Хехе @SaleSk
знаев дека ќе ме разбереш, ама не претпоставував дека до иста замисла си дошол (па дури и си ја реализирал). 
Мислам дека разбирам за тоа со сајлите, само каде би ги прицврстил (лабаво)? Долу некаде на „ногите„ на кои надворешната единица се прицврстува на носачите?
Јас мислев да се заварат пар парчиња железо под климата меѓу профилите, и понекоја железна прачка одстрана како граничник. Во случај на кинење на баферите, нема климата да има каде да „одшета„, а ќе се слушне буката.
Ke ти нацртам или па практично ке ти поставам слика аз да видиш кај би се прицврстило.
Океј, ја обратно мислев дека ти се поставени профилите, како год, и ова е решение.
Нема потреба од варење и ставање прачки и слично. Со малите сајлички е наједноставно.
Него, и мене многу ме интересира за проточни бољери. Сум слушал дека некои од нив се расипуваат по неколку години, а често се работело за некои мембрани кои ако се залиени во пластика не може ни да се поправаат, туку цел проточен бољер иде во ѓубре. Башка со нашава тврда вода... Ти гледам една година го имаш бољерот, ама има ли некој консенсуз за трајноста на бољериве?
Ја на лето секако ќе гледам нешто соларно да ставам (за загревање вода), но не знам дали да се заебавам и со проточен бољер за зимно време... Мислам дека секако се поекономични (нема загуби како со ладење на водата во казаните), читам дека најверојатно се безбедни (ама не сум истражил детално за ова), но не знам за век на траење и колку ќе исплатат самите себе на подолг рок.
Моето искуство со проточен бојлер.
Имено сакав да ставам и за тушурање, бањање и слично, но во последен момент се одлучив да ставам класичен бојлер. Заради тоа што планирав да ставам и соларно греење на водата која во моментот ми функционира ОК, па така да секој сончев ден ми е топла вода бесплатно.
Проточниот е топ бојлер, но со нашава вода гледам дека луѓево имаат проблем.
Сименсите имаат проблем со склопките, а останатите со цркање на греачите.
Односно има неколку фирми, т.е. Siemens, Stiebel Eltron, Vaillant, AEG, Termil....
Сите освен последната фирма се странски и познати во светот.
Заради типот на чешмата и начинот на поврзување ми одговараше Vaillant-от.
Го купив како кујнско бојлерче, мало згодно, перфектно. Топла вода на 40 степени, протокот намален нормално за да ја има таа температура, односно греач од 5,7 киловати.
Бојлерчето работеше добри 7 месеци и цркна. На сервис ми рекоа дека не се поправа и ке ми дадат ново. НО, новото беше бојлерче кое работи под притисок, а старото беше кое работи без притисок, односно притисок 0 бари. Да не објаснувам што е и како разликата, небитно.
Ми вратија пари, околу 7000 денари.
Не сакајќи да купам класичен, гледав други алтернативи, и сепак се одлучив за Termil Kraljevo, производ од Србија. Го купив од Агротехна, работи на две фази, греач од 7 киловати.
Сега за сега е добар, па ке видиме понатаму. Значи бојлерчето се користи само за миење садови и раце

Има малку поразличен принцип на греење на водата од овие софистицираниве, странскиве да речам и нема наводно проблем со тврдоста на водата, по кажување на производителот, бидејќи греачот е поразличен од другиве.
Не навлагав што и како но за 2700 денари е одлична понуда. Се водат како оштетена роба, има и поснажни, грди се на изглед, но со оглед на тоа дека ми е у садопер, никој не го гледа

А и мене ми се погоди капакот да не е пожолтен воопшто (тоа е маана).
Проточен бојлер има многу предности, но ете, кај нас и маани.
И покрај тоа што сакав да имам квалитетен производ, испадна дека и тоа не може да истера кај нас. Греачот од бигор рикнал, за само 7 месеци.
Овој го користам месец дена, па ке видиме дали ке тера
