Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 986855 пати)

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54824
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1110 на: 21 Октомври 2015, 15:07:57 pm »
За економија се знае:

http://www.crownpower.com.au/blog/ducted-air-conditioning/advantages-of-an-air-conditioner-vs-electric-heater


Заедно со:
,

И за најладните месеци поставено на 29 степени:

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4972
  • The Spartan General
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1111 на: 21 Октомври 2015, 15:09:48 pm »
A со пелети, колку ќе те чини греењето за еден месец? Отприлика.

Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3649
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1112 на: 21 Октомври 2015, 15:28:31 pm »
Па некоја груба проценка ми е дека околу 5-6000 денари би трошел месечно на Пелети. Сега неможам да направам точна математика зошто многу малце искуства наоѓам за греењево на пелети.
 Лани се греевме на клими(1 инвертер и 3 обични) и собите беа супер стоплени, но останува проблемот со ходниците и тоалетите кои се ладни. Лани во куќата се вселивме на 24.12.2014 год и сметките за Јануар, Февруар и Март беа во просек 12.000+/-10%. Од нив отргам 4.000 денари за другите електроники греењето лани ме коштало 8000 денари од месец грубо кажано. Исто доста важно е цело време с егрее дневната соба(мајка ми не работи) додека спалните соби на горниот спрат се грееа до 3-4 часа дневно преку сила. Сметам дека за 25-30% помала сума од таа може да се стопли целата куќа, значи плус 2 ходници со подно греење, 2 тоалети со регистри и подно што според мене не е воопшто малце а и стоплувањето е на многу поубав и пофин начин, под ова мислам на стоплување со помош на радијатори во собите и подно секаде каде што има мермер и плочки(Ходници, Тоалети, Кујни).
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5232
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1113 на: 21 Октомври 2015, 15:41:01 pm »

Од топлотни пумпи (климите) ќе одиш на пелети?
И очекуваш осетно да заштедиш на потрошувачка? :)

Колку коштаат тие што те интересираат, печки на пелети (со котел)?


Сега неможам да направам точна математика зошто многу малце искуства наоѓам за греењево на пелети.
Епа киловати топлина си се киловати топлина. Погледај колку се декларирани климите, и ете ти го одговорот.
Пази ако земеш прејака печка, јачината на греење ќе треба да ја регулираш со послаб оган преку намалување на кислородот - што е рецепт за проблеми. Така согорувањето е неефикасно, добар процент од материјалот во пелетите ќе ти оди низ оџак, потоа тоа ќе прави саѓи кои ќе треба да ги чистиш (пошто инаку има ризик од пожар).
Печките на пелети имаат комплицирана електроника со подоста подесувања, која не секој монтер знае правилно да ја подеси. И ниту може од прва да ја подеси, туку треба накнадно да се штима - ама никој монтер не се враќа уште неколку пати да го корегира тоа.

На форумов подолу имаа цела тема (ме мрзи да ја барам), каде разменуваа искустава кој параметар како да се поставува на пелет печките:
http://www.elitemadzone.org/
(пошто монтерите не се замраат многу)

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1114 на: 21 Октомври 2015, 15:51:22 pm »
Па некоја груба проценка ми е дека околу 5-6000 денари би трошел месечно на Пелети. Сега неможам да направам точна математика зошто многу малце искуства наоѓам за греењево на пелети.
 Лани се греевме на клими(1 инвертер и 3 обични) и собите беа супер стоплени, но останува проблемот со ходниците и тоалетите кои се ладни. Лани во куќата се вселивме на 24.12.2014 год и сметките за Јануар, Февруар и Март беа во просек 12.000+/-10%. Од нив отргам 4.000 денари за другите електроники греењето лани ме коштало 8000 денари од месец грубо кажано. Исто доста важно е цело време с егрее дневната соба(мајка ми не работи) додека спалните соби на горниот спрат се грееа до 3-4 часа дневно преку сила. Сметам дека за 25-30% помала сума од таа може да се стопли целата куќа, значи плус 2 ходници со подно греење, 2 тоалети со регистри и подно што според мене не е воопшто малце а и стоплувањето е на многу поубав и пофин начин, под ова мислам на стоплување со помош на радијатори во собите и подно секаде каде што има мермер и плочки(Ходници, Тоалети, Кујни).


