Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1199470 пати)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #660 на: 14 Јануари 2015, 13:01:57 pm »
Практично за да се деси катастрофа би требало 4те бафери да се искинат и климата да „одшета„ од држачите...?
Лаичко прашање број два, за мали поместувања на надворешната единица, не мора вадење на цевките кон внатрешната единица?

Препоставувам дека е така, ама во секој случај тогаш изгледа дека најзгодни за менување се „дупло женските„ бафери како овие:



Јас пред да ја ставам фасадата држачите за климите ги поставив директно во ѕид, иако сервисерите од продавниците за клими ме убедуваа дека подобро било директно на фасада да се намонтираат држачите. Демек така помалку вибрации ќе имало... што најверојатно е така, но на штета на механички и структурни оштетувања на фасадата.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #661 на: 14 Јануари 2015, 13:02:40 pm »
колку кв ти е проточниот бојлер?

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #662 на: 14 Јануари 2015, 13:17:49 pm »
Практично за да се деси катастрофа би требало 4те бафери да се искинат и климата да „одшета„ од држачите...?
Лаичко прашање број два, за мали поместувања на надворешната единица, не мора вадење на цевките кон внатрешната единица?

Препоставувам дека е така, ама во секој случај тогаш изгледа дека најзгодни за менување се „дупло женските„ бафери како овие:
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)


Јас пред да ја ставам фасадата држачите за климите ги поставив директно во ѕид, иако сервисерите од продавниците за клими ме убедуваа дека подобро било директно на фасада да се намонтираат држачите. Демек така помалку вибрации ќе имало... што најверојатно е така, но на штета на механички и структурни оштетувања на фасадата.

Tочно. За да одлета треба сите 4 да се напарват пепел. Ако се распаѓаат за толку кратко време, нема да тераат ни на колите повеќе од 2 години под сите тие екстремни надворешни зимски услови (снег, вода, мраз сонце, топло, ладно, сол, вибрации, тресење, кал, итн итн).
Во услови монтирани да балансираат клима, изложеноста на сите овие фактори е намалена на половина...

Инаку околу монтирање на држачите за истата.
Незнам дали си монтирал некоја надворешна сијалица на фасада? Јас побудалев со 5 сијалици, кои тежат неколку грама, а не па тек да монтираш клима од 35 кила???
И никад нема да биде стегнато тоа како што треба.
Најпаметно си направил што си ги монтирал држачите пред фасадата!

И за да ја подигнеш единицата за да ги наместиш баферите не треба да ги истегнуваш цевките, сепак за многу се работи. Веројатно оставиле монтерите фазла цевки од неколку сантима, барем за анулирање ан вибрациите ако ништо друго.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се оста&
« Одговори #663 на: 14 Јануари 2015, 13:29:49 pm »
Наскоро треба да ми се монтираат климите, првин морам да привршам некои работи внатре па тек после монтажата... ионака не ми се брза, тек кога ќе се вселам ќе ми требаат климите. Башка еве се учат нови работи, како ова со бафериве.  :)


И за да ја подигнеш единицата за да ги наместиш баферите не треба да ги истегнуваш цевките, сепак за многу се работи. Веројатно оставиле монтерите фазла цевки од неколку сантима, барем за анулирање ан вибрациите ако ништо друго.
Едната клима ќе биде под еркери, под спратот каде е надворешната единица... таму ќе требаат некои 4-5 метри цевки, ама ќе кажам да остават два-триесет сантими фазла.

Втората клима, надворешната единица ќе биде само малку пониско од внатрешната, на истиот ѕид. Ама нагласив дека барем 3 метри цевки сакам да има (ќе ги свиткаат во круг), за да се не се слуша фреонот во внатрешната единица (а наводно се слушало со пократки цевки). Ионака стандардно со климите иде кит со цевки од 3метри, не е дека можат да ти наплатат а и препораки од производителот е баш минимум од 3метри (но некои монтери љубат да си го земаат за себе вишокот, бакарни цевки се релативно скапи).


Ќе треба да се размисли за некоја сигурносна мерка, како обезбедување од паѓање. За еднава клима веќе имам идеја, пошто наместо класични носачи си наместив L железни профили под еркерите. Некаква логика ми имаше дека ќе има помалку вибрации, пошто на две места е прицврстен профилот. Ај ќе гледам да постирам некоја фотографија, претпоставувам дека овака не сум баш многу јасен.  :P

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #664 на: 14 Јануари 2015, 13:36:12 pm »
колку кв ти е проточниот бојлер?

18-21-24 KW, се штелува со џампери во самиот бојлер.

