Виваксите, особено на вакви топло-ладно периоди не знаат како да се понашаат и компресорот вреска. (читај: не модулираат)
Уште сум со АЕРИ 18ка од 2016 (од првите модели поквалитетни од денешните), и заради реновирање на спратот ја преместив на друга локација, надворешната се монтираше на ѕид со 5цм стиропор плус имам и гумени буфери, и пак си вреска компресорот.
Затоа, купете си јапонец и да ви е мирна главата, со нив нема врескање и потрошувачката на KW/h им е двојно помала од кинезите, затоа се и поскапи. На долг период ќе осетите разлика во потрошената енергија.
Најблиску со цена до кинеските е буџет верзијата на Toshiba, моделот Seiya, која со добра изолација една 3.5KW без проблем загрева и до 50м2. Исто и од Mitsubishi таборот, моделот HR35 е одлична опција.
Догодина здравје, планирам да ја пензионирам Виваксот и да ја замени една од овие две.