Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 981989 пати)

Присутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5231
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #675 на: 14 Јануари 2015, 14:41:31 pm »
Кога се зборува за греење на вода на евтина струја, останува да се анализира и колку е добра изолацијата кај денешниве бољери. Пошто џабе дупло поевтино загревање, ако во меѓувреме до моментот на искористување се загубат повеќе од 50% од акумулираната топлина. Плус со тоа се намалува и волуменот на достапна вода со посакувана температура, пак ќе треба да се догрева.
Еве јас многу брендови на бољери рагледував (а ве читав и на форумов), и кај малку од нив воопшто е декларирана дебелината на изолацијата а често ни материјалот не го листаат. Ете ги Тинг, они имаат декларирано 25мм полиуретанска пена обвиена окулу казанот. Што најверојатно е подобро од стандардните 3-4см камена волна што обично се рола окулу казанот, кај повеќето бољери.

Значи топлотни загуби секако ќе има, еве сегашниов бољер (Леов од 80литри) кај мене зимава се лади барем 50% за некои 5-6 саати (произволно кажано, не сум мерел). Кај поквалитетни бољери со подобра изолација, колкава загуба ќе има за толку време... би рекол барем некои 25%?

Мислам дека праксата со греење на вода на евтина струја единствено би можела да функционира ако човек земе сам да си направи/преправи изолација и да ја предимензионира. Пазете го ова:

http://fanzo.org/forum/viewtopic.php?f=2&t=22356&start=40

Нема потреба да кажувам, дека кога ова и го покажав на невестата, добив... негативни критики за естетскиот дизајн (ова е благо кажано, а целосното излагање не е прикладно за на јавен форум).   ;D


Не сакајќи да купам класичен, гледав други алтернативи, и сепак се одлучив за Termil Kraljevo, производ од Србија. Го купив од Агротехна, работи на две фази, греач од 7 киловати.
Сега за сега е добар, па ке видиме понатаму. Значи бојлерчето се користи само за миење садови и раце :) Има малку поразличен принцип на греење на водата од овие софистицираниве, странскиве да речам и нема наводно проблем со тврдоста на водата, по кажување на производителот, бидејќи греачот е поразличен од другиве.
Не навлагав што и како но за 2700 денари е одлична понуда. Се водат како оштетена роба, има и поснажни, грди се на изглед, но со оглед на тоа дека ми е у садопер, никој не го гледа :) А и мене ми се погоди капакот да не е пожолтен воопшто (тоа е маана).

Проточен бојлер има многу предности, но ете, кај нас и маани.
И покрај тоа што сакав да имам квалитетен производ, испадна дека и тоа не може да истера кај нас. Греачот од бигор рикнал, за само 7 месеци.
Овој го користам месец дена, па ке видиме дали ке тера :)

Баш твоево е често искуство што го слушам по познаници (а и по форуми). Мислам дека ќе ставам класично бољерче во кујната, немам живци да се замарам со поправки... барем кај класичниве бољери можат интервенции да се изведат и во своја режија (мењање грејач, чистење бигор, и сл.).
Се мислев на Горење бољерчињата, малку ме предомислува тоа што казаните им се пластични... а изгледа и квалитетот опаднат, на еден колега 2-3пати му се расипува во првата година.

П.С. Те чекам за визуелизација на тоа со сајлите.  :)

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4624
  • Муфљуз
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #676 на: 14 Јануари 2015, 14:41:50 pm »
И јас нешто се распрашувам за проточен, меѓутоа скопскава вода е полна со бигор, а бигорот правел доста проблеми на проточни бојлери. Ми кажаа дека решение било да го наштелуваш бојлерот на (грубо) 40 степени и така фаќал значително помалку бигор. Колку е ова точно незнам.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #677 на: 14 Јануари 2015, 14:46:24 pm »
Мене ми требаа 1450 KW за трочлено семејство за цела година 2014 година.

Прашањето е колку ти требаат тебе, за истите потреби?

Ти имаш бојлер на струја со греач со ефективност 0.98 (од 1KW струја право 0,98KW топлина). И јас имам бојлер на струја со греач со иста ефективност.
Од каде на памет ти доаѓа дека еден за литар вода мене ми треба повеќе струја?


