Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1199858 пати)

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Мора да има оџак, или отвор каде да ја спроведеш цевката...
Колку е далеку надворешна од внатрешна единица? Во метри...

Има отвор за вентилација (у ствари овој дел е предвиден за кујна и има отвор за Аспиратор). Исто има отвор за одвод. Далечина од надворешниот зид е едно 8-9 метри (ќе измерам денес точно).

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Какво искуство имате со оние мобилни клима уреди (што не се закачуваат на зид, туку се подвижни на тркалца).

Ми треба какво такво ладење за една мала просторија во која има rack со рутери и упс (нема сервери). Не се оди на конвенционална клима поради тоа што е далеку од надворешниот зид (каде што би се ставил компресорот).

Кои се мааните на овој тип на клими? И дали е само доволно да се обезбеди каде би одела водата од кондензација и толку, или има уште некаков друг услов ?

Мораш топлината некаде да ја одведеш. Прв закон на термодинамика.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Какво искуство имате со оние мобилни клима уреди (што не се закачуваат на зид, туку се подвижни на тркалца).

Ми треба какво такво ладење за една мала просторија во која има rack со рутери и упс (нема сервери). Не се оди на конвенционална клима поради тоа што е далеку од надворешниот зид (каде што би се ставил компресорот).

Кои се мааните на овој тип на клими? И дали е само доволно да се обезбеди каде би одела водата од кондензација и толку, или има уште некаков друг услов ?

Мораш топлината некаде да ја одведеш. Прв закон на термодинамика.

Ова се условите:

1. Мала просторија со димензии да речеме 2 метра на метро и пол.

2. Има отвор за вентилација (за Аспиратор бидејќи ова у ствари е дел од кујна)

3. Има отвор за одвод (како во секоја кујна).

4. Одалеченост од надворешен зид барем 8-9 метри

5. Би одговарало ако може да се заврши работа со подвижна единица, ама ако не може можда ќе може и со конвенционална клима уред (доколку одговара воопшто со условите што ги наведов).


Дали може да завршам работа со подвижна клима уред?

Кои се мааните?

Како да го изведам тоа?


Кое е према вас најдобро решение за случајов?

Филип, се надевам доволно јасно прашав за конкретни одговори (ако може не теоретски одговори, туку конкретни: Направи тоа и тоа, така и така. Тргни дека сум скроз Dummy за клими).

Фала



Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Конвенционална многу подобро ќе врши пренос на топлина преку цефките. (Ако сакаш искрен муабет, тоа е.) Другово ти е крпење со непредвидливи резултати и намалена ефикасност, заради долгите црева. Друго е кога вршиш транспорт со фреон, друго е со воздух. Дали воопшто има проток оџакот доволно е уште едно прашање.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Точно така. Подобро би ти било со конвенционална клима, но ако немаш друг избор, можеш во случајов и да одиш со мобилна. Кондензатот во одвод, ослободената топлина низ оџакот.

Како ладат, греат, имаше на времето во Кинг Бургер...
Немам некое големо искуство со нив.

За конвенционалните клими:
Единствено за таа должина на цевки најдобро е да се консултираш со климаџија, би ти го препорачал Фриго Руски тел: 070 230 247, бидејќи ке мора да се дополнува фреон а и треба да се види до која должина на инсталација, која клима ке може да тера.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7230
За мобилна клима: Далеку е погласна од сплит системот заради компресорот кој се наоѓа внатре, за конденз го собира во пластичен сад кој има и прекинувач ако се наполни да престане со работа.

Лади помалце од класичната, ама не е пријатна за по дома баш поради буката, во продавници нема да има проблем.

Цревото за топол воздух може да се пушти само низ надворешен ѕид ако имаш во близина.

За ваква правам муабет:
 

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Ова немојте случајно да го купил некој!!!

Присутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20803
Па бар пробај објасни зашто, не вака...

Ја можам да истресам нешо као - „Еј абе закон е ова, супер е, одма зимајте го“, ама не е тоа тоа нели?
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Фала ви на сите за помошта.. Инаку денес бев во просторот и одалеченоста од надворешниот зид за евентуално да се постави конвенционален уред е 11-15 метри во цевки.

@Pirat: Те молам појасни зашто не во вакви услови мобилен клима уред?



Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Ќе ми извинете за погоре брзиот пост, не видов за која намена се бара.
Ме нанервира чудово на едно работно место и не сакам да го гледам... Бучно е, досадно е и протекува...

Крелл, дефинитивно ќе ти брка работа, но никако немој да го планираш некаде каде што ќе се престојува, многу е бучно и бара да му се фрла водата често и протекува вода од сите страни ако не го испразниш. Е сега ова имало прекинувач да престане со работа од кога ќе се наполни...

Нека не ве лаже тоа што како ново е колку толку тивко, ќе се разбучи со време колку што треба и не треба.

Во Нептун влегов пред недела време и имаа едно многу по огромно, ладеше кочан правеше но беше далеку лоцирано и не се осеќаше некоја бука...

Отсутен nekojtamu

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1165
Од 11 до 15 метри... За било каква пресметка 30% се преголем простор за грешка.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Од 11 до 15 метри... За било каква пресметка 30% се преголем простор за грешка.

Едната линија на цевки е 11 метри. Другата поелегантна линија е 15 метри. Дали е ова преголема должина од надворешна единица до внатрешен уред?


п.с.За каква пресметка станува збор што би зависела од должината на цевкиве?


Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7230
Ne problem ako se tolku daleku vnatresnata i nadvoresnata. Samo ke treba da se dodade freon vo sistemot.
Kolku, toa ke se vidi so montazata. Zavsi od pritisokot, t.e. kolicnata koja ja ima vo celiot sistem.
Ako sakas da ti dadam broj od profi majjstor sto raboti so golemi sistemi za ladenje.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Ако не ти е тешко пушти ми те молам. Иако и Сале ми пушти број  не е лошо да имам двајца.

Ви благодарам на сите за помошта.



Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3959
За клими ептен сум тапа, а треба да зимаме периодов неколку па ме интересира ако може некој да помогне. За во дневнава ни треба една клима и се мислиме помеѓу овие две.

http://technomarket.mk/products/09128158/lg-a12rk-nsb-s12ak-ul2
http://technomarket.mk/products/09127552/samsung-ar-12fsskabe

Оваа клима мора да биде црна, таква и одговарала на мајка ми со намештајот и .... Може слободно и друг предлог за црна клима. Единствено овие ги најдов што ми фанаа око.

И ќе ми требаат три low budget клими кој ќе бидат поставени по спалните и ќе се користат доста ретко. Од климите што денеска ги гледав од овој тип највеќе ми фана за око оваа.
http://technomarket.mk/products/09128324/daewoo-dsb-f1273lh

Совети препораки и слично се добредојдени !
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA