Технологијата е таа. Само изведбата е различна.
Сепак едвај се одвикнуваме од цепење дрва во сред град. А добрите клими се вовед во светот на ефикасно и ефтино греење. Затоа се толку важни. Дозволуваат да дишеме почист воздух, и за ефтини пари секој да може да си приушти скоро бесплатно греење во месецот.
А здравје понатаму откога ќе увидиш која е поентата. И што значи зборот инвестиција, лесно се оди нагоре. И најважно никогаш повеќе надоле.
Повелете линк за Мидеа во Македонија.
http://www.ekoenergis.mk/mk/energetska-efikasnost
Иначе јас мислам дека централизирани системи за греење/ладење со топлотни пумпи се најкултурна и најефтина варијанта, сеедно дали за куќа или стан. Но заради нашиот стандард и нашите штедливи инвеститори ставаме клими по соби кои личат на чирови, па 5 далечински стискај, па надвор 5 чирови на фасада итн итн.
Ако додека градиш нешто ставиш навремено воошто не е до „стандардот“. Туку е до неинформираност, и поедноставување на системот. Едно парно за куќа ќе фати околу 5000 евра, а систем со топлинска пумпа ќе фати 6-7000 евра. Сосе сметките за првите 3 години првиот систем е рецимо 10000, а вториот 9000 евра. Така да не е работата до „парите“. Работата е до сфаќањата кои се сеуште на ниво на цепење и пелети, особено кај повозрасни особи или кај народ со застарени сфаќања. Напротив, не само што не е до пари, туку е и поефтино.