Баче се е тоа во ред со таа филозофија на размислување. И ефикасност, и економија на работа, и се друго.
Ама јас и од друга страна гледам. Знаеш во нашава метереолошка клима секоја година има можни некои 20тина екстремно ладни денови. Епа тогаш во тие услови размислувањето е, заеби економија заеби ефикасност... ќе платам поише пари и ќе го вклучам грејачот надвор за што помалку да влага во дефрост клима уредот (кој ионака на толку ниски температури работи со низок COP фактор).
Друга работа, тоа со замрзнувањето на тацната - ете да не ти се деси, скраја да е... Ама има луѓе со уништени клими од такви ситуации. Тоа што тебе не ти се случило не значи дека е безбедно.
Јес да инвертер не е он-оф клима и не застанува целосно, берем не често. Ама кога некогаш повремено ќе се деси да застане сосема вентилаторот на надворешната единица (сеедно дали некој намерно ќе го исклучи уредот, или од друга причина) - и кога потоа ќе се направи лед и во просторот каде минуваат перките... Епа потоа кога ќе потера климата, епа тогаш свашта да може да се деси. И се има дешавано, потврдени случаи.
Не за џабе многу луѓе ја вадат целосно таа тацна, што е селско ама и ефикасно решение. Водата тече надолу без контрола, ама барем не може да има оштетување (иако капењето е заебано и во куќа, а уште повеќе во згради каде на комшиите долу им капе).