Ние тричлено семејство вкупно за сите потреби трошиме годишно 1800-2000кв или просек сметка за струја ми е 1200 денари. А ако правиме муабет само за бојлерот не верувам дека повеќе од 500кв годишно затоа што скоро 3 месеци користам дополнително топла вода од парното (бојлерот ми е комбиниран) со што проточниот бојлер никогаш нема да може да ја има таа опција...

Јас бидејќу сум all-electric одамна немам видено сметка од 1200 ден. :)
2 клими + проточен бојлер ја пумпаат сметка прилично над 1200.

Но тоа пак не значи дека ако бојлерот го грееш преку топловодно или парно не троши. Во калкулацијата треба да го внесеш вкупниот потрошен енергенс освен ако не е со дрвата од комшијата :)

Присутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5231
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #678 на: 14 Јануари 2015, 14:49:06 pm »
И јас нешто се распрашувам за проточен, меѓутоа скопскава вода е полна со бигор, а бигорот правел доста проблеми на проточни бојлери. Ми кажаа дека решение било да го наштелуваш бојлерот на (грубо) 40 степени и така фаќал значително помалку бигор. Колку е ова точно незнам.

Тоа е добра пракса и за обичните бољери, на зададена пониска температура се ствара помалку бигор на грејачот и во казанот. Но за таква пракса треба и бољер со казан од поголем капацитет.
На пример наместо 60литри да ги загреваш на 60-70 степени... ќе загрееш 120 литри вода, на некои 38-40 степени температура. За ваква пракса се интересни бољерите кои имаат опција да не дополнуваат вода во казанот како што ја трошиш истата (ако добро го разбирам ова).

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #679 на: 14 Јануари 2015, 14:50:19 pm »
И јас нешто се распрашувам за проточен, меѓутоа скопскава вода е полна со бигор, а бигорот правел доста проблеми на проточни бојлери. Ми кажаа дека решение било да го наштелуваш бојлерот на (грубо) 40 степени и така фаќал значително помалку бигор. Колку е ова точно незнам.

Потполно електронските ги подесуваш на температура која ти е комфорна за бањање и не ја мешаш со ладна.
За лето 35-38С, за зима 37-42. Мојот е со RF далечинско и ја штелувам и во текот на бањање - најчесто почнувам со поладна а завршувам со потопла.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13601
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #680 на: 14 Јануари 2015, 14:51:26 pm »
Јас користам проточен бојлер за во купатило од некаде јуни 2002 година.
Едниот рикна, зедов ист пак ете го работи (овој се погоди).
Siemens.

Е сеа слободно можам да кажам дека лапа МНОГУ струја. 21KW е ако не се лажам.
Позитивната страна е што имаш топла вода кога и колку сакаш.

Сакав во новиов стан во Скопје пак да ставам проточен, ама ради бигорот не се осмелувам. Знам многу луѓе што ги фрлија проточните бојлерчиња. 15000 денари да го фрлам за една година...но тенк ју.

Нека се потсреди времето ќе побарам од куќен совет и така сум на последен спрат да си ставам сончев колектор. Барем пролетта, летото и есента да имам топла вода кога и колку сакам.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6643
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #681 на: 14 Јануари 2015, 14:54:01 pm »
Мене ми требаа 1450 KW за трочлено семејство за цела година 2014 година.

Прашањето е колку ти требаат тебе, за истите потреби?

Ти имаш бојлер на струја со греач со ефективност 0.98 (од 1KW струја право 0,98KW топлина). И јас имам бојлер на струја со греач со иста ефективност.
Од каде на памет ти доаѓа дека еден за литар вода мене ми треба повеќе струја?


Ние тричлено семејство вкупно за сите потреби трошиме годишно 1800-2000кв или просек сметка за струја ми е 1200 денари. А ако правиме муабет само за бојлерот не верувам дека повеќе од 500кв годишно затоа што скоро 3 месеци користам дополнително топла вода од парното (бојлерот ми е комбиниран) со што проточниот бојлер никогаш нема да може да ја има таа опција...

Јас бидејќу сум all-electric одамна немам видено сметка од 1200 ден. :)
2 клими + проточен бојлер ја пумпаат сметка прилично над 1200.

