Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 986589 пати)

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8070
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1425 на: 24 Јануари 2016, 13:02:55 pm »
"БЕГ" сум пропуштил нешто?
Превод?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43426
  • Il Moderatore

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5232
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1427 на: 24 Јануари 2016, 14:24:25 pm »

Кога истражував таквите лоу-кост уреди прво ги елиминирав заради лошиот дизајн и премалиот ЛЦС екран.
Поставени еден покрај друг, визуелно едноставно не се споредливи во иста класа.

Од наброеното има се што има твојот плус:
- можност да прати 10 уреди: нивната активност и потрошувачка
- брз преглед на потрошувачката, макс, мин за последните 10 дена на секој уред
- SD слот за мемориска картичка и софтвер за анализа на компјутер
- мери и мали снаги на stand-by од 1,5w нагоре за кои твојот мислам дека е „слеп“ (на пример климата ми е 4.1w, појачалото 2.2w на stand-by)

За мене лично, само подвлеченото е релевантен аргумент.  ;)
Мислам, тоа можам да го разберам. Не дека јас би базирал избор на мерач на визуелни карактеристики, ама можам да разберам дека тоа може да на некој друг да му биде важно.

Другото ми се гимик опции.
- SD картичка? За еднаш месечно внесување во ексел, на двете тарифи и времето на користење? Па повеќе време ќе потрошам да го извадам кард ридерот од фиока (и кабелот), да не зборам за кастом архаични апликации од производителот (кои можеби немаат експорт опција за ексел).
- 10 уреди на ист мерач? Мислиш на шетање на мерачот меѓу уредите и споредување на потрошувачката на некој 2инчен екран??  ;D Како се споредува малку текст на 2инчи екран - со десетиците разни ексел прикази во облик по свој избор (графици, пити бурек, ватевер) - и тоа на 24 инчен монитор! :D ;D
- Мерење на потрошувачка од неколку вати? Во ред, пре-анализирање можам да разберам - иако мене сосема кратка анализа ми вели дека не сакам да (пре)платам за можност да пре-анализирам.  :D

Тоа не е ни приближно ефтино како твојот, но јас имам една мана и ептен мерак ми прават вакви електронски гаџети, па уште кога се фино и лепо скокцани не ми е проблем да дадам некои 1000+ денари. Додуша истата мана ја имам и за коли, клими, тв, аудио ама таму ценовните разлики се каде-каде поголеми и не ми е баш така лесно да си го направам кеифот, па таму одам повеќе со price-wise логика.

Или како што вели една поговорка: - Не сум сиромав за 100 денари, не сум ни за 1.000. За многу сум сиромав  ;D

Меракот е ултимејт аргумент, непобедлив во дискусија.  :P
Инаку поговорката „не сум сиромав за да купувам евтино“, всушност зборува за импулсивно купување евтини работи - затоа што тие често се неквалитетни работи. Често, ама не секогаш. Од тој аспект за мене во ред е повремено купување евтини работи, кога знаеш точно што сакаш. Или со други зборови, секогаш има многу опции за трошење на моите пари - кои на жалост не се неограничени.  ;D

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8070
  • Rural fuckin society - we live in!!!

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1429 на: 24 Јануари 2016, 16:06:33 pm »
...  визуелно едноставно не се споредливи ...

Прво да потенцирам дека со дискусијава не си го оправдувам изборот, туку дека го елаборирам процесот на размислување кој ме доведе до ваквите одлуки. И од оваа временска дистанца не мислам дека сум погрешил - освен што не можев да ги купам уште поскапите.