Пресметано според цена на киловат топлина од клима (со КОР ~4) и од котел со пелети, не излегува заштеда туку зголемување на цената за греење над 2 пати !?!

Баш ме интересира колку ќе биде во реална експлоатација.
« Последно менување: 21 Октомври 2015, 16:12:02 pm ZokiPet »

Отсутен jpetrov

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1115 на: 21 Октомври 2015, 16:13:15 pm »
Ме потсети за Тошиба. Имам монтирано Тошиба Сузуми 13 пред година и пол, од Енергија. Инсталација и комуникација одлична. Производ одличен, цела зима 35м2 без никакво догревање комотно стоплени (Скопје). Сметките одлични.

Немам никаква примедба, човек ако може да инвестира се работи за одлични машини.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3649
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1116 на: 21 Октомври 2015, 16:13:48 pm »
Дневна климата е инвертер со снага од 4.2KW за греење, трите горе се по 3.5KW со тоа што таа во спалната на старите не беше 2 пати пуштена зошто само за спиење се таму, а легнуваат во ладна просторија. Значи 12KW е вкупната снага за греење на трите клими кои се користеа активно лани зимото за стоплување на 85 квадрати(Дневна со кујна и 2 спални).
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54824
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1117 на: 21 Октомври 2015, 16:16:42 pm »
Климите не се толку KW, туку само така пишуваат како „еквивалентна моќност“. Затоа и сите имаме поддименизионирани клими најчесто. Зошто 3.5KW клима личи многу, а таа да ти е 1KW всушност. Исто како звучници за компјутер кои се 600W P.M.P.O, a уствари се 9W синусна моќност.

Едвај се разбрав кога требаше да се става клима дека минимум треба 7KW клима за тој простор. 7KW им личи уааааау многу, којзнае колку сметка ќе плаќаме, а тоа е уствари само 2KW моќност, помалку од еден панел просечен. :)

Тоа е. А на сите ни треба клима од 20KW реално гледано, за да не се мачи ни зиме ни лете.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3649
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1118 на: 21 Октомври 2015, 16:20:44 pm »
Тоа не би знаел да ти кажам :) Но од инвертерот LG кој што е во дневна доле сме презадоволни. Одлично се носи со просторијата иако и јас им  викав дека ќе биде поддимензиониран. Дали изолацијата игра толкава улога или што е незнам. Важно во споредба со HiSense климите горе кои треба загреваат 2 пати помала површина со иста снага  е светлосни години напред.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7001
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1119 на: 21 Октомври 2015, 16:24:25 pm »
Можеби правите грешка што ги гасите климите... Целата поента на нив колку што имам јас сфатено е да ја одржуваат температурата и тука трошат минимално струја. А топол воздух ко топол, лесно доаѓа и лесно си оди :) не е печка некоја па ѕидовите да акумулираат топлина од неа.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3649
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1120 на: 21 Октомври 2015, 16:27:37 pm »
Веројатно си и тука во право, можеби за инвертерот е подобро да врти 24 часа, кај девојката така врти Тошиба инвертер и се презадоволни. Но за климите во спалните ми нема логика оти освен за спиење под 3 часа сум дома јас секој ден. А така некако е и брат ми. Ме замисливте малце сега со муабетиве, веројатно ќе го контактирам и Онак за подетално да ми го објасни неговиот систем.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5232
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се оста&
« Одговори #1121 на: 21 Октомври 2015, 17:04:41 pm »
Ме потсети за Тошиба. Имам монтирано Тошиба Сузуми 13 пред година и пол, од Енергија. Инсталација и комуникација одлична. Производ одличен, цела зима 35м2 без никакво догревање комотно стоплени (Скопје). Сметките одлични.

Немам никаква примедба, човек ако може да инвестира се работи за одлични машини.

