Климата е Super Daiseikai 6.5 RAS-16N3AVP-E. Ја купив затоа што според коментари најмалку троши и е мејд ин јапан, а на оваа тајланд пишува...
Одлична клима, и да - во право е Зоки. Според мои лични критериуми, прескапа е.
Зошто мислам дека е прескапа?
Па затоа што инвестицијата во еден ваков уред за греење би требало самата да се врати преку заштедата што ќе ја направи. Според нашите цени на струјата, „штедење“ на сума од ~1600-1800јура, би потрајала накај 15тина години? Онака одокативно, без конкретни податоци за твоите услови.
Ама како што реков климата си е супер, со здравје да си ја користиш и долго да те служи. Инаку кога сме кај тоа долго служење, јас малку губам верба во квалитетот на скапите уреди. Пречесто се случува и реномирани произведувачи, и кај горните класи на производи да закинуваат на квалитетот. Затоа јас лично преферирам средна класа, и горниот слој на ниската класа, каде добиената вредност за парите, е многу поголема. Тие уреди многу побрзи си ја враќаат инвестицијата, и кога ќе се расипат (а сите некогаш се расипуваат), многу полесно се менуваат.
Патем и јас би препорачал маслен радијатор наместо панелка- нормално ако 20см ширина не е ти е проблем. За твојата потреба тебе дури и
калорифер би вршел работа, најефтин е од сите опции, а за кратко време ќе ја завршува работата да загрее помала соба како спална, освен ако твојата не е некоја „ројал суит“.

Е сега најбучен е, ама тебе и онака ти треба само за догревање пред легнување. Таквите греалки секако не треба да ги оставаш вклучени пред да легнеш. Имаат незгодна тенденција да се запалат.