Второ, не дека дизајнот ми е пресуден, ама многу ми значи. Колку сака нека е функционално, ако ми „течат солзи“ секогаш кога ќе го видам не е избор туку присила.
Радо доплаќам за нешто со изта функционалност ама убаво. А неретко се случува да трампам некоја споредна функција за подобар дизајн

Не се баш гимик:
- SD картичка: може да е и еднаш годишно, ама не се 2 вредности, многу повеќе се, уствари многу многу повеќе. Ќе ти требаат часови и часови, и пак нема да успееш. Го платив тоа да работи за мене, а не јас за него. Манје-више една просечна бруто дневница, наместо цел викенд да лупам во Ексел. Мислам ако сакаш реална евиденција, ако не и кумулативниот приказ е сосем доволен.
- 10 уреди затоа што има превклучување на читачот со промена на ID 0-9, па води посебна евиденција на до 10 уреди. И не е 2 инчен, поголем од 3 инчи е, за илустрација скоро колку ајфон 4, што морам да признам е многу доволно.
- Мерење на потрошувачка од неколку вати - не е „маст хев“ ама е показател за точноста на уредот и можноста да откриеш скриени потрошувачи на стендбај.

Тоа не е ни приближно ефтино како твојот, но јас имам една мана и ептен мерак ми прават вакви електронски гаџети, па уште кога се фино и лепо скокцани не ми е проблем да дадам некои 1000+ денари. Додуша истата мана ја имам и за коли, клими, тв, аудио ама таму ценовните разлики се каде-каде поголеми и не ми е баш така лесно да си го направам кеифот, па таму одам повеќе со price-wise логика.

Или како што вели една поговорка: - Не сум сиромав за 100 денари, не сум ни за 1.000. За многу сум сиромав  ;D

Меракот е ултимејт аргумент, непобедлив во дискусија.  :P
Инаку поговорката „не сум сиромав за да купувам евтино“, всушност зборува за импулсивно купување евтини работи - затоа што тие често се неквалитетни работи. Често, ама не секогаш. Од тој аспект за мене во ред е повремено купување евтини работи, кога знаеш точно што сакаш. Или со други зборови, секогаш има многу опции за трошење на моите пари - кои на жалост не се неограничени.  ;D
Меракот ми беше за Орегон Сајнтифик, ама не можев да го набавам.
Ем поскап, ем поубав, ем безжичен, ем во исто време пратиш до 4 -5 мерачи на ист уред кој не е уштекан во зид туку може да си ужива на маса и да ти е на дофат на око постојано.
Ама таков во некои други времиња :)

Нека простат останатите ако малку „затрувме“ со мерачиве, ама со @Van одвреме-навреме си разменуваме искуства, ставови, идеи, гледишта, за на крај и ние и форумот да е побогат за истите тие искуства.
« Последно менување: 24 Јануари 2016, 16:21:28 pm ZokiPet »

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5232
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1430 на: 24 Јануари 2016, 16:46:48 pm »
Абе супер си се муабетиве. Даваат различни перспективи на работите, а мерач за потрошувачка на струја е одлична работа, и во основа сеедно дали е скап или евтин - СЕ ДОДЕКА Е ФУКЦИОНАЛЕН  :)

Не ми се пребарува со кој дискутиравме за потрошувачката на тие поевтините соларни системи кои се со бојлер на кровот - човекот беше убеден дека работата е „многу штедлива“ малтене преку целата година, иако тие бојлери немаат некоја посебна изолација, а се користат преку цел ден, и кога е без сонце и навечер. Замисли човекот да имаше мерач на потрошувачка - сите скепси и сомнежи за „штедењето“ ќе беа излишни (или докажани).   ;)
За почетна цена од десетина евра, навистина сите треба да имаат барем еден мерач. Или неколку.

Не се баш гимик:
- SD картичка: може да е и еднаш годишно, ама не се 2 вредности, многу повеќе се, уствари многу многу повеќе. Ќе ти требаат часови и часови, и пак нема да успееш. Го платив тоа да работи за мене, а не јас за него. Манје-више една просечна бруто дневница, наместо цел викенд да лупам во Ексел. Мислам ако сакаш реална евиденција, ако не и кумулативниот приказ е сосем доволен.

