Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1198427 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1980 на: 10 Јануари 2017, 09:42:52 am »
Најскапо греење во цел свет имаме. Една плата е малку да згрееш цел спрат ако не си на градско парно.
Дени, тие температурите што ги наброја превисоки да не се? Пробав на мојот инвертер со дигитален термометар од 2 евра виа али, дуваше со 41степен на излез од вентилатор при -11 надворешна температура.  Како измери 58 степени, таа температура гори рака ако не, превисока не е? Дај верификувај, пошто разликата од 41 до 58 е 10 класи. Немам измерено колку троши при 41 издувна, дали измери колку троши митсубишито при 58?

Знам, зошто мислиш дека земав малку да се изпозамарам и простудирам. Зошто гледам дека некој ми ги пердаши кокошките, а не е петел. Еуровент ти е прва лига за да видиш за клими, зошто имаат стандардизирани тестови.

Еве пример од килмата:
Потрошњата и е околу 600-900W при условиве на човеков како што гледаш. Смешка.

А ако ја рокнеш на максимум може да оди до 1900w, само тоа е нереално сценарио при максимална употреба.
Инаку еве го видеото на -12 надвор, пуштена до крај на 30 степена вади 58 степени на 6та минута:
Откопуе. Другиве клими едвај 38C вадат на -12.


Вади над 3.0 COP во скоро сите услови, а околу 0 е 5 COP факторот! 1кw струја за 5kw греење!
« Последно менување: 10 Јануари 2017, 09:51:42 am Deni »

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5200
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1981 на: 10 Јануари 2017, 09:45:37 am »
Отрувте со виваксот. И ова горе не е фактура ова може и мало дете да го искуца и напраи.
Туку и на БЕГ влажноста на воздухот е 20%.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3134
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1982 на: 10 Јануари 2017, 10:29:38 am »
За ДАЉИНСКО во Гри ми побараа доплата од цели 3000 денари за Cozy - то пошто немало TURBO мод со тие фабричките и МОРАВ да го барам газдата за да го пази, „замолам“ да ми го даде бесплатно.
За мене овој однос е непрофесионален, да бараш за даљинско 50 евра и тоа пошто продавачот му се испуштило иначе ќе ти го начукаат без оригинално даљинско.

Ама нејсе, гледам сите го форсирате Гри еве и овој тврдоглавиов Van се запнал за нив а не разгледал по други салони, туку како ној се забил во тој бренд.

A кога сме кај фактурите, еве ви цена за Вивакс ... уствари чекај Гри купува Вивакс клими ( кои секако не ги произведува Вивакс) за да ги сервисира нивните со 5 години гаранција.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Претпоследната ставка е ДДВ, едната е 2,5kw другата 3,5kw. Другите делови од фактурата се скриени ради доверливост.

За 36,000 два инвертера.
Фала многу пријатно.

Сепак не стави фактура од Гри туку од друга марка.

Тоа со приказните кој од кого купува за резервни делови е глупост - Гри купува Вивакс клима кој всушност е произведена од Гри (некои модели беа колку што имам читано, сега Мидеа ги прави Вивакс - повторно судејќи по тоа што читам на нет).

За "фактурата" не коментирам, личи како да си ја составил во ексел. И мојот скен од фактура ги крие осетливите податоци па цела е во А4 формат.

Џабе идеш со глава во ѕид и докажуваш нешто што не е така, место човечки да кажеш луѓе згрешив.

Јас Deni не го советувам да земе X марка а не Y марка, умно дете е, си напраи рисрч и ќе си лапа тоа што најмногу му одговара, ама ширење невистини не можам да поднесам, утре некој друг ќе ти поверува(ше) и ќе се заебе(ше).

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1983 на: 10 Јануари 2017, 10:47:19 am »
Што имам јас цел да лажам по форум, и ако ја ставам цела фактура кој ќе биде што мава глава во зид, јас или ти ?

Kој сака што сака нека купи. Јас само кажувам на преценетоста на некои брендови.

Ич не ми е гајле дали некој ќе верува или не на цената.

Ти си убеден во нешто и пристрасен пошто си купил Гри и тоа е тоа, терај си по патот.

Тврдиш дека е глупост дека Гри купува Вивакс за делови а всушност немаш информација за тоа НИКАКВА, јас знам од која фирма купува за делови и ја пишав во претходната страна и немам намера веќе пошто искрено ми е гајле.

Бујрум фактурата за сите што мислат дека јас монтирам фактури, немам друга работа па со вас ќе си играм во ексел.



За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Одг: Греење, ладење, климатизација и се оста&
« Одговори #1984 на: 10 Јануари 2017, 10:52:34 am »
Температурата на издувот не е некоја званична мерка, инаку ќе ја ставаа во спецификации.
На пример на Тошибава за да и измерам што повисока температура на издув, би требало да ја ставам на висока зададена температура, да намалам дување на минимум, и да вклучам hi-power опција. Потоа клима со поголема јачина, на пример 5ка или 7мица, секако ќе има потопол издув. Значи некое ќумур Нео 7ца, ќе дува потопло од некој Даисекаи Уруру 3ка.



