на: 29 Јануари 2017, 14:20:11 pm »
Може да ставиш слики од замрзнатата клима за да видиме каква е реалната ситуација?

Отсутен koce1102

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1554
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2122 на: 29 Јануари 2017, 14:27:02 pm »
Slika zamrznata klima part 1

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2123 на: 29 Јануари 2017, 14:35:27 pm »
Изменувачот ти е чист, ете го горе стакло е. Само не ти се цеди водата од надворешната единица. Затоа се собира на долниот дел.

Ти треба некој вид на решение кое ќе го топи мразот (односно нема да дава да се оформи мраз) на тацната. Нешто како оние што ти ги споменав претходно. Мора некој да ја подгрева тацната над 0 степени. А за моментално можеш да му викнеш со индустриски фен - таман дур е денес ефтина стурја. :)

Пуштањето да лади нема да има голем ефект на овој вид на замрзнување зошто не е мразот врз изменувачот туку на тацната.

П.С. Ако не ти прави проблем и перката не удира во мразов, немај гајле пушти си ја нека работи. Ништо нема да и стане. Таман веќе е над 0 степени надвор и деновиве би требало малку од малку да попушти времево.
« Последно менување: 29 Јануари 2017, 14:44:50 pm Deni »

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2124 на: 29 Јануари 2017, 17:58:35 pm »
Обична клима не е наменета за греење ако компресорот не е заштитен од напорни надворешни влијанија ( јак ветер, снег, мраз ).

Затоа постојат инвертери.

Работава испаѓа, бензин кола па акни и плин нека врти.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2125 на: 29 Јануари 2017, 18:15:25 pm »
Изменувачот ти е чист, ете го горе стакло е. Само не ти се цеди водата од надворешната единица. Затоа се собира на долниот дел.

Ти треба некој вид на решение кое ќе го топи мразот (односно нема да дава да се оформи мраз) на тацната. Нешто како оние што ти ги споменав претходно. Мора некој да ја подгрева тацната над 0 степени. А за моментално можеш да му викнеш со индустриски фен - таман дур е денес ефтина стурја. :)

Пуштањето да лади нема да има голем ефект на овој вид на замрзнување зошто не е мразот врз изменувачот туку на тацната.

П.С. Ако не ти прави проблем и перката не удира во мразов, немај гајле пушти си ја нека работи. Ништо нема да и стане. Таман веќе е над 0 степени надвор и деновиве би требало малку од малку да попушти времево.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

појма немаш што збориш... ги лупеташ истите работи што и на кајгана ги лупетаат одредени "стручни" лица, кои за разлика од тебе, мислењата ги ПРЕВЕДУВААТ од некои странски алапача и фемина форуми. дури не си се ни потрудил нови слики да најдеш... турањето на греач ВО куќиштето, па поготово онака наместен, скоро па ништо како позитивен ефект, а потрошувачката не е баш 60-110 вати, значи и тиа не е баш точно.

мразот на ладилникот ИТЕКАКО пречи на работата (уште едена твоја ископирана грешка) на компресорот како и неговите перформанси кои знаат да паднат вака и до една четвртина од она што може да го ослободи како топлинска енергија, за потрошената струја (значи три четвртини губиток)... ставање греач во тацната дното на куќиштето со сливник, ќе го топи мразот само во него, но не и на ладилникот-изменувачот. за да тој се одмрзне, може како што некој пиша претходно, на греење да ја тури климата, за 10-15 мун ќе се одмрзне... НО... главниот проблем зашто воопшто замрзнала овака е затоа што или фали фреон, или компресорот веќе е на "пола копје" со перформанси...
Обична клима не е наменета за греење ако компресорот не е заштитен од напорни надворешни влијанија ( јак ветер, снег, мраз ).

Затоа постојат инвертери.