Прошлава недела ми монтираа баш Сузуми 13ка, ама малку се изнервирав што не ми испратија од нивните монтери од Енергија - туку контрактори од страна.
Една од главните причини зошто се одлучив на клима од специјализирана продавница за фриготехника, е токму сопствениот специјализиран сервис. Така со испраќње контрактори работат супермаркетите за техика како Нептун и Техномаркет, само продаваат а за мотажа и одржување најмуваат разно разни сервиси.



Климите не се толку KW, туку само така пишуваат како „еквивалентна моќност“. Затоа и сите имаме поддименизионирани клими најчесто. Зошто 3.5KW клима личи многу, а таа да ти е 1KW всушност. Исто како звучници за компјутер кои се 600W P.M.P.O, a уствари се 9W синусна моќност.
...
Тоа е. А на сите ни треба клима од 20KW реално гледано, за да не се мачи ни зиме ни лете.

20KW!!!  :o
Толку големи грешки имаш во разбирањата, што не сум сигурен од каде да почнам. :)

P.M.P.O e маркетинг жаргон за трговски цели, и означува само „пик“ во аутпутот - кој ништо не значи, пошто е теоретски пик кој појачалото може да го извади само на мал дел од секундата.
Од другата страна, вистина е дека климите се означуваат во киловати најмногу заради полесно разбирање за муштериите. Нивната вистинска единица мерка за јачина се BTU. Климите кои имаат излез од отприлика 12 илјади BTU, се споредуваат и означуваат како одприлика 3.5KW.

Но тоа на страна и објаснето - тотално е погрешно таквото означување да го споредуваш со P.M.P.O кај аудио појачалата. Претпоставувам дека тебе те буни што не го разбираш тоа дека климите се всушност топлотни пумпи.
Поточно сеприсутните клима уреди се топлотни пумпи воздух-воздух. Нивната работа нема сега детално да ја објаснувам, ама главното е дека ја преземаат топлинската енергија од надворешниот воздух, и истата ја предаваат на внатрешниот воздух во просторијата. Од таму иде тоа воздух-воздух во името.
Затоа е можно клима од 12кBTU да троши максимум 1.4KW електрична енергија, но сепак да дава  3.5KW топлинска енергија (а некои поквалитетни модели и до 5KW).

Од таму доаѓа економичноста во греењето на климите. Работата на електорниките, компресорот, подвижните делови, троши многу помалку струја од топлината што ја дава. Класична греалка (панелна, кварцна, електрично парно, итн) не даваат ни 1:1 однос на потрошена струја наспрема добиена топлина, гледано киловат наспрема киловат.



Едвај се разбрав кога требаше да се става клима дека минимум треба 7KW клима за тој простор. 7KW им личи уааааау многу, којзнае колку сметка ќе плаќаме, а тоа е уствари само 2KW моќност, помалку од еден панел просечен. :)

Тоа е. А на сите ни треба клима од 20KW реално гледано, за да не се мачи ни зиме ни лете.

Тебе те бунат киловатите, едни се тие од потрошувачката (електрична енергија) а други се киловатите за дадената топлина (топлинска енергија). Мислам, енергија е енергија топлинска или електрична, ама за наши потреби моќноста на климите се изразува во дадената топлина.

Погоре ти објаснив дека таа клима што ја имаш, иако троши максимум 2KW - тоа не е нејзината моќност. Моќноста не е потрошувачката, туку колку може да даде топлинска енергија за таа потрошувачка Во стандардните услови на декларирање на климите (~5 до 7целзуси), таа клима грее токму со 7KW топлина - иако не ги троши целосно ни тие 2KW. 2KW троши кога работи на максум моќност, односно кога надвор е минус температура.


Тоа за „дименизионирање“ на климитe, тоа е сосема друг (и интересен) муабет... ама ајде во некој друг пост за тоа. И овака постов е доволно долг за повеќето овде да речат TLDR.   ;)
« Последно менување: 21 Октомври 2015, 17:11:56 pm Van »

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4972
  • The Spartan General
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1122 на: 21 Октомври 2015, 17:46:10 pm »
Веројатно си и тука во право, можеби за инвертерот е подобро да врти 24 часа, кај девојката така врти Тошиба инвертер и се презадоволни. Но за климите во спалните ми нема логика оти освен за спиење под 3 часа сум дома јас секој ден. А така некако е и брат ми. Ме замисливте малце сега со муабетиве, веројатно ќе го контактирам и Онак за подетално да ми го објасни неговиот систем.

