Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1201286 пати)

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #750 на: 19 Јануари 2015, 22:13:28 pm »
И кај мене правеше така, го отворив и 3 кила бигор на греачот имаше :) очистено, вратено нема гајле сега... 100% ти е бигор на греачот

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11811
  • Архитект
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #751 на: 19 Јануари 2015, 22:18:50 pm »
Под гаранција е.

Затоа прашувам што покрива гаранцијата.
Ако го покрива само казанот да не течи, а не електроника (греачи, термостати итн...) тогаш одма го отворам.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #752 на: 19 Јануари 2015, 22:27:03 pm »
Провери ги контактите, да не ти се лабави и имаш прелазен отпор. Измери го и напонот. Во Скопје ти е бојлерот? Битола има мека вода.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #753 на: 19 Јануари 2015, 22:27:34 pm »
Во 99% од случаите само казанот така да слободно отварај.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се оста&
« Одговори #754 на: 19 Јануари 2015, 22:33:04 pm »

Аристон?
Слушнав нешто дека наводно кај Аристон сензорот од термостатот (внатре) е преблиску до грејачот. Се решавало со поместување на сензорот повеќе настрана.

Личи некако на твоите симптоми (го исклучува греењето пребрзо).

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #755 на: 19 Јануари 2015, 22:35:34 pm »
Мојот е аристон и на неполна година го чистев од бигор, имаше многу бигор но само на греачот.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11811
  • Архитект
Одг: Греење, ладење, климатизација и се оста&
« Одговори #756 на: 19 Јануари 2015, 22:40:27 pm »
@ Џиџи не е до напонот. Во ред си е поврзано се. Добар беше на почеток, сега не го бива.

@ Van Аристон е 50 литр 2кв. Интересна работа. Можиш повеќе да ми објасниш како да го поместам сензорот?

Значи сепак има бигор, да го отворам.
Што треба да отворам? Тие штрафовите што се околу 4-5 на број ? Или нешто друго?

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11811
  • Архитект
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #757 на: 19 Јануари 2015, 22:55:50 pm »
Ова го најдов на некој форум.

http://www.samsvojmajstor.com/portal/forums/uredjenje-%C5%BEivotnog-prostora/kupatilo/bojler-ili-bomba-u-kuci#comment-289573

Вели дека ако наместо да езаземјен бојлерот е поврзан со нула, повеќе бигор се прави. Овде во станов нема зазамјување. Како да го решам тоа?

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #758 на: 19 Јануари 2015, 23:05:04 pm »
Пред да почнам да ве читам знаев дека е Аристон, :)

Неможеш да го решиш заземјувањето, пошто тоа е веќе решено.
Веројатно си каде што е системот нулован, односно нулата и земјата ти се на ист потенцијал.
Не чачкај мечку у пи...кај што нетреба.
Јави се и прашај што ти покрива гаранцијата пошто од кај да знаеш што све може да испадне???
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #759 на: 19 Јануари 2015, 23:07:25 pm »
тоа со заземјувањето и бигорот одма да ти кажам дека ВРСКА НЕМА... чиста глупост...

одврти штрафовите, исчисти од каменец и терај даље... по симптомиве што ги кажа до тоа е...

кај 99,999% од производителите, гаранцијата е за казанот дека нема да пукне, протече и слично... за греач имаат помеѓу 30 и 90 дена дека нема да прегори (различно е кај сите).. така да, отварај, не губиш гаранција...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11811
  • Архитект
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #760 на: 19 Јануари 2015, 23:15:59 pm »
Епа тогаш ќе го отворам.
Греачи, термостати за аристон се наоѓаат? Кај има?

А тоа што викаат да го модифицирам термостатот? Можи такво нешто да направам?

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #761 на: 19 Јануари 2015, 23:18:08 pm »
не пипај кај термостатот ништо.. исчисти и врати назад како што било...

делови... деловите не се на аристон нема.. има универзални делови што одговараат на сите. поентата ми е дека, извадени се 5-6 модели на греачи, исто толку теростати и сите бојлери ги вртат во различна верзија и комбинација... значи, има се што треба и тоа дури и да бираш квалитет според цена.. имам човек кај зелено пазарче, има избор на греачи и термостати колку ти душа сака...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11811
  • Архитект
Одг: Греење, ладење, климатизација и се оста&
« Одговори #762 на: 19 Јануари 2015, 23:22:01 pm »
Ок. Ќе оставам се како што било само ќе исчистам.
Ако евентуално нешто е сјебано, како ќе видам? Дали има во хубо, анса... замена ?

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Одг: Греење, ладење, климатизација и се оста&
« Одговори #763 на: 20 Јануари 2015, 00:01:50 am »
@ Van Аристон е 50 литр 2кв. Интересна работа. Можиш повеќе да ми објасниш како да го поместам сензорот?

ОК, еве свежи информации од прва рака. Пријателов се бави со вакви работи, и според кажувањата најверојатно за истата работа се работи (фабричка маана на Аристон).
Значи цевката каде бил термостатот е многу блиску до грејачот. Практично, тоа нема да прави проблеми се додека не се нафати бигор окулу двата елементи, со што ќе бидат едно солидно тело (што се наводно се случувало од 6 до 12 месеци користење). Последицата е тоа дека термостатот се доведува во заблуда дека температурата е постигната, и го исклучува бољерот.

Чаре? Механички да го „рашириш„ грејачот, и со тоа да го оддалечиш од термостатот.
Се разбира, во твојот случај ќе треба прво да го исчистиш бигорот. :)

Отсутен aleksandarbt

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 819
  • Opel zafira 2.0 125 kw
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #764 на: 20 Јануари 2015, 16:48:03 pm »
   Abe gledate deka coeko pojma nema ama ne vi teknuva da mu svrsite rabota.Bitola da bese dosega 5 dusi ke se javea ke svrsea rabota i meze,pivo i muabet ke padnese.