таман работа... не се палам ко шибица... тоа беше малку поучен текст за другите, пошто (недај боже) некој ке те свати сриозно ебате... не те познаваат сите...
Тачно...
Шала на страна...Монтажа на клими е навистина напорна работа. Во кратки црти ке ги набројам негативните работи, верувам дека ке ме надополниш. Јас клими мпнтирав пред добри 12 или 13 години и тоа две недели. Бев да помагам, односно помошникот на мајсторот му беше на одмор, па ајде ете јас да помогнам. Бидејќи во сезона нити се наоѓа човек за монтажа, нити па можеш некому да довериш некоја работа а да не ја усере ако не го знаеш кој е и што е. Па тука улетав и јас, но главната работа си ја бркаше мајсторот. Во тоа време монтажа на клими беше 30 евра.
Е сега, реков негативности.
Прво работата не е лесна воопшто. Бара познавање скоро од сите области.
Има носење и мкнење на внатрешна/надворешна единица. Мкнење алат, мкнење инструменти. Потребен ти е уште еден со тебе минимум за поставување. Скала. Значи има физичка работа...
Следува бушење на дупки, монтажа на надворешна единица. Повторно килавење, + на скала ако си на куќа некаде...А што правиме кога си во зграда? Висење од прозор, не, благодарам. Нели???
А + и висење и поврзување и се тоа да не диши, да не направи спој и да биде се приклучено како што треба??? И се тоа за 50 евра???
Ризик огромен...Да не продолжувам понатаму, мислам доволно е..
Јас монирам сам, имам една, две клими за дома, така се погодија после правењето на фасадата. Вакумирката ја позајмив, секако, инаку што ке ми е???
А Тошибата ми ја монтираа бидејќи во цената беше вклучена и монтажа. Единствено доплатив + 10 евра за метро цевки, беа потребни 4м од внатрешна до надворешна единица. Монтажата вклучува 3 метра, се над тоа се доплаќа.
И искрено не сум задоволен од начинот на кој ја монтираа надворешната единица. На идеални услови држачите се стегнати со само по еден штраф и плус климата лежи директно на нив, нема гумени бафери ставено...На топлово време чекам само да се качам горе и да ја преработам. По мој страндард, по моја школа
Како год, да не го сватат членовите муабетот кој го водиме ја и онак, и да си помислат свашта...Дека од секое дрвце бидува свирче