Но тоа пак не значи дека ако бојлерот го грееш преку топловодно или парно не троши. Во калкулацијата треба да го внесеш вкупниот потрошен енергенс освен ако не е со дрвата од комшијата :)
Зоки, греењето ми е централно па фиксна ми е сметката. Готвењето на плин, стратегијата со бојлерот на ефтина одлично делува, намерно купен комбиниран бојлер за максимално  да искористувам енергија, штедливи сијалици и лед тв... Таа е формулата :)

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #682 на: 14 Јануари 2015, 14:54:36 pm »

Тоа е добра пракса и за обичните бољери, на зададена пониска температура се ствара помалку бигор на грејачот и во казанот. Но за таква пракса треба и бољер со казан од поголем капацитет.
На пример наместо 60литри да ги загреваш на 60-70 степени... ќе загрееш 120 литри вода, на некои 38-40 степени температура.

Баш и не.

Заради дополнувањето со ладна вода, тие 38-40 брзо ке паднат на 34 а на таа температура веке не е воопшто пријатно.
Оптимално е 65 од аспект на енергетска ефикасност и по директива на ЕУ сите нови имаат зелена зона на таа темп

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #683 на: 14 Јануари 2015, 15:26:45 pm »
Зоки, греењето ми е централно па фиксна ми е сметката. Готвењето на плин, стратегијата со бојлерот на ефтина одлично делува, намерно купен комбиниран бојлер за максимално  да искористувам енергија, штедливи сијалици и лед тв... Таа е формулата :)

хехе, значи греењето на бојлерот ти е сепак на „дрвата од комшијата“. Се шалам.

Тоа е супер, сега ми е разбирлива сметка од 1200 ден за ЕВН.

Но вкупните расходи по основ на енергенси - струја, топлификација, плин - ти се (претпоставувам) над 4.000+ ден месечно . Мене ми се околу 3.200 на средно годишно ниво со вклучено ладење.

Тебе сето штедење ти го топи топлификација.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6103
  • 69
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #684 на: 14 Јануари 2015, 16:30:07 pm »
Кога се зборува за греење на вода на евтина струја, останува да се анализира и колку е добра изолацијата кај денешниве бољери. Пошто џабе дупло поевтино загревање, ако во меѓувреме до моментот на искористување се загубат повеќе од 50% од акумулираната топлина. Плус со тоа се намалува и волуменот на достапна вода со посакувана температура, пак ќе треба да се догрева.
Еве јас многу брендови на бољери рагледував (а ве читав и на форумов), и кај малку од нив воопшто е декларирана дебелината на изолацијата а често ни материјалот не го листаат. Ете ги Тинг, они имаат декларирано 25мм полиуретанска пена обвиена окулу казанот. Што најверојатно е подобро од стандардните 3-4см камена волна што обично се рола окулу казанот, кај повеќето бољери.

Значи топлотни загуби секако ќе има, еве сегашниов бољер (Леов од 80литри) кај мене зимава се лади барем 50% за некои 5-6 саати (произволно кажано, не сум мерел). Кај поквалитетни бољери со подобра изолација, колкава загуба ќе има за толку време... би рекол барем некои 25%?
.
.
.
.
.
П.С. Те чекам за визуелизација на тоа со сајлите.  :)

Јас сум противник за обичен бојлер во кујна. Од проста причина што еднаш или два пати ке измиеш тањири и слично. Вкупно нека биде половина час миење тањири, значи 3,5 киловати ке потрошиш, ако греачот ти е 7 киловати, како во мојот случај и е на две фази.
Ако купиш од другине, кај нив е 5,7 киловати, значи за пола саат ке потрошиш 2 и кусур киловати.
Со класично бојлерче, верувам нема нон стоп пали гаси да му правиш, 10литра ке се грејат постојано. Пушти минута време чешмата, ке се уклучи. АКо не работиш ништо, на саат или два ке се уклучи. АКо имаш за миење 10 тањира, пример сеа лупам, ке измиеш 5 и ке снемаш топла вода. Па ке продолжиш со ладна. Загреаната после нема да ја користиш, истата за некое време ке се олади и се така во круг. Греачите им се по 3 киловати.
Ова е некоја проста математика и практичност околу проточен во кујна и обичен во кујна.
Доколку одиш на класичен во кујна, земи си Горење. Најдобра понуда од тоа што се нуди на пазарот и покрај тоа што казанот е пластичен.