... уствари чекај Гри купува Вивакс клими

Toj Гри ти е комшија некој?   ;D
(кој му текнува на стрипот, ГРУ ГРУП КАО СТУП?)

 

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Греење, ладење, климатизација и се оста&
« Одговори #1985 на: 10 Јануари 2017, 10:58:05 am »
Ван, го тупиш ко средношколец.
Одби.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7230
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1986 на: 10 Јануари 2017, 11:04:51 am »
@Deni секоја чест на истражувањето и ангажираноста околу набавката на клима уред. Било кој инженер би ти позавидел на информираноста.

Сега на секој од пријателите што ми бара совет што да купел можам слободно copy/paste од твоите постови. Фала богу некој да направи и да ја објасни разликата помеѓу клима од 20,30 и 60.000 денари и COP на 7°C, 0°C и на -10°C.

Доколку се решиш за Mitsubishi од Енерго Систем побарај ме слободно да се обидеме некој попуст да направиме.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1987 на: 10 Јануари 2017, 11:07:06 am »
Шодапраам бе howitz кога inception муабет правиш упорно. :)
Пази, некој сервисер некаде во некоја фирма требало да сервисира Gree клими и пошто немал делови и никаде немало друг лагер никаде, сервисеров купил Gree клими со Вивакс лепенки. Што ти зборува тоа освен дека тие Вивакси биле ремаркирани Gree?

Gree произведува повеќе клими од Тошиба, Мицибуши, Панасоник, Самсунг, ЛГ, и тоа сите на куп заедно. Ама ти упорно не убедуваш дека најголемиот светски произведувач „купува“ делови од мал хрватски препродавач?
Барем забавно е, те молам продолжи!  :D

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1988 на: 10 Јануари 2017, 11:10:53 am »
Што ти зборува тоа освен дека тие Вивакси биле ремаркирани Gree?

Епа зошто се поскапи со 7,000 денари Gree  ако се ребрендирани ? ( освен фактот дека ај може се мааалку подобри )

Дај не паѓај во егзистенцијална криза за да излезеш паметен, ме заболе мене кој што купил, споредувам цени.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7230
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1989 на: 10 Јануари 2017, 11:12:24 am »
@Van, @howitz мислам дека никој на форумов не го заболе дали Гри купувал од Вивакс или Тошиба од Раде Кончар. Дај не го тупете и не ја трујте темава, има луѓе што сакаат да најдат корисни, а не рекла-казала муабети.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1990 на: 10 Јануари 2017, 11:15:53 am »
Јас се извинувам што спамирав, навистина, изгледа народот не го интересира ефтин и добар инвертер.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3134
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1991 на: 10 Јануари 2017, 11:16:24 am »
Што имам јас цел да лажам по форум, и ако ја ставам цела фактура кој ќе биде што мава глава во зид, јас или ти ?

Kој сака што сака нека купи. Јас само кажувам на преценетоста на некои брендови.

Ич не ми е гајле дали некој ќе верува или не на цената.

Ти си убеден во нешто и пристрасен пошто си купил Гри и тоа е тоа, терај си по патот.


Иако сум купил и Гри (покрај купените Fujitsu, York и Samsung) не сум пристрасен, само ме нервираат невистини - поскапеле за 30%,а тоа се испостави дека е невистина, како што се гледа од еден мој претходен пост.

Тоа со резервните делови ми звучи безвезе, било да е вистина или не, а у осталом не е мој проблем, јас си имам 5 години гаранција продавачот и сервисерот нека си ја тупи главата од каде и како ќе најде резервен дел (ако за тоа се појави потреба).

Пред месец дена купував професионална специјализирана машина и во гаранцијата стои дека продавачот се обврзува да ја сервисира и има достапни резервни делови за машината во рок од 10 години почнувајќи од денот на престанок на производство на машината. Е затоа таа фирма е на пазарот 24 години.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1992 на: 10 Јануари 2017, 11:22:28 am »
@Van, @howitz мислам дека никој на форумов не го заболе дали Гри купувал од Вивакс или Тошиба од Раде Кончар. Дај не го тупете и не ја трујте темава, има луѓе што сакаат да најдат корисни, а не рекла-казала муабети.
Фала богу.

