Сосема е јасно дека ќе мора да има качување на цената, дискутабилно е рангирањето што се предлага.
Ете, јас се луксузирам со 2 клими кои вртат 24/7 кое е предуслов за помала потрошувачка во скапа тарифа и пристојно да биде загреано.
Но факт е дека и само со една клима во куќа лесно се надминуваат 400кв месечно во скапа тарифа.
Летен период без ладење 5кв дневно, пута 30 дена се 150кв во скапата тарифа.
До 420 остануваат 270кв, односно 9кв дневно, односно 600 вати на час.
Поназад во темава МартинАлфиста со Дени измериле 1кв на час, ај не мора да бидат константни низ сите 15 часа, но сепак.