Хаха, абе у реду е - меракот (за убави работи) секако го разбирам. Но морам да забележам дека претеруваш со предимензионирање на работата што е потребна за пренесување на податоците во ексел.
Еве ја климата работи, мерачот си мери и на исполнување на еден месец имам 3 полиња да ги пополнам во ексел:
- киловат часови во скапа тарифа
- киловат часови во евтина тарифа
- времетреање на активост на уредот.

3 полиња.  Толку е едноставно. 20тина секунди работа, сосе проверката. Еднаш месечно.
У реду, тоа е за спремен ексел спредшит. Првиот пат ќе треба пар минути да скоцкам пар формули во ексел, и да спремам каква визуелизација сакам. Ама тоа не е квантна механика, не е нуклеарна физика - и секако внесување 3 бројки еднаш месечно, не е работа од „часови и часови“ и „цел викенд да лупање во Ексел“   :D

Во контраст, колку време тебе ќе ти треба тебе да:
- ја извадиш SD картичката од мерачот
- го најдеш и извадиш кард ридерот
- го најдеш и извадиш јуесби кабелот, и да го приклучиш кард ридерот, па да ја ставиш SD картичката, да го пуштиш програмот од мерачот, да ги импортираш податоците, итн итн...

Мислам, се е у реду, си уживаш во постапката и во деталноста. Но не го претставувај тоа како најдобра работа после лебот што се продава пресечен на кришки...  ;D
Според мене, добрата работа што може да се заклучи од сето ова е - дека има солиден избор на мерачи на потрошувачка за сите вкусови и потреби. И дека се тотално корисни мали направи кои сите треба да ги имаат дома.  

П.С. Ексел визуелизација на добар 24 инчен екран го јаде текст приказот на тој 4 инчен екран на мерачот - ВО СЕКОЕ ВРЕМЕ! (па уште и IPS aко е мониторот, па па па...)  :D

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3972
  • MadaFunker
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1431 на: 24 Јануари 2016, 16:49:42 pm »
Балкан Енерџи Груп.

Ама ова е само за Скопјето...?

Се е за Скопје другар, другите градови не постојат :)
New blood of old school

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16005
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1432 на: 24 Јануари 2016, 18:11:10 pm »
Балкан Енерџи Груп.

Ама ова е само за Скопјето...?

топлификација не е више тоа што беше, туку сега се бави до производство на топлинска (и електрична) енергија, а БЕГ се бави со дистрибуција до домаќинствата и наплата на истото. секако плаќа кирија за користење на целиот цевковод на топлификација, притоа, диктирајки колку топлина да произведе топлификација преку било која од 5-те топлани, и диктира со која енергија, кој објект ке користи...

и да.. само за ниво на скопје е... исклучок од целиот куп е железарското греење... тие си имаат свој систем и своја наплата...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8070
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1433 на: 24 Јануари 2016, 19:55:56 pm »
Е сега некој погоре спомна дека дома му било 26* со БЕГ...?

Јас имам седено во Аеродром, Карпош 4, Автокоманда, не ми се чини дека над 21* беше никаде. Оддамна беше тоа, ај нека не сум баш во право но дека го гасеа во 9 саат да, го гасеа. После ќебиња или греалки.

Отсутен TRPEE

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1542
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1434 на: 24 Јануари 2016, 20:19:54 pm »
Do 11 ima parno, iskreno jas sum zadovolen dur i namaliv malce raadijatorite sea u momentov mi e 25.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4088
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1435 на: 24 Јануари 2016, 22:44:00 pm »
^ Трпе,дали сега само што се приклучивте на БЕГ?Ако е пробниот период, по толку ќе биде,после ќе намалат на пооптимална температура.Сепак,над 23-24 е веќе неподносливо и не е здраво

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54824
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1436 на: 24 Јануари 2016, 22:46:38 pm »
Сам ќе си намалиш ако ти е топло. Ако ти е ладно, неможеш да го појачаш сам.