Тинг?
Кога цркна старото кончар, старо преку 35 години, односно не цркна него се запуши цевката, бетон стана, морав ново. Купив ТИНГ со иноксен казан и покрај тоа што беше најгрдото бојлерче на планетата, и покрај тоа што беше со најнеквалитетен лим и пластика направено, мислејќи дека надворешниот изглед воопшто не е важен а беше најскапо 4200 денари.Толку е и сега.
Но, за моја несреќа, три пати во гарантен рок се менуваше термостат.
И што е најинтересно првиот пат јас приметив дека не е во ред па реагирав навремено. Вториот пат практично бојлерот прегреал па почнал да чури, да испарува да пука, да врие, па настаналл прав хаос дома, а третиот пат едноставно цркна скроз. И последниот што го стави сервисерот рече дека бил поквалитетен наводно.
На страна тоа, изолација има два сантима стаклена волна. Многу брзо се лади водата во него. Казанот е прохром, ок, ама да поработеа на останатите работи не ке беше лошо. Некако тоа со термостатот и изолацијата и најгрдата изработка во свет не ми дозволија да купам класичен бојлер од 100л. Нензнам дали и големите имаат така слаба изолација како и овој.
За аристон имам сознанија дека казаните им се права катастрофа, дека траат по 3 години максимум и секоја година е среќа доколку функционира. Фаќаат многу бигор и ред други ствари. Незнам за ова, но имам таква информација. Одма ги рипнав и нив.
Поминав на Горење и сега за сега е сосема солиден. Од она што приметив е дека има одлична изолација, не е тервол него е смеса како пурпена, тврда, солиден и пристоен изглед, добро изработен и сега за сега е одлично функционален.

Си сака добро размислување.

За сајлите штом стигнам дома ке ти импровизирам нешто и ке ти испратам да видиш :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6442
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #685 на: 14 Јануари 2015, 17:16:06 pm »
Мене ми требаа 1450 KW за трочлено семејство за цела година 2014 година.

Истото и кај нас со стандарден бојлер, 3 кв грејач, се пушта секој само на ефтина струја навечер или рано наутро пред моите да идат на работа, а претходно се пушташе само преку ден кога со стариот саат за струја имавме ефтина и преку ден. И не се лади за 3 саати, туку си тера, може да истера во наредни 12 часа откако последен пат си го наполнил, да не се лажеме.
На годишно ниво е тука, 1400-1600 кв. :)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6103
  • 69
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #686 на: 14 Јануари 2015, 18:07:32 pm »
Кога се зборува за греење на вода на евтина струја, останува да се анализира и колку е добра изолацијата кај денешниве бољери. Пошто џабе дупло поевтино загревање, ако во меѓувреме до моментот на искористување се загубат повеќе од 50% од акумулираната топлина. Плус со тоа се намалува и волуменот на достапна вода со посакувана температура, пак ќе треба да се догрева.
Еве јас многу брендови на бољери рагледував (а ве читав и на форумов), и кај малку од нив воопшто е декларирана дебелината на изолацијата а често ни материјалот не го листаат. Ете ги Тинг, они имаат декларирано 25мм полиуретанска пена обвиена окулу казанот. Што најверојатно е подобро од стандардните 3-4см камена волна што обично се рола окулу казанот, кај повеќето бољери.

Значи топлотни загуби секако ќе има, еве сегашниов бољер (Леов од 80литри) кај мене зимава се лади барем 50% за некои 5-6 саати (произволно кажано, не сум мерел). Кај поквалитетни бољери со подобра изолација, колкава загуба ќе има за толку време... би рекол барем некои 25%?

Нема потреба да кажувам, дека кога ова и го покажав на невестата, добив... негативни критики за естетскиот дизајн (ова е благо кажано, а целосното излагање не е прикладно за на јавен форум).   ;D


Сакав да кажам дека ова изгледа грдо, но многу помага. ако ништо повеќе за 30% па и 40% ке ја задржи водата подолго време топла.

Него да се вратам на сајлите. Еве ти класична сајла од кочница за точак.
Варијантата која е 100% сигурна и функционира е следнава:
Доволно е да го направиш ова само со две сајлички, ништо повеќе.