Мене поставен на 18KW, за 24KW мислам треба да го зголемам пресекот на каблите.
Иако е поставена на 18KW, при максимален проток (8-9 л/мин) на топла вода на 38С анагажира ~75% од моќноста (барем така прикажува повер барот на дисплејот)

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #665 на: 14 Јануари 2015, 13:44:27 pm »
Значи просек тројца да се тушираат по 20 минути дневно 15кв ориентално... Јас имам аристон со греач од 1.8кв, значи 2 бојлера да се испукаат просек по час и пол (и тоа е многу) ориентационо доаѓа не повеќе од 6кв па не гледам воопшто логика дека проточниот е поекономичен од обичниот...

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #666 на: 14 Јануари 2015, 13:49:47 pm »
@Van
Знам какви носачи од Л профили си наместил. И моите клими се на такви монтирани, освен едната за која отидов и купив држачи за 250 денари.
Верувај ми дека нема да падне климата. Опушти се. Ако сакаш да се осигураш, можеш на две места да ставиш мали сајлички, кои ке бидат лабави, нема да притискаат но доколку се случи да скапат баферите и климата да ти виси, може во најлош случај да се лизне од држачот и да си виси на сајлата. Незнам дали ме разбираш што ти кажувам, но можам да ти нацртам како би изгледало тоа. ;) Со малку труд и тоа се решава и обезбедува 100%.
А И ДА ПАДНЕ, нема да се сруши доле, него ке остане да виси на цевките и кабелот.
Како на пример во овој случај (сликано на клиника :) ) :
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #667 на: 14 Јануари 2015, 13:52:54 pm »
И јас и ти имаме заедничка константа: за да загрееме еден литар вода ни треба исто количество струја. И тука почнуваат и завршуваат сите сличности.

Јас трошам 100 литри вода на 38С и ама баш толку и греам.

Ти грееш 200 литри вода на 65С, а користиш 100. Другата половина е изладена на 32,5С и со неа можеш да се миеш раце, заби или идноставно да ја оставиш да се излади.

Е ај сега направија горната математика или стави си мерач на потрошувачка па види колку трошиш за месец.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #668 на: 14 Јануари 2015, 13:57:42 pm »
Зоки со добар бојлер јас имам мнгоу бенефит зашто? Затоа што добриот бијлер со добра изолација пред легнување го пуштам на 3/4 на ефтина струја и сабајле на станување го гаснам. Бенефитот е: цел ден топла вода за ситни потреби плус комотно има еден да се истушира и сето тоа со не повеќе од 3кв ефтина струја што е еднакво во цена на 1.5кв скапа преку ден... Колку кв ти требаат тебе за истите потреби што јас ги правам со 1.5кв скапа струја со проточниот бојлер?

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #669 на: 14 Јануари 2015, 14:02:54 pm »
Хехе @SaleSk
знаев дека ќе ме разбереш, ама не претпоставував дека до иста замисла си дошол (па дури и си ја реализирал).   :D

Мислам дека разбирам за тоа со сајлите, само каде би ги прицврстил (лабаво)? Долу некаде на „ногите„ на кои надворешната единица се прицврстува на носачите?
Јас мислев да се заварат пар парчиња железо под климата меѓу профилите, и понекоја железна прачка одстрана како граничник. Во случај на кинење на баферите, нема климата да има каде да „одшета„, а ќе се слушне буката.


Иначе ако некој друг не разбира за што зборуваме, еве ги L држачите поставени под еркери (под стреа, заради заштита од дожд и снег):




Користам електронски проточен бојлер и за една година ни загреа 110м3 вода и потроши 1250KW (не, не сум јас луд :) , туку самиот проточен бојлер има отчитување на потрошувачките ) што е 120 KW/месечно и е смешно малку во однос на комфорот кој го имаме и што никој не се оптеретува кога и колку се тушира, мие раце, пере заби и слично.
Да се вратам на примерот со комшивката. Таа вероватно се однесува слично како нас, има секогаш топла вода ама од 2 класични бојлери, грее нон-стоп околу 100 литри вода и има вероватно слична потрошувачка на струја со нашата. Супер, ама има 5 пати помалку потреба а иста потрошувачка.

Ако продолжам со анализа за шпорет, фрижидер, машина за алишта, садови, осветлување ... отиде SQL базата на форумов :)

Немаат гајле базите од текст, а фотографиите и онака не се хостираат на форумов.
Него, и мене многу ме интересира за проточни бољери. Сум слушал дека некои од нив се расипуваат по неколку години, а често се работело за некои мембрани кои ако се залиени во пластика не може ни да се поправаат, туку цел проточен бољер иде во ѓубре. Башка со нашава тврда вода... Ти гледам една година го имаш бољерот, ама има ли некој консенсуз за трајноста на бољериве?

Ја на лето секако ќе гледам нешто соларно да ставам (за загревање вода), но не знам дали да се заебавам и со проточен бољер за зимно време... Мислам дека секако се поекономични (нема загуби како со ладење на водата во казаните), читам дека најверојатно се безбедни (ама не сум истражил детално за ова), но не знам за век на траење и колку ќе исплатат самите себе на подолг рок.



