Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 981898 пати)

Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2025 на: 11 Јануари 2017, 22:17:37 pm »
вода-вода системот секогаш си работи со полн капацитет, ни мрзне во зима, ни прегрева во лето:)

Фреон па уште помалку може да замрзне или „прегрее“!   :D


Мала шала.  ;D
Абе бегај, ова инвертеров самсунг што го имам на температури под -5 едвај грее и повеќе време се одмрзнува (замрзнатата надворешна единица) него што грее, ебати климата :D
За климите се сложувам, најисплатливи делуваат за луѓето.
Подното е убава работа за купатило и ходник и ништо повеќе. Подно со температура на вода од 30 степени нема да загрее просторија без дополнителни грејни тела...

Воздух-вода и вода-вода имаат слична примена  (а тоа е во поголеми објекти), е сега некои имаат место во двор па си ставаат воздух-вода, други пак имаат внатрешен простор во објектот па си ставаат вода-вода систем.

Banzai тоа со каналите се повеќе за вентилација(довод на свеж, а одведување на отпаден воздух). Oд нив излегува воздух со температура околу 20-23 степени, колку да биде пријатно да не те утепа ладен воздух. А за греење фенкојлери, радијатоир или клима треба :)

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9999
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2026 на: 11 Јануари 2017, 22:35:21 pm »
Другари имаат цел стан решен со подно греење и канали за дополнително греење и ладење. Нова година славев кај нив, само подното пуштено, по кратки седевме внатре. Секако се работи за врвни системи и проектирани за станот од инжинери кои имаат искуство, не приучени некои монтери. Цената не ја знам, али занемарете ја во случајов, зборам за идеално решение во однос на комфор и удобност.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20594
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2027 на: 11 Јануари 2017, 22:38:03 pm »
Препорака за мерач на влажност на воздух?
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5231
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2028 на: 11 Јануари 2017, 22:50:48 pm »
Абе бегај, ова инвертеров самсунг што го имам на температури под -5 едвај грее и повеќе време се одмрзнува (замрзнатата надворешна единица) него што грее, ебати климата :D
И сеа според твојот ќумур Самсунг ќе ги рамњаме сите клими? :)
Погоре Сале напиша дека Бекото негово (обична он-оф, неинвертор) добро грее до -5. Еве ја мојава Тошиба на -20 грее. 25с е внатре, моментално гледам 822вати влече напон. Колку сакаш примери има за клими кои греат и загреваат на минусни температури.


Подното е убава работа за купатило и ходник и ништо повеќе. Подно со температура на вода од 30 степени нема да загрее просторија без дополнителни грејни тела...
Глупости пишуваш. На подно греење не му требаат ни 30 степени за да ја загрее просторијата. 30 е премногу.

Еве го прв/втор линк од гугл, ако побараш ќе најдеш слични информации на многу места:
https://www.concretenetwork.com/radiant-floor-heating/questions.html
Цитат
Can the floor get too hot?

Radiant floor heating produces room temperatures very close to ideal: about 75 F at floor level, declining to 68 F at eye level...
Инаку:
75 F = 23.8889 Celsius
68 F = 20 Celsius
Значо подно греење со 24 степени вода, прави 20 степени температура на висина на глава. Ова го рачунаат за оптимално пријатно и здраво. На ногите не ти е ладно, застанат горе е 20с, а седнат си на 20 и нешто.

Сакаш потопло?
Бапни ја водата на 28 и ќе имаш на 24-25 степени на метар и 80 висина. На метар висина или пониско (висина на седење на кауч/стол) и потопло ќе биде од 24-25 с.


Ако климиве кои загреваат воздух до 50 и нешто, имаат СОР од 3~4, и сите сме импресионирани... Можеш да претпоставиш колкав СОР фактор имаат климите кои загреваат (вода) до 24~25 степени?   :)

Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2029 на: 11 Јануари 2017, 23:06:22 pm »
Другари имаат цел стан решен со подно греење и канали за дополнително греење и ладење. Нова година славев кај нив, само подното пуштено, по кратки седевме внатре. Секако се работи за врвни системи и проектирани за станот од инжинери кои имаат искуство, не приучени некои монтери. Цената не ја знам, али занемарете ја во случајов, зборам за идеално решение во однос на комфор и удобност.
Која фирма им ги проектирала и изведувала знаеш?
Бидејќи и фирмата во која работам проектира и изведува системи за греење ладење, па никогаш до сега не сме вградиле систем само со вентилација и подно.
А не дека неможе...шибни доволно јак изменувач во системот за вентилација и готово, ама ретко кај имаме вградени такви системи ;D Најчесто вградуваме канален систем за вентилација со изменувач кој постигнува пријатна температура за дување од 20-23 степени и дополнителни единици за греење.

Абе ван знам јас добро дека тошибата, даикинот, кериерот и останати клими (донекаде) добро си ја вршат работата на минусни температури, ама има и такви кои не си ја вршат...

А за подно со 24 степени вода да ти загрее просторија на -15 треба да имаш идеална изолација.
Еве во академија вардар во соблекувалните оваа зима пуштивме само подно со температура на водата од 30 степени, абе од 18 степени не мрда температурата(зборам на дневни температури од -5 до -10) или колку и да беа деновиве.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43407
  • Il Moderatore
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2030 на: 11 Јануари 2017, 23:08:51 pm »
Препорака за мерач на влажност на воздух?
Било кој дигитален хигрометар...? Или аналоген? Не ти треба којзнае колку прецизен, освен ако не праиш хумидор за пури. ;) Башка, има лесни начини за калибрација или оценување на прецизноста.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20594
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2031 на: 11 Јануари 2017, 23:11:28 pm »
Препорака за мерач на влажност на воздух?
Било кој дигитален хигрометар...? Или аналоген? Не ти треба којзнае колку прецизен, освен ако не праиш хумидор за пури. ;) Башка, има лесни начини за калибрација или оценување на прецизноста.

