Изменувачот ти е чист, ете го горе стакло е. Само не ти се цеди водата од надворешната единица. Затоа се собира на долниот дел.
Ти треба некој вид на решение кое ќе го топи мразот (односно нема да дава да се оформи мраз) на тацната. Нешто како оние што ти ги споменав претходно. Мора некој да ја подгрева тацната над 0 степени. А за моментално можеш да му викнеш со индустриски фен - таман дур е денес ефтина стурја. 
Пуштањето да лади нема да има голем ефект на овој вид на замрзнување зошто не е мразот врз изменувачот туку на тацната.
П.С. Ако не ти прави проблем и перката не удира во мразов, немај гајле пушти си ја нека работи. Ништо нема да и стане. Таман веќе е над 0 степени надвор и деновиве би требало малку од малку да попушти времево.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
појма немаш што збориш... ги лупеташ истите работи што и на кајгана ги лупетаат одредени "стручни" лица, кои за разлика од тебе, мислењата ги ПРЕВЕДУВААТ од некои странски алапача и фемина форуми. дури не си се ни потрудил нови слики да најдеш... турањето на греач ВО куќиштето, па поготово онака наместен, скоро па ништо како позитивен ефект, а потрошувачката не е баш 60-110 вати, значи и тиа не е баш точно.
мразот на ладилникот ИТЕКАКО пречи на работата (уште едена твоја ископирана грешка) на компресорот како и неговите перформанси кои знаат да паднат вака и до една четвртина од она што може да го ослободи како топлинска енергија, за потрошената струја (значи три четвртини губиток)... ставање греач во
тацната дното на куќиштето со сливник, ќе го топи мразот само во него, но не и на ладилникот-изменувачот. за да тој се одмрзне, може како што некој пиша претходно, на греење да ја тури климата, за 10-15 мун ќе се одмрзне... НО... главниот проблем зашто воопшто замрзнала овака е затоа што или фали фреон, или компресорот веќе е на "пола копје" со перформанси...
Обична клима не е наменета за греење ако компресорот не е заштитен од напорни надворешни влијанија ( јак ветер, снег, мраз ).
Затоа постојат инвертери.
Работава испаѓа, бензин кола па акни и плин нека врти.
ниедна клима не и е правилно да работи на греење... за било која клима, на греење да еаботи е измачување и ненормално многу абење на сите нејзини елементи, секогаш кога се пушта да работи на температури под 0 степени.... но инвертор технологијата е нешто сосема друго, а не за да биде климата добра на греење. со инвертор технологијата е отидено мал чекор кон поекономична клима... да не се лажеме за тоа дека е за да работи на пониски температури, затоа што и по квалитетните клими обични, работат и на пониски температури... имам панасоник 2,5 кој на -23 пред некој ден кога толку беше ладно тука, го вклучив и тргна со греење, стара е околу 17 години... имам вивакс 5,5 исто тогаш го вклучив и почна да си грее.. во викендица (на шарпланина горе, високо) една самсунг од 3,5 (11 години) и една кериер (42-ра година тера, призведена е 1974-та) на -29 ги вклучив и тргнаа со греење. на самсунгот му рикна кондензаторот, го.сменив и ете си работи... ама моите клими се секогаш ТОП наполнети со фреон и секогаш одржавани.. да не речам по 2 пати годишно го проверувам фреонот и притисоците... не се греам со клими, тоа ми е ултимејт тестот за нив. ако на тие температури тргнат, ондак ми се во топ кондиција, плус препорачливо е максимум на 30 дена да се вклучу климата и да поработи барем 15-тина минути, исто и за климите во колите важи... друг пат ќе објаснувам зашто е препорачливо...
да повторам.. се лажеме ако кажеме дека инвертор технологијата е наменет за клими што греат... фрижидерот мој има инвертор компресор, па е фрижидер, а не шпорет. ама затоа има А+++ ознака на него... со инвертор компресорите (и соодветна електроника нели) се постигнува поголема економија, и ништо повеќе...