Ајде малку помош од парнаџииве или некој кој се занимава со слично нешто.
Три радијатори дома, од пола надоле се ладни, горните делови им грејат одлично, ама надоле се млаки за скроз долниот дел да им е ладен. Само еден радијатор грее како што треба со цела површина.
Е сега тој еден не е ваден воопшто, а другиве три беа извадени две три години, и стоеја на тераса, па пак се монтирани.
Сам што можев да направам е да испуштам воздух, што и направив вчера, попладне ќе видам како ќе бидат. Доколку се повторно ладни, дали некој знае решение. Мислам дека ќе треба да се чистат, е сега ме интересира, дали тоа може сега во екот на грејна сезона, и ако може сега, ако имате број на некој профи мајстор може да го пишете или тука или во ПП.
Доколку некој чистел претходно радијатори нека каже колку би ме коштало тоа од прилика.