Работава испаѓа, бензин кола па акни и плин нека врти.
ниедна клима не и е правилно да работи на греење... за било која клима, на греење да еаботи е измачување и ненормално многу абење на сите нејзини елементи, секогаш кога се пушта да работи на температури под 0 степени.... но инвертор технологијата е нешто сосема друго, а не за да биде климата добра на греење. со инвертор технологијата е отидено мал чекор кон поекономична клима... да не се лажеме за тоа дека е за да работи на пониски температури, затоа што и по квалитетните клими обични, работат и на пониски температури... имам панасоник 2,5 кој на -23 пред некој ден кога толку беше ладно тука, го вклучив и тргна со греење, стара е околу 17 години... имам вивакс 5,5 исто тогаш го вклучив и почна да си грее.. во викендица (на шарпланина горе, високо) една самсунг од 3,5 (11 години) и една кериер (42-ра година тера, призведена е 1974-та) на -29 ги вклучив и тргнаа со греење. на самсунгот му рикна кондензаторот, го.сменив и ете си работи... ама моите клими се секогаш ТОП наполнети со фреон и секогаш одржавани.. да не речам по 2 пати годишно го проверувам фреонот и притисоците... не се греам со клими, тоа ми е ултимејт тестот за нив. ако на тие температури тргнат, ондак ми се во топ кондиција, плус препорачливо е максимум на 30 дена да се вклучу климата и да поработи барем 15-тина минути, исто и за климите во колите важи... друг пат ќе објаснувам зашто е препорачливо...

да повторам.. се лажеме ако кажеме дека инвертор технологијата е наменет за клими што греат... фрижидерот мој има инвертор компресор, па е фрижидер, а не шпорет. ама затоа има А+++ ознака на него... со инвертор компресорите (и соодветна електроника нели) се постигнува поголема економија, и ништо повеќе...
« Последно менување: 29 Јануари 2017, 18:30:09 pm onak »
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг:
« Одговори #2126 на: 29 Јануари 2017, 18:29:05 pm »
Него му замрзнало зошто цревцето што му оди кон олук му замрзнало. Или одводот на кондензат под климата. Останатиот кондензат нема кај да оди и се претвора во мраз во долниот дел на климата.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2127 на: 29 Јануари 2017, 18:32:30 pm »
Него му замрзнало зошто цревцето што му оди кон олук му замрзнало. Или одводот на кондензат под климата. Останатиот кондензат нема кај да оди и се претвора во мраз во долниот дел на климата.

ако не ти се гледа убаво, отвори ја цела слика и види дека климата НЕ е само во долниот дел замрзната туку скоро па цел хладљак-изменувач е замрзнат... еден убав дел е ГОРЕ замрзнат, а таму нема баш што да истекува... да не речам 4/5 (четири петини) од хладњакот му е смрзнат... не е баш доле тоа... скоро ич...

и те молам, прекини да делиш грешни совети на луѓето.. не за друго, ќе те свати некој сериозно па ќе напрви глупост некоја... држи се до оназа кое си ти стручен, а и ја сум сведок за твојата висока стручност со сликање и фотографија...  впрочем, цел форум е сведок за тоа... држи се до тоа, не наведувај луѓе на грешни информации и заклучоци, за кои не си ни свесен дека ги правиш...

поздрав..
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен koce1102

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1554
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2128 на: 29 Јануари 2017, 18:36:29 pm »
НО... главниот проблем зашто воопшто замрзнала овака е затоа што или фали фреон, или компресорот веќе е на "пола копје" со перформанси...

Ја подзачистив климата и видов дека мразот е проширен на задниот дел од н.еденица бидејќи капи вода баш на тој дел.
+ тоа изгледа е замрзнат и изливот на вода што е поврзан со буката и доаѓа до моментот на сликата.
Дали е до фреон или пола копје незнам. Нека се стопли и ке викнам сервис да видат дали има некој проблем.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2129 на: 29 Јануари 2017, 18:38:28 pm »
ти реков... тури ја на ладење 10-15 мин, се ќе се одмрзне... стисни на даљинското на нај ниска температура (16 е кај повеќето) и вклучи да лади... излези надвор и гледај ја како се растопува самата...

п.с.. прашање.. каменот нај горе зашто ти е забиен во хладњакот? заради бучава или...?
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време