И само да дигресирам малку со една интересна „финта„ за фрижидерите (плус пошто ги спомна), дека ако на некој не му е важна естетиката (и просторот): хоризонтални замрзнувачи -сандуци, во комбинација со еден термостат свич прават одличен фриждер со минимална потрошувачка на струја.
Размислете, имаат многу подобра топлотна изолација од стандардните фрижидери, што значи и помали сметки за ладење. Плус хоризонталната изведба значи и дека целиот тој изладен воздух внатре нема да „истече„ надвор со секое отварање на вратата на фрижидерот. Се разбира може истово да се изведе и со вертикален замрзнувач.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #670 на: 14 Јануари 2015, 14:03:24 pm »

Јас само сакам да инвестирам во енергетски-ефикасна, технолошки напредна и современа (што само по себе следува и скапа) опрема, не оти имам пари сега, туку за да имам пари после.

Ако си во фаза на вложување во нова опрема, или менуваш стара, најдобро е да се земе енергетски најефикасната која за парите што си ги предвидел да ја земеш. Почнувајќи од сијалици, па до бојлер.

Единствена маана со проточните бојлери е што трошат претежно скапа струја (освен ако не се тушираш после 22.00 навечер). Класичен бојлер може со помош на тајмер да ја искористи ефтината струја, па насабајле (и претежно во текот на целиот ден), да имаш топла вода по упола цена. Евентуално навечер може да има потреба од догревање.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #671 на: 14 Јануари 2015, 14:14:30 pm »
Цитат
Зоки со добар бојлер јас имам мнгоу бенефит зашто? Затоа што добриот бијлер со добра изолација пред легнување го пуштам на 3/4 на ефтина струја и сабајле на станување го гаснам. Бенефитот е: цел ден топла вода за ситни потреби плус комотно има еден да се истушира и сето тоа со не повеќе од 3кв ефтина струја што е еднакво во цена на 1.5кв скапа преку ден... Колку кв ти требаат тебе за истите потреби што јас ги правам со 1.5кв скапа струја со проточниот бојлер?

Мене ми требаа 1450 KW за трочлено семејство за цела година 2014 година.

Прашањето е колку ти требаат тебе, за истите потреби?

Ти имаш бојлер на струја со греач со ефективност 0.98 (од 1KW струја право 0,98KW топлина). И јас имам бојлер на струја со греач со иста ефективност.
Од каде на памет ти доаѓа дека еден за литар вода мене ми треба повеќе струја?

Цитат
Единствена маана со проточните бојлери е што трошат претежно скапа струја (освен ако не се тушираш после 22.00 навечер). Класичен бојлер може со помош на тајмер да ја искористи ефтината струја, па насабајле (и претежно во текот на целиот ден), да имаш топла вода по упола цена. Евентуално навечер може да има потреба од догревање.

Точно.

Но имаме ли ние секој ден потреба од цел бојлер?
А дали ни е доволен секој ден еден бојлер?
И дали цел тој бојлер ни е потребен во моментот кога завршила ефтината струја или пак се лади преку цел ден неповратно?
Што ако денес не ми е потребно воопшто топла вода?
Што ако сакам да се бањам, а некој веќе ми го испразнил?
Што со преостанатите 80 литри загреани на 35С? Се ладат до сабајле додека повторно уклучи тајмерот и почне да ги грее на ефтина?

Добро би било некој да измери колку е месечната потрошувачка на класичен бојлер, ќе имаме релевантен податок за компарација.
« Последно менување: 14 Јануари 2015, 14:26:30 pm ZokiPet »

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #672 на: 14 Јануари 2015, 14:20:05 pm »
Хехе @SaleSk
знаев дека ќе ме разбереш, ама не претпоставував дека до иста замисла си дошол (па дури и си ја реализирал).   :D

Мислам дека разбирам за тоа со сајлите, само каде би ги прицврстил (лабаво)? Долу некаде на „ногите„ на кои надворешната единица се прицврстува на носачите?
Јас мислев да се заварат пар парчиња железо под климата меѓу профилите, и понекоја железна прачка одстрана како граничник. Во случај на кинење на баферите, нема климата да има каде да „одшета„, а ќе се слушне буката.

Ke ти нацртам или па практично ке ти поставам слика аз да видиш кај би се прицврстило.
Океј, ја обратно мислев дека ти се поставени профилите, како год, и ова е решение.
Нема потреба од варење и ставање прачки и слично. Со малите сајлички е наједноставно.

Него, и мене многу ме интересира за проточни бољери. Сум слушал дека некои од нив се расипуваат по неколку години, а често се работело за некои мембрани кои ако се залиени во пластика не може ни да се поправаат, туку цел проточен бољер иде во ѓубре. Башка со нашава тврда вода... Ти гледам една година го имаш бољерот, ама има ли некој консенсуз за трајноста на бољериве?