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1437 на: 25 Јануари 2016, 01:39:14 am »
...
Не се баш гимик:
- SD картичка: може да е и еднаш годишно, ама не се 2 вредности, многу повеќе се, уствари многу многу повеќе. Ќе ти требаат часови и часови, и пак нема да успееш. Го платив тоа да работи за мене, а не јас за него. Манје-више една просечна бруто дневница, наместо цел викенд да лупам во Ексел. Мислам ако сакаш реална евиденција, ако не и кумулативниот приказ е сосем доволен.

Хаха, абе у реду е - меракот (за убави работи) секако го разбирам. Но морам да забележам дека претеруваш со предимензионирање на работата што е потребна за пренесување на податоците во ексел.
Еве ја климата работи, мерачот си мери и на исполнување на еден месец имам 3 полиња да ги пополнам во ексел:
- киловат часови во скапа тарифа
- киловат часови во евтина тарифа
- времетреање на активост на уредот.

3 полиња.  Толку е едноставно. 20тина секунди работа, сосе проверката. Еднаш месечно...
Да, три полиња се. Но овој уред е ЛОГЕР и прави снапшот на тие вредности секоја минута.
Тоа се 1440 вредности секој ден, 43.200 месечно, 518.400 годишно.
На тој начин имаш прглед на распределба на оптоварувањето во денот и е особено добро за уреди со варијабилна потрошувачка: клими, панели, фрижидери...

Без логер ти тоа не можеш да го направиш.
Затоа го спомнав како фичр кој ефтините (во кои спаѓа и другиот мој мерач - Energy Counter 3000) го немаат.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5232
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1438 на: 25 Јануари 2016, 11:27:40 am »
Да, три полиња се. Но овој уред е ЛОГЕР и прави снапшот на тие вредности секоја минута.
Тоа се 1440 вредности секој ден, 43.200 месечно, 518.400 годишно.
На тој начин имаш прглед на распределба на оптоварувањето во денот и е особено добро за уреди со варијабилна потрошувачка: клими, панели, фрижидери...

Mи паѓаат на памет неколку идеи за употребливост на обликување на потрошувачката, но ме интересира за што ги употребуваш ти деталните информации - 518.400 мерења годишно?

Те прашувам затоа што климата е греен уред без термална акумулација, и мора да работи во времето кога е потребно греење (сеедно дали 24/7, или само во времето кога станарите се вратени дома - иако генералната препорака за греење си клима вели дека 24/7 догревање е најисплатливо). Поентата е дека не можеш да ја манипулираш потрошувачката.
На крајот пак се сведува на сублимирање на месечната потрошувачка, и нејзина евиденција за идни споредби.

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1439 на: 25 Јануари 2016, 12:52:21 pm »
Сите уреди кои имаа термостат или се управувани врз одредени параметри, имаат варијабилна потрошувачка во времето.
Ако се анализира графикот на оптоварувањето во текот на 24 часа може да се види таа распределба.
Едно е да претпоставуваш, друго е кога на компјутер ќе ти се отвори дијаграмот - една слика милион зборови.

На таков начин ќе можеш да ја потврдиш или не одредена преспоставка (24/7 догревање е најисплатливо).
Во мојот случај НЕ се покажало најисплатливо, затоа тајмер наутро 30-45 мин пред станување е моментално решение.

Планирав да земам и логери за внатрешна и надворешна температура па врзани тие податоци со оптоварувањето на климата даваат сосем друга слика за однесувањето на инверторот, колкава е разликата во цена за додатен °С внатрешна температура, ефективноста при догревање во зависност од надворешната температура и т.н.

Инженерска пасија или личен „фетиш“ - ватевер - некои такви анализи и калкулации ми се предизвик и во слободно време знаам да се позанимавам со тоа :)