Кога се зборува за греење на вода на евтина струја, останува да се анализира и колку е добра изолацијата кај денешниве бољери. Пошто џабе дупло поевтино загревање, ако во меѓувреме до моментот на искористување се загубат повеќе од 50% од акумулираната топлина. Плус со тоа се намалува и волуменот на достапна вода со посакувана температура, пак ќе треба да се догрева.
Еве јас многу брендови на бољери рагледував (а ве читав и на форумов), и кај малку од нив воопшто е декларирана дебелината на изолацијата а често ни материјалот не го листаат. Ете ги Тинг, они имаат декларирано 25мм полиуретанска пена обвиена окулу казанот. Што најверојатно е подобро од стандардните 3-4см камена волна што обично се рола окулу казанот, кај повеќето бољери.
Значи топлотни загуби секако ќе има, еве сегашниов бољер (Леов од 80литри) кај мене зимава се лади барем 50% за некои 5-6 саати (произволно кажано, не сум мерел). Кај поквалитетни бољери со подобра изолација, колкава загуба ќе има за толку време... би рекол барем некои 25%?
.
.
.
.
.
П.С. Те чекам за визуелизација на тоа со сајлите.
Јас сум противник за обичен бојлер во кујна. Од проста причина што еднаш или два пати ке измиеш тањири и слично. Вкупно нека биде половина час миење тањири, значи 3,5 киловати ке потрошиш, ако греачот ти е 7 киловати, како во мојот случај и е на две фази.
Ако купиш од другине, кај нив е 5,7 киловати, значи за пола саат ке потрошиш 2 и кусур киловати.
Со класично бојлерче, верувам нема нон стоп пали гаси да му правиш, 10литра ке се грејат постојано. Пушти минута време чешмата, ке се уклучи. АКо не работиш ништо, на саат или два ке се уклучи. АКо имаш за миење 10 тањира, пример сеа лупам, ке измиеш 5 и ке снемаш топла вода. Па ке продолжиш со ладна. Загреаната после нема да ја користиш, истата за некое време ке се олади и се така во круг. Греачите им се по 3 киловати.
Ова е некоја проста математика и практичност околу проточен во кујна и обичен во кујна.
Доколку одиш на класичен во кујна, земи си Горење. Најдобра понуда од тоа што се нуди на пазарот и покрај тоа што казанот е пластичен.
Тинг?
Кога цркна старото кончар, старо преку 35 години, односно не цркна него се запуши цевката, бетон стана, морав ново. Купив ТИНГ со иноксен казан и покрај тоа што беше најгрдото бојлерче на планетата, и покрај тоа што беше со најнеквалитетен лим и пластика направено, мислејќи дека надворешниот изглед воопшто не е важен а беше најскапо 4200 денари.Толку е и сега.
Но, за моја несреќа, три пати во гарантен рок се менуваше термостат.
И што е најинтересно првиот пат јас приметив дека не е во ред па реагирав навремено. Вториот пат практично бојлерот прегреал па почнал да чури, да испарува да пука, да врие, па настаналл прав хаос дома, а третиот пат едноставно цркна скроз. И последниот што го стави сервисерот рече дека бил поквалитетен наводно.
На страна тоа, изолација има два сантима стаклена волна. Многу брзо се лади водата во него. Казанот е прохром, ок, ама да поработеа на останатите работи не ке беше лошо. Некако тоа со термостатот и изолацијата и најгрдата изработка во свет не ми дозволија да купам класичен бојлер од 100л. Нензнам дали и големите имаат така слаба изолација како и овој.
За аристон имам сознанија дека казаните им се права катастрофа, дека траат по 3 години максимум и секоја година е среќа доколку функционира. Фаќаат многу бигор и ред други ствари. Незнам за ова, но имам таква информација. Одма ги рипнав и нив.
Поминав на Горење и сега за сега е сосема солиден. Од она што приметив е дека има одлична изолација, не е тервол него е смеса како пурпена, тврда, солиден и пристоен изглед, добро изработен и сега за сега е одлично функционален.
Си сака добро размислување.
За сајлите штом стигнам дома ке ти импровизирам нешто и ке ти испратам да видиш