@M3V8 пред да одморам од токсичнава околина, еве неколку мои мисли за твојава ситуација:
- не се брзај, убаво размисли
- најди некој со термална камера, или со оглед на инвестицијата што ја спремаш на крају краева нарачај една, досега секако ќе имав и јас и цените се релативно паднати но сеуште не толку за да купам една чисто за кеиф
- сето тоа е за да видиш каде имаш топлински мостови, таму се местата каде губиш најмногу топлина
- добар е советот што ти го дадоа за подобрување изолација (минус спецификите, тоа само после мерење и најдобро да го зборуваш со професионалец)
Тоа би требало да ти влијае на конечната одлука, која би била:
1. Подобрување на изолација, или
2. Брут форс пристап, односно зголемување на моќност на греењето (за да се надокнадат загубите кои изгледа се релативно големи)
Идеално би било и 1 и 2 да ги направиш, но финансиите и желбите често се дијаметрално спротивни. Ти си знаеш колку сакаш да вложиш.
Исто така ако идеш на брут форс, греењето можеш да го зголемиш и како што ти предложија - со добра печка на дрва, со парно ако веќе имаш инсталација и радијатори (не знам дали наведе, да не се навраќам наназад). Пошто најладни денови се само ~20тина денови, ете некоја зима 30 нека бидат, но доволно малку денови за догревање со дрва да не е големо замарање.
Е сега дали воопшто сакаш да се замараш со ложење дрва и се што иде уз тоа - тоа ти си знаеш. Но какви ни се условите и инфраструктурата овде, секако е добро да се има печка и кубик/два дрва. Чисто како резерва ако се десат некои дефекти или рестрикции.
Но ако имаш услови, можност, и пари - и ако сакаш да го добиеш најдоброто... Тогаш топлинска пумпа со подно парно е најдоброто нешто општо гледано, но посебно е добро за да не биде ладно долу на подот (кој при поставувањето на парното ќе добие додатна изолација). Тоа воедно е и најскапото решение, ама подобро од тоа нема.
Ајде поздрав, и со среќа што и да одлучиш.
