Те разбирам потполно, ти си купил солиден уред за ниска цена и потполно ти ги задоволува потребите.
Кога истражував таквите лоу-кост уреди прво ги елиминирав заради лошиот дизајн и премалиот ЛЦС екран.
Поставени еден покрај друг, визуелно едноставно не се споредливи во иста класа.


Од наброеното има се што има твојот плус:
- можност да прати 10 уреди: нивната активност и потрошувачка
- брз преглед на потрошувачката, макс, мин за последните 10 дена на секој уред
- SD слот за мемориска картичка и софтвер за анализа на компјутер
- мери и мали снаги на stand-by од 1,5w нагоре за кои твојот мислам дека е „слеп“ (на пример климата ми е 4.1w, појачалото 2.2w на stand-by)
- forecast (месечен / годишен) прилично точен. Досега имам потрошено ~2411 ден. а годишниот форкаст е 4780 ден (ланската година реалната потрошувачка во пари беше ~4500 ден)
Во однос на цената (сега баш ја гледав сметката зашто знам дека го начекав на некоја промоција во Конрад) мојот е купен 2012 год. за точно 2112 ден.
Тоа не е ни приближно ефтино како твојот, но јас имам една мана и ептен мерак ми прават вакви електронски гаџети, па уште кога се фино и лепо скокцани не ми е проблем да дадам некои 1000+ денари. Додуша истата мана ја имам и за коли, клими, тв, аудио ама таму ценовните разлики се каде-каде поголеми и не ми е баш така лесно да си го направам кеифот, па таму одам повеќе со price-wise логика.
Или како што вели една поговорка: - Не сум сиромав за 100 денари, не сум ни за 1.000. За многу сум сиромав

За low-cost мерач имам voltcraft еnergy check 3000, кој е земен за околу 1300 ден.
Него го кристам за мониторирање на разноразни уреди по потреба.
Моментално е врзан на компјутерот и прикажува 65-70 W
