Секако ќе биде горе само дали да биде во соба или во ходник?
Би ти го препорачал следново.
Стави си клима во дневната. Ке ти ја лади и грее неа. Уште една во ходникот ако сакаш да има ефект малку и низ собите, мада....
Јас имам слична конфигурација како твојата. Климата ми е поснажна во дневната, ја прави камен, ама низ вратата воздухот слабо поминува, односно треба да работи постојано за да добиеш ефект.
Во спалната имам 3,5кв клима, на простор од 15 квадрата, собата е камен, а ходникот го пододладува...Се осеќа поладно, но далеку е од тоа да биде како во собата...За спиење на ладно, клима никако...Не ја палам воопшто.
У план ми е да ставам уште една, најверојатно во ходникот...
Инаку за спиење ја палам онаа од дневна и си работи со отворени врати, но претходно работела таа во спалната за да се оледи како што треба.
@velestrumf
Бекото не е лоша, ете и јас ја имам втора година, задоволен сум сеа за сеа.
Инаку за спална, можеби најдобро е да се инвестира во некој инвертор, заради тоа што постојано ке пирка свеж воздух, и е многу тивка...
Можеби сеа ми е криво што не заштедив и не почекав два три месеци за да земам уште еден инвертор за во спална, а обичната да ја фукнев некаде централно во ходник...
Али здравје, понатака ке има промени...
Инверторот вреди за секој денар и во секој поглед, зборувам за испробана варијанта како што ми е Тошибата!