Температурата на издувот не е некоја званична мерка, инаку ќе ја ставаа во спецификации.
На пример на Тошибава за да и измерам што повисока температура на издув, би требало да ја ставам на висока зададена температура, да намалам дување на минимум, и да вклучам hi-power опција. Потоа клима со поголема јачина, на пример 5ка или 7мица, секако ќе има потопол издув. Значи некое ќумур Нео 7ца, ќе дува потопло од некој Даисекаи Уруру 3ка.
Затоа декларираме и при кое ниво на дување. Конкретно на најјако. А дека некоја ноу нејм ќе извадела, ќе се прашам. Не за друго зошто знам како работат, а според еуровент можам да видам и колку килоавти вади на -7. Ако извади 3kw океј може ќе извади 50. Ама поентата е што 7kw климите од беко, вивакс, нео, и слични имаат пад на моќност на 2kw при -7. Пази од 7 на 2, колкав пад е тоа. Туди и тошибите ете погоре види колкав пад имаат на моќност. Ако нема моќност, нема температура на издув. Имам неколку клими, бекото на -9 кај мене дома која е 7kw вади 38Ц на издув. Зошто? Епа затоа. И не, нема да извадат ноу нејм 58, ни 50, ни 45 на максимален издув на -7, - 12, -22 зошто немаат толкава моќност. Они на хартија имаат 7kw, или 8 или 9kw на надворешна температура од 8 степена, ама не ми требаат мене милион киловати на 8 надвор. Тоа е лесното. Веќе на 0 падот е упола, и моќноста и ефикасноста. Златен еуровент затоа викам, се што треба ти кажува за една клима.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се оста&
« Одговори #1993 на: 10 Јануари 2017, 11:28:38 am »
Фала богу некој да направи и да ја објасни разликата помеѓу клима од 20,30 и 60.000 денари и COP на 7°C, 0°C и на -10°C.
Тоа е се така како што напиша, ама дали земаш во обзир колку такви денови на -10°C имаме годишно во Македонија?
Да не ме разбереш само дека не ми се допаѓа Мицибуши. Напротив. Но главната предност на климите како Мици за нас овде, не е СОР факторот на -10, туку штедливоста, ефикасноста, и квалитетот на изработка.

Како за пример, ете ја Тошибата освен ако не пуштам hi-power мод не иде изнад 800-900 вати потрошувачка (а загрева на зададената температура). За разлика, Gree-то во другата соба (дупло помала) не симна потрошувачка под 1500 вати откако фатија ладовиве.
Арно ама заради ниската цена Gree-то ќе си ја извади цената за неколку години побрзо од Тошибата која иако е поштедлива во потрошувачка, има солидно повисока цена а овде кај нас цената на струјата е релативно ниска во однос на европските цени на струјата, додека цените на климите ни се повисоки од европските цени за истите клими. Ете во Грција се значајно поевтини климите (доста луѓе си купија од таму), посебно брендовите како Фуџитсу кои таму ги продаваат повеќе десетици продавачи а овде само кај Хидросет (и некоја мала фирма од источна Македонија, која увезува од Бугарија).



Епа зошто се поскапи со 7,000 денари Gree  ако се ребрендирани ? ( освен фактот дека ај може се мааалку подобри )
Аман, како е можно сеуште да не разбираш?  :)
Сега Вивакс не препродава Gree, сега препродава поевтини (и полоши) клими и затоа има поевтини цени. Сега Вивакс препродаваат Мидеа кои им се најскапите модели, а за поевтините модели лупаат рандом клими кои им се најевтини во моментот.

Порано Вивакс беа добар избор за тие што знаеја кој модел е ремаркиран Gree. Повеќе избор и повеќе продавачи е добра работа - ги симнува цените надолу.
Денес Вивакс не се добар избор, зошто истата Мидеа можеш да ја купиш за поевтино. Или би можел, кога некој би ги увезувал овде... Мидеите би коштале некои 25% поевтино од Gree и за парите не би биле лош избор. За разлика од 10тина проценти (колку што сегашните Вивакси се поевтини) Gree е подобар избор.
За да не се заебеш со Вивакс, треба многу внимателно да истражиш дали моделот што би го купил е Мидеа или некое ѓубре. Зошто кога за малку повеќе пари имаш Gree?


едит:
@Van, @howitz мислам дека никој на форумов не го заболе дали Гри купувал од Вивакс или Тошиба од Раде Кончар. Дај не го тупете и не ја трујте темава, има луѓе што сакаат да најдат корисни, а не рекла-казала муабети.
За тебе не е корисен муабет да знаеш дека препродавачите Вивакс порано препродавале подобри а сега полоши клими?
Еден куп луѓе зимаат Вивакс заради старата слава што Вивакс ја фати додека препродаваа подобри клими (Gree). Сега препродаваат полоши клими... Ама еј, барем имаат wi-fi!
« Последно менување: 10 Јануари 2017, 11:36:07 am Van »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1994 на: 10 Јануари 2017, 13:39:27 pm »
@Deni секоја чест на истражувањето и ангажираноста околу набавката на клима уред. Било кој инженер би ти позавидел на информираноста.

Сега на секој од пријателите што ми бара совет што да купел можам слободно copy/paste од твоите постови. Фала богу некој да направи и да ја објасни разликата помеѓу клима од 20,30 и 60.000 денари и COP на 7°C, 0°C и на -10°C.

Доколку се решиш за Mitsubishi од Енерго Систем побарај ме слободно да се обидеме некој попуст да направиме.
Кажи им да си земат Rockwell Retro Encabulator.  ;D