Од едната страна се пика во дупчето за штрафот, и од другата на држачот од климата. Кај што ми се прстите ја стегаш сајлата и си го решил проблемот. Има специјални шелнички за спојување на сајлата. Ако не успееш да најдеш такви, ондак искористи лустер клема. Протни ги двата краја низ неа и стегни со двете штрафчиња. Просто ко пасуљ што би рекле србите.
Или друга варијанта, која ако дувне ураган ке ти ја турне климата, пошто не е низ дупчињата протната сајличката:




BTW ако дувне ураган, ке биде чудно и куќата да остане а па не климата :)
Ако гумиците попуштат, скапат, или било што, прво ке осетиш разлика и невообичаен звук од дотогашниот. Се слуша ебаго (по прилепски).
Ама да падне, нема сигурно :)
Па ке си видиш и ке знаеш дека треба да направиш нешто во врска со тоа.

:)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16005
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #687 на: 14 Јануари 2015, 22:58:44 pm »
Јас користам проточен бојлер за во купатило од некаде јуни 2002 година.
Едниот рикна, зедов ист пак ете го работи (овој се погоди).
Siemens.

Е сеа слободно можам да кажам дека лапа МНОГУ струја. 21KW е ако не се лажам.
Позитивната страна е што имаш топла вода кога и колку сакаш.

Сакав во новиов стан во Скопје пак да ставам проточен, ама ради бигорот не се осмелувам. Знам многу луѓе што ги фрлија проточните бојлерчиња. 15000 денари да го фрлам за една година...но тенк ју.

Нека се потсреди времето ќе побарам од куќен совет и така сум на последен спрат да си ставам сончев колектор. Барем пролетта, летото и есента да имам топла вода кога и колку сакам.

ти си нај горе, во нова зграда, во која сеуште нема куќен совет... турај и не прашувај многу. зашто ако прашаш ке се најде некој паметен да ти рече да плаќаш за користење на кровот, бидејки е заеднички нели... ти кажувам од искуство, нели, тоа работам...

ако си решен финансиски да го направиш тоа, турај го, ќути и терај си...  кога ке прашаат чив е, кажи си дека е твој и пак ќути си...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Deno

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2606
  • Custom made interiors
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #688 на: 15 Јануари 2015, 01:43:10 am »
Со што и како да го исчистам стаклото од каминот?

Присутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5231
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #689 на: 15 Јануари 2015, 03:01:19 am »
Навистина не знам со што се чисти стаклото, но мислам дека подобро прашање би било како истото да не ти се прља... :)

Потребно е воздушно перде, хоризонтален отвор за воздух над стаклото. Со тоа се прави струење на водухот кое не дава да се прават саѓи на стаклото. Еден колега има сам направено такво нешто на неговата печка.
Друга работа е што најверојатно согорувањето ти е неефикасно, најверојатно пошто многу го намалуваш доводот на воздух. Луѓето често купуваат предимензионирани камини/печки, и после мораат да ги горат пригушени (со намелен довод на кислород). Така се прават саѓи и флеки на стаклото, и се затнува оџакот. Башка што согорувањето е неефикасно па и до 90% од енергијата во дрвото, бега надвор низ оџакот во вид на саѓи и несогорени материи.
Ова е и една од главните причини за смогот во Скопје. Заедно со Железара, и Топлификација, и сообраќајот, и недостатокот од ветрови...



Од едната страна се пика во дупчето за штрафот, и од другата на држачот од климата. Кај што ми се прстите ја стегаш сајлата и си го решил проблемот. Има специјални шелнички за спојување на сајлата. Ако не успееш да најдеш такви, ондак искористи лустер клема. Протни ги двата краја низ неа и стегни со двете штрафчиња. Просто ко пасуљ што би рекле србите.

Фала баче. Добри идеи даваш, и основи за размислување. Мене лично ми изгледа поедноставно да го направам истово со дебела бакарна жица (2-3мм). Усукување на таква жица ми изгледа и појако и поедноставно од тие шелничките за салји.
Плус стратешки поставени парчиња гума под жицата (внатрешна од точак, на пример), за да не се прави звук од евентуални вибрации.

Друг момент за размислување се материјалите за тие сајлентблоковите, изгледа ги прават и од потрајни материјали. Но секако и гумените ќе завршат работа. Заштитени под стреа и надвор од директни влијанија како сонце и вода, мислам дека ќе издржат подоста години.
А и не е дека новиве инвертор модели на клими постојано вртат на макс вртежи (и вибрации).