во цела приказна за греењето... има мнооогу ставки и пресметки... една многу битна ставка е ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ТОПЛИНА ВО ВОЗДУХОТ, односно топлинската измена на грејното тело... керамиката има поголема топлинска измена одошто тенџерето, зато аи ке се усвити тенџерето а керамиката не.
или... во просторија од да речеме 20 квадрати, ако ти внесеш топлинска моќ од 10 киловати, но само во една или 2 рамни и идеално мазни плочи, тие ке се усвитат скоро до точка на топење, наместо да ја ослободуваат температурата во просторот.. епилогот е повторно ладна просторија која ке има 2 плочи кои се многу топли и зрачењето до нив е убаво, но на оддалеченост од (да речеме) 50 сантими нема више никаков ефект. тие плочи само ке ја трошат таа енергија без позитивен ефект во просторијата... но ако истата топлинска енергија од 10 киловати, ја внесеш во добар топлински изменувач (кон воздух) тогаш ке имаш ситуација на загревање во воздухот и просторијата ке се загрее за многу брзо време. или ете. може дури и вентилатори да употребиш на двете плочи. пушти вентилатори да дуваат насочени кон плочите и ке добиеш јако топлинско изменување, кое во принцип ке биде разладување на плочите но и искористување на таа енергија за загревање на водухот...
не за џабе, секој производител дава карактериситики на грејно тело... (ајде за радијатори да збориме)... сите производители даваат пресметки и воедно мерени податоци кој радијатор при која темепратура на вода даваат колкава количина на температура во воздухот. понатака нели тоа треба да се поклопи со пресметките за просториите кои побаруваат таа и таа снага за таа и таа собна температура... а пак за собите повлекува изолација, губитоци и посакувана температура...
значи редот иде вака:
-здраво, сакам парно греење... сакам 22 степени дома... во дневна и ходници опционално да иде и до 24, во спалните не повеке од 20, а во купатило до 22...
-мојот дел е да увидам која изолација ја има целиот стан или куќа, како од надвор така и од доле и горе, кои губитоци се за секоја соба посебно, заедно со кубатурата на воздухот (висина на просторот) и добивам потребна снага на грејни тела. после тоа се давам на избор кој тип сака човекот (алумински, панелни или какви и да се грејни тела) па тогаш ги одредувам димензиите за да се добие загреан простор. секако пресметковно е и со која температура ке се грее водата... 45-50-60-70 степени...
затоа, 4 свеќи може да ја загреат глинената саксија-грне или што и да е до тој степен да оно биде жешко, алил далеку од тоа дека тоа ке загрее. како што реков, тој состав од свеќи и глина имаат маана дека не ја ослободуваат температурата од себе, т.е. тешко се разладуваат... тоа би било доволно само да си ги загрееш рацете на него... толку од него...