Ја на лето секако ќе гледам нешто соларно да ставам (за загревање вода), но не знам дали да се заебавам и со проточен бољер за зимно време... Мислам дека секако се поекономични (нема загуби како со ладење на водата во казаните), читам дека најверојатно се безбедни (ама не сум истражил детално за ова), но не знам за век на траење и колку ќе исплатат самите себе на подолг рок.

Моето искуство со проточен бојлер.
Имено сакав да ставам и за тушурање, бањање и слично, но во последен момент се одлучив да ставам класичен бојлер. Заради тоа што планирав да ставам и соларно греење на водата која во моментот ми функционира ОК, па така да секој сончев ден ми е топла вода бесплатно.
Проточниот е топ бојлер, но со нашава вода гледам дека луѓево имаат проблем.
Сименсите имаат проблем со склопките, а останатите со цркање на греачите.
Односно има неколку фирми, т.е.  Siemens, Stiebel Eltron, Vaillant, AEG, Termil....
Сите освен последната фирма се странски и познати во светот.
Заради типот на чешмата и начинот на поврзување ми одговараше Vaillant-от.
Го купив како кујнско бојлерче, мало згодно, перфектно. Топла вода на 40 степени, протокот намален нормално за да ја има таа температура, односно греач од 5,7 киловати.
Бојлерчето работеше добри 7 месеци и цркна. На сервис ми рекоа дека не се поправа и ке ми дадат ново. НО, новото беше бојлерче кое работи под притисок, а старото беше кое работи без притисок, односно притисок 0 бари. Да не објаснувам што е и како разликата, небитно.
Ми вратија пари, околу 7000 денари.
Не сакајќи да купам класичен, гледав други алтернативи, и сепак се одлучив за Termil Kraljevo, производ од Србија. Го купив од Агротехна, работи на две фази, греач од 7 киловати.
Сега за сега е добар, па ке видиме понатаму. Значи бојлерчето се користи само за миење садови и раце :) Има малку поразличен принцип на греење на водата од овие софистицираниве, странскиве да речам и нема наводно проблем со тврдоста на водата, по кажување на производителот, бидејќи греачот е поразличен од другиве.
Не навлагав што и како но за 2700 денари е одлична понуда. Се водат како оштетена роба, има и поснажни, грди се на изглед, но со оглед на тоа дека ми е у садопер, никој не го гледа :) А и мене ми се погоди капакот да не е пожолтен воопшто (тоа е маана).

Проточен бојлер има многу предности, но ете, кај нас и маани.
И покрај тоа што сакав да имам квалитетен производ, испадна дека и тоа не може да истера кај нас. Греачот од бигор рикнал, за само 7 месеци.
Овој го користам месец дена, па ке видиме дали ке тера :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #673 на: 14 Јануари 2015, 14:29:13 pm »
Мене ми требаа 1450 KW за трочлено семејство за цела година 2014 година.

Прашањето е колку ти требаат тебе, за истите потреби?

Ти имаш бојлер на струја со греач со ефективност 0.98 (од 1KW струја право 0,98KW топлина). И јас имам бојлер на струја со греач со иста ефективност.
Од каде на памет ти доаѓа дека еден за литар вода мене ми треба повеќе струја?


Ние тричлено семејство вкупно за сите потреби трошиме годишно 1800-2000кв или просек сметка за струја ми е 1200 денари. А ако правиме муабет само за бојлерот не верувам дека повеќе од 500кв годишно затоа што скоро 3 месеци користам дополнително топла вода од парното (бојлерот ми е комбиниран) со што проточниот бојлер никогаш нема да може да ја има таа опција...

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #674 на: 14 Јануари 2015, 14:38:18 pm »
Претходниот проточен бојлер АЕГ татко ми го купи далечната 1979 кога бев дете.
Го користевме 30+ години па напукна грејниот блок и почна да капи по малку вода.

Го заменив со нов АЕГ, среќно работи веќе 3 години.
Најголема мана на старите проточни беше што не грееја на мал проток и беа осетливи на варијации во протокот заради притисниот вентил кој ја командуваше електричната склопка. Новите кои се потполно електронски се со подесување на саканата температура за греење, со серво управување преку отчитување на протокот и зададената температура, па така дури и да нема снага да постигне одредена температура има вграден серво вентил кој го намалува протокот на вода автоматски за да ја одржи зададената температура. Постави му 65С и имаш 65С.

Дури има функции да ти ја наполни кадата со барана температура и количина на вода и да се исклучи. Од тебе останува среќно да се шлупнеш во 80 литри вода на 38С :)
Или мод за туш.
Или мод за соларна, па по потреба само да ја догрева водата од колекторот.

Комфорно? прајслес