Не знам, било кој што ќе покажува колку толку точно... Ептен ни се суши воздухот со радијаториве, а земавме навлажнувач, па онака, да имаме претстава шо како...
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9999
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2032 на: 11 Јануари 2017, 23:18:54 pm »
Другари имаат цел стан решен со подно греење и канали за дополнително греење и ладење. Нова година славев кај нив, само подното пуштено, по кратки седевме внатре. Секако се работи за врвни системи и проектирани за станот од инжинери кои имаат искуство, не приучени некои монтери. Цената не ја знам, али занемарете ја во случајов, зборам за идеално решение во однос на комфор и удобност.
Која фирма им ги проектирала и изведувала знаеш?
Бидејќи и фирмата во која работам проектира и изведува системи за греење ладење, па никогаш до сега не сме вградиле систем само со вентилација и подно.
А не дека неможе...шибни доволно јак изменувач во системот за вентилација и готово, ама ретко кај имаме вградени такви системи ;D Најчесто вградуваме канален систем за вентилација со изменувач кој постигнува пријатна температура за дување од 20-23 степени и дополнителни единици за греење.

Абе ван знам јас добро дека тошибата, даикинот, кериерот и останати клими (донекаде) добро си ја вршат работата на минусни температури, ама има и такви кои не си ја вршат...

А за подно со 24 степени вода да ти загрее просторија на -15 треба да имаш идеална изолација.
Еве во академија вардар во соблекувалните оваа зима пуштивме само подно со температура на водата од 30 степени, абе од 18 степени не мрда температурата(зборам на дневни температури од -5 до -10) или колку и да беа деновиве.

www.aircon.com.mk
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3965
  • MadaFunker
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2033 на: 11 Јануари 2017, 23:19:36 pm »
Штрумф ја си порачав од кај чика Али треба да стаса кај да е, па ке видиме што и како ке мери :)
New blood of old school

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5231
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2034 на: 12 Јануари 2017, 00:20:29 am »
А за подно со 24 степени вода да ти загрее просторија на -15 треба да имаш идеална изолација.
Еве во академија вардар во соблекувалните оваа зима пуштивме само подно со температура на водата од 30 степени, абе од 18 степени не мрда температурата(зборам на дневни температури од -5 до -10) или колку и да беа деновиве.

Нормално дека на објектот треба изолација. Не идеална, ама соодветна. Плус и подното, хидроничката инсталација треба погусто да биде поставена.

Ако е ретка, значи помала површина за изменување топлинска енергија. Значи штом изменувачот е помал, треба повисока температура на водата за во просторијата да ја достигнеш посакуваната температура. Физика, термодинамика поконкретно.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10893
  • 430i
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2035 на: 12 Јануари 2017, 12:56:52 pm »
јас екселче си направив, ама сеуште не е меродавно, на крај на грејна сезона ќе го шернам

грубо, за месец октомври:

- вкупно време на греење: 90 часа 30 минути
- просечно време на греење на ден: 3 часа 37 минути
- вкупен трошок за пелети: 2.184 ден.
- просечен трошок дневно за пелети: 87 ден.

Декември беше померодавен месец:

- вкупно време на греење: 353 часа 30 минути
- просечно време на греење на ден: 12 часа 37 минути
- вкупен трошок за пелети: 6.970 ден.
- просечен трошок дневно за пелети: 249 ден.
- трошок на час: 19.73 ден.
- вкупно потрошени 615 кг пелети

(96м2 куќа, без сосед, Рехау прозори, 36-ка ѕид + стиропор изолација, високи тавани, без изолација на таван)




Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13601
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2036 на: 12 Јануари 2017, 13:44:17 pm »
Претпоставувам ти е врзана цела куќа со радијатори. Ако е така 96 квадрати, 12,5 саати греење, 7000 , не е така лошо.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54808
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2037 на: 12 Јануари 2017, 14:52:39 pm »
Споредба на врвните понуди, ќе му се најде на некого некогаш.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8067
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2038 на: 12 Јануари 2017, 14:58:39 pm »
Претпоставувам ти е врзана цела куќа со радијатори. Ако е така 96 квадрати, 12,5 саати греење, 7000 , не е така лошо.
За 24 часа греење со мали деца излегува солено.

6 кубици дрва за 2 месеца ги изгорев + климата не е угасена и не сме постигнале ни 21 степен дома. Ептен евтино поминувам :(
Сега докупив брикети. Чудото е одлично, штета што дадов пари за дрва...

Струјата е сеуште број еден за мене ако во меѓувреме плинот не ме предомисли.
Гледам проточни бољери на плин. Може ли тоа чудо да тера некој радијатор или ме лаже умот?

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4966
  • The Spartan General
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2039 на: 12 Јануари 2017, 15:01:59 pm »
...

Абе Кано системот ти треба на тебе. :-)

Може. Многу системи за централно има кои се на плин (индивидуални за стан/куќа). Во претходниот стан кадешто живеев имаше такво греење.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.