Минатата година АЕРИ 3.5ка за 27 990 земавме. Воглавном си е ок и не трошеше премногу и солидно грееше.
Само реално не знам дали е до неа или дека малку лошо ми ја поставија, ама морав на 27 степени да ја ставам за да ми загрева реални 24 степени во просторот. Постојано беше на таа температура подесена дење-ноќе без гасење. Само 2 недели во јануари кога стегна ладното, преку ден на 30 степени (тоа и е максимумот), а ноќе пак на 27 ја враќав.
Ама пак не влечеше премногу струја, воглавном околу 2000-2500 денари трошеше месечно за простор од 60 квадрати со изолација, ама и стари дрвени прозори, без пвц.
Кај мене не правеше реално никакви вибрации, дали дека заштрафена врз фасадата од стиропор.