Фала богу некој да направи и да ја објасни разликата помеѓу клима од 20,30 и 60.000 денари и COP на 7°C, 0°C и на -10°C.
Тоа е се така како што напиша, ама дали земаш во обзир колку такви денови на -10°C имаме годишно во Македонија?
Да не ме разбереш само дека не ми се допаѓа Мицибуши. Напротив. Но главната предност на климите како Мици за нас овде, не е СОР факторот на -10, туку штедливоста, ефикасноста, и квалитетот на изработка.
Како за пример, ете ја Тошибата освен ако не пуштам hi-power мод не иде изнад 800-900 вати потрошувачка (а загрева на зададената температура). За разлика, Gree-то во другата соба (дупло помала) не симна потрошувачка под 1500 вати откако фатија ладовиве.
Арно ама заради ниската цена Gree-то ќе си ја извади цената за неколку години побрзо од Тошибата која иако е поштедлива во потрошувачка, има солидно повисока цена а овде кај нас цената на струјата е релативно ниска во однос на европските цени на струјата, додека цените на климите ни се повисоки од европските цени за истите клими. Ете во Грција се значајно поевтини климите (доста луѓе си купија од таму), посебно брендовите како Фуџитсу кои таму ги продаваат повеќе десетици продавачи а овде само кај Хидросет (и некоја мала фирма од источна Македонија, која увезува од Бугарија).
Епа зошто се поскапи со 7,000 денари Gree ако се ребрендирани ? ( освен фактот дека ај може се мааалку подобри )
Аман, како е можно сеуште да не разбираш?

Сега Вивакс не препродава Gree, сега препродава поевтини (и полоши) клими и затоа има поевтини цени. Сега Вивакс препродаваат Мидеа кои им се најскапите модели, а за поевтините модели лупаат рандом клими кои им се најевтини во моментот.
Порано Вивакс беа добар избор за тие што знаеја кој модел е ремаркиран Gree. Повеќе избор и повеќе продавачи е добра работа - ги симнува цените надолу.
Денес Вивакс не се добар избор, зошто истата Мидеа можеш да ја купиш за поевтино. Или би можел, кога некој би ги увезувал овде... Мидеите би коштале некои 25% поевтино од Gree и за парите не би биле лош избор. За разлика од 10тина проценти (колку што сегашните Вивакси се поевтини) Gree е подобар избор.
За да не се заебеш со Вивакс, треба многу внимателно да истражиш дали моделот што би го купил е Мидеа или некое ѓубре. Зошто кога за малку повеќе пари имаш Gree?
едит:
@Van, @howitz мислам дека никој на форумов не го заболе дали Гри купувал од Вивакс или Тошиба од Раде Кончар. Дај не го тупете и не ја трујте темава, има луѓе што сакаат да најдат корисни, а не рекла-казала муабети.
За тебе не е корисен муабет да знаеш дека препродавачите Вивакс порано препродавале подобри а сега полоши клими?
Еден куп луѓе зимаат Вивакс заради старата слава што Вивакс ја фати додека препродаваа подобри клими (Gree). Сега препродаваат полоши клими... Ама еј, барем имаат wi-fi!