Ми здосади веќе пребарувањето бидејки почнав да се губам низ податоците од 300 клими
Најдов и Инвентор, си реков ај да видам дали вреди да си останам верен на брендот од старата клима

Одлучив да ги споредам следниве
01. PULAR ECO GWH12AGB-K6DNA1A
02. PULAR Premium GWH12AGC-K6DNA1A
03. Fairy LCLH GWH12ACC-K6DNA1D
04. INVENTOR ARIA ARHB3VI32-12WF / AR3VO32-12
На почеток ми фати око Пулар Еко, поради димензиите на внатрешната единица кои беа најблизу со старата клима (малку сум ограничен со простор)
Пулар премиум и Фери ги зедов како компарација од сајтот на Грее, наједноставно ми беше

подредени беа по цена (растечки).
Појма немам како котира Фери како бренд, но излегува поскап од Грее премиум.
Ги испишав набрзина цифрите од сите клими на еден лист хартија за попрегледно и ми излезе Инвентор со слични цифри како Фери но за 5000 мкд поевтино.
Ќе го купам Инвентор и ставам точка, па што сака нека биде

Башка што ќе добијам и 5 годишна
безусловна гаранција.