Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1027248 пати)

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5367
  • Шо да пишам тука?🤔
Carrier vs Haier?
За слична цена можам да земам Carrier клима, во претходната куќа каде што живеев ми препорача таква монтерот (5.5кв) и таква монтиравме (земена од Солун).
Се работи за 3.5ка клима.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5257
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Прво ако е нож на коска да мораш да бираш меѓу тие две, барем спореди ги класите/спецификациите. Кариер е подобра фирма (или некогаш беше), ама и поскапа. Што значи дека за истите пари Хајерот може (теоретски) да биде посилна клима. Зависи тебе што ти треба, и зависи кои модели ги споредуваш.

Второ ако идеш низ целата таа работа да ја пренесуваш преку граница, земи си бе другар некоја јапонска. Тошиба, Даикин, Мици... На тие клими имаш големи разлики во цена меѓу овде и таму. Хајер класа на клими имаш и овде на акциски цени. Плус и гаранцијата им е локална а кај таа класа на клими и шансите се поголеми дека ќе ти затреба гаранцијата.

И ако веќе идеш дај донеси ми едно робот правосмукалче, нормално со наплатена маржа.     :D

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5367
  • Шо да пишам тука?🤔
Разликата во цена беше 5000 денари, го гледав Carrier-от на Ананас, а за таа цена имам Vivax, Haier и Carrier, Тошиба и остали се подалеку ценовно.

Отсутен nikomil1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 696
Разликата во цена беше 5000 денари, го гледав Carrier-от на Ананас, а за таа цена имам Vivax, Haier и Carrier, Тошиба и остали се подалеку ценовно.

NE SE OFAJDUVASH so ananas. lazovi nevideni se... kje te matkaat 2 nedeli i na kraj kje ja otkazish narachkata

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5367
  • Шо да пишам тука?🤔
Досега имам позитивно искуство за помали работи, ама ако не доставуваат поголеми работи добро е да се знае.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3773
Јас веќе 14 дена чекам од Ананаса пратка (маса и столици за двор), им се јавив во Понеделникот и ми рекоа дека проблемот бил во трговецот кој што не ги испраќал порачките, но ќе сум ја добиел пратката оваа недела. Така да, со поголеми работи лошо искуство имам и јас. Мали работи од типот на протеин и слично ми стасувале и за 24 часа некогаш.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1753
Во целава работа искача дека ананас си ја брка работата али крајниот продавач ги касни се надевам со тек на време ке исфилтрираат и ке си задржат компании кој си стојат на договорот и испорака на време а не да им бутаат име

Отсутен Astraion

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 659
  • Pixel Perfect.
Јас веќе 14 дена чекам од Ананаса пратка (маса и столици за двор), им се јавив во Понеделникот и ми рекоа дека проблемот бил во трговецот кој што не ги испраќал порачките, но ќе сум ја добиел пратката оваа недела. Така да, со поголеми работи лошо искуство имам и јас. Мали работи од типот на протеин и слично ми стасувале и за 24 часа некогаш.
Фискални праќаат за пратките преку Ананас или јок?

Јас си барам фактура да ми издадат на правно лице, така да Ок се од таа страна. Дали праќаат фискални инаку незнам.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1753
Чисто за споредба досега од екупи двапати гуми што зимав дојдоа со уредна фискална на испратницата доставени беа за  ден два

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1765
Јас порачав плотна (скара) од Ананас, ми стигна за точно една недела но нема ни фискална ни гаранција. Пишуваше дека плотната е од Ананас шоп, не од трети фирми (како на пример Сетек).  Дали Ананас навистина имаат и свој магацин не знам.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1734
Јас веќе 14 дена чекам од Ананаса пратка (маса и столици за двор), им се јавив во Понеделникот и ми рекоа дека проблемот бил во трговецот кој што не ги испраќал порачките, но ќе сум ја добиел пратката оваа недела. Така да, со поголеми работи лошо искуство имам и јас. Мали работи од типот на протеин и слично ми стасувале и за 24 часа некогаш.
Фискални праќаат за пратките преку Ананас или јок?

Јас си барам фактура да ми издадат на правно лице, така да Ок се од таа страна. Дали праќаат фискални инаку незнам.

Расход  на правно лице Whey Protein 2.27 kg 😄

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3675

Во целава работа искача дека ананас си ја брка работата али крајниот продавач ги касни се надевам со тек на време ке исфилтрираат и ке си задржат компании кој си стојат на договорот и испорака на време а не да им бутаат име

Нема врска они секој ден праќаат нарачки до фирмите ама никако да пратат курир да ги земат... Така да не е до фирмите него до ананас

Јас порачав плотна (скара) од Ананас, ми стигна за точно една недела но нема ни фискална ни гаранција. Пишуваше дека плотната е од Ананас шоп, не од трети фирми (како на пример Сетек).  Дали Ананас навистина имаат и свој магацин не знам.

Немаат свој магацин него праат купи продај

Sent from my SM-A546B using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Shuriken

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 181
Предлог за клима од 30 до 40 илјади денари? Ќе се користи примарно за ладење, во зима можда малку за догревање по потреба, ама на парно сум така да не очекувам дека ќе имам многу потреба.
Ја гледав Gree Charmo Arctic Pro R32 -25C 12000Btu во T-Home затоа што имам некој буџет што треба да го потрошам.
Исто така дали има некој искуство со монтажериве преку T-Home или предложете добри монтажери. Малце сум пицајзла за тие работи и се нервирам кога се работи аљкаво.

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 367
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Мислам дека Телеком немаат нивни монтери. Во принцип во зависност од брендот кој си го одбрал, ти даваат контакт од овластениот сервис, па со нив договараш монтажа.

Знам дека кај моите беше проблем, зедоа Toshiba клима, па во Охрид немало овластени монтери и сервис, а од Скопје бараа да им се платит патот, па на крај испадна дека имале соработка со некој во Охрид и едвај се договорија тој да ја наместит без да изгубат гаранција.