Според вкупната сума на четирите клими ти е 15KW. 4 кано сонди. Ја би со кано(чиста работа, без отворен оган) поготово штом имаш и изолација и добра дограма. ;)

Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3649
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1123 на: 21 Октомври 2015, 18:54:01 pm »
Не ја ставив четвртата клима во пресметката зошто речиси никогаш не е користи за греење. Ќе контактирам со Онак деновиве па ќе видам што има да препорача од неговиот систем за мојава ситуација.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54824
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1124 на: 21 Октомври 2015, 19:15:18 pm »
Климите не се толку KW, туку само така пишуваат како „еквивалентна моќност“. Затоа и сите имаме поддименизионирани клими најчесто. Зошто 3.5KW клима личи многу, а таа да ти е 1KW всушност. Исто како звучници за компјутер кои се 600W P.M.P.O, a уствари се 9W синусна моќност.

Едвај се разбрав кога требаше да се става клима дека минимум треба 7KW клима за тој простор. 7KW им личи уааааау многу, којзнае колку сметка ќе плаќаме, а тоа е уствари само 2KW моќност, помалку од еден панел просечен. :)

Тоа е. А на сите ни треба клима од 20KW реално гледано, за да не се мачи ни зиме ни лете.
Заборавив да дополнам, заради тоа што ни се поддимензионирани климите што сите продавачи ни ги поттураат од 3.5KW (1КW) луѓето вечно мислат дека климите неможат да загреат убаво. Да, секако дека нема да загреат на ист начин - но можат да загреат.
За една просечна Македонска помала куќа треба барем 20KW(5,7KW) за да може да се команда просторот соодветно.

Еве може да си пресметате и сами колку би требало да имате.
А ние на овој простор генерално ставаме 3.5КW(1KW) клима уред. И после тој не ни грее. Да, вистина е. Кога би имале соодветен систем за климатизација не би било проблем но немаме.
И тоа 20KW еквивалентна моќност, а плаќаме само за 5.7KW.

Но, сепак мојот пример е конзервативен зошто е земено САМО 20 целзиусови степени разлика од надверешноста. А тоа значи дека на 0 степени, внатре ќе ни е 20 степени. Што е доста ладно.

Ако земеме дека ни требаат 30 степени разлика, за да можеме да се потпреме на клима уредот за правилна работа до -5 степени (25 внатре) тогаш би дошло дека треба да имаме 30KW (9KW)


Ова звучи многу, затоа што сме научени дека тоа е „многу“. А не е многу. Тоа си е најнормално. И тоа ова е за најекстремните услови, во нормални услови на корситење ваквата клима ќе понуди доста повеќе конфор со тоа што задачите ќе ги извршува многу побрзо и подобро од клима од 3.5KW.

Особено е важно што котел од 18KW за парно сите ставаат по дома. Еве и 24KW се користи често. А тоа „не е многу“. А кога ќе дојде за клима време паѓаме во несвест на 20KW. Епа паѓаме, и не грее климата после.

Секако, како што пишав погоре изолацијата си го прави своето па така и во овој случај, со употреба на нови прозорци, и надворешна изолација веќе стигаме до 9KW (2,8KW) клими кои би можеле да се справат со просторот на една просечна Македонска куќа.

За клима уредот да се одвојат 30.000 денари плус, згора на тој микронскиот од 3.5KW e многу. Ама да се плаќа сметка од 15.000 денари, не е многу? 30.000 денари ќе ти ги извади климата во првата зима, ако е добро искористена.


P.S. Со други зборови 3.5kw(1kw) треба да се заборави дека постои. Ние живееме во регион кој е одличен за топлински пумпи, со мали температурни разлики во летото и зимата, и клима уредите кои се соодветно дизајнирани лесно ќе се справат со нив.