значи термор направиле свој греач. овие греачи не се новитет. јас ги работам веке подолг период. купуваш регистар што ти одговара за купатилото, па соодветно на потребите на тој регистар се сместува греач во него. прво и основно, да с еразбереме дека овој тип на греачи НЕ Е САМО ЗА РЕГИСТАР ЗА КУПАТИЛО... овој тип на греачи се користи и за сите радијатори кои се на ребра, (алумински, гусани, плехани, алгрета итн итн)... што се однесува до изборот на греачот (снагата).. е сега, тука е кваката...
прво треба да знаеш која снага треба за кој радијатор (регистар во случајв).
второ, изборот на греачот
трето течноста во него.
јас местам челични, ЕЛЕКТРОНСКИ КОНТРОЛИРАНИ тенки греачи кои се НИКЛОВАНИ одозгора, а регистарот го полнам со топлинско пренесувачки флуид, за зголемување на ефикасноста на греачот. тој зафат кај мене кошта 105 евра со се греач и секако соодветна гаранција за направеното и за уредот.. значи таа цена е за монтажа на постоечки радијатор т.е. регистар.. регистарот значи кошта плус..
еве една компарација... за купатило со големина (нај често стандардно е тоа) 3Х2 метри т.е. нај често купатилата имаат помеѓу 5 и 7 квадрати. за регистар со соодветна големина за таа квадратура (500/1000 милиметри) се вградува помеѓу 400 и 600 вати греач... ајде 600 вати земето го како урнек... тоа е 3,5 пати помала снага од греалката што ви е над врата која нај слабата е 2 киловати т.е. 2000 вати. што би се рекло, вклучи регистарот да грее, и заборави го...
греачите што јас ги монтирам, имаат опсега на работа до 75 степени на негова точка на мерење.. при врвот на радијаторот се крева и до 85 степени... значи тоа е максимум...