И има уште една работа околу инверторите, односно климите со променлива брзина на компресорот. Незнам колку си упатен, но тие работат малку поразлично од обичните клими. Има многу пишувано и на таа тема, па можеби затоа и ти се чини дека климата не те грее.

За разлика од обичниот систем, кај кој што компресорот работи со максимална моќност секој пат кога дува, односно дува топло, па гаси, па пак дува топло и пак гаси, инверторот работи нонстоп со тоа што во првите неколку минути додека да ја постигне температурата или пак дојде многу блиску до зададената дува топло. Одкако ке ја постигне температурата која претходно била зададена, температурата на воздухот кој ке се издувува станува за само неколку степени потопол од амбиенталната температура. По потреба започнува со појако и потопло дување. Дифрост прави во зависност од режимот на работа. Некогаш знае да прави дифрост и на + 10 степени, некогаш на 0 некогаш на -10. Си има сензори кои мерат и пресметуваат, па во зависност од тоа, се менува и нејзиниот режим.
И најбитното да кажеш што марка, колку BTU и колкав простор грееш.
Местоположбата во собата и висината на која е поставена во самата соба игра улога, но тоа за внатрешната единица. За надворешната нема врска.