Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1203189 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #5085 на: 28 Ноември 2021, 17:33:33 pm »
А-уууу!
Во тој случај, заебано богами.
Незнам дали само мене ми се погоди така или смениле навика. Предходниот пат кога беа, ја испраа внатре ама последниов не.



Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk
Како ја перат?

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8005
  • Плинаш!!!
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #5086 на: 28 Ноември 2021, 18:15:28 pm »
Стави специјален најлон под климата како корито за да не го направи ѕидот и со една прскалка прскаше како пареа внатре кај климата. Претпоставувам имаше и некое средство внатре. Излезе некоја кафена вода и тоа е тоа.

А јас летово ја извадив цела во двор и и викнав со арис и со вап. Е тоа беше течење црнила.

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk


Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6302
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #5087 на: 03 Декември 2021, 01:57:03 am »
Имам haier flexis 5.5kw.. Лани зимата 2/3 пати ја вклучив на кратко си затоплуваше супер..

Скоро 7/8 месеци не беше пуштена се до денеска и чудно се понаша, подесена на 23 степени, се качува до 21 и скоро да намалува со работа па ќе опадни до 17 степени и ќе почни да дува максимум и така на секои 30 минути..

Има некоја фора тука или нешто ја мачи климава  ?  На heat е вклучена, смерот на најдолу и автоматски вентилатор.. Собата е 35 квадрати, надворешна температура 4/5 степени..

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #5088 на: 03 Декември 2021, 07:00:07 am »
Исклучи автоматското дување.

Отсутен nethervor18

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 23
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #5089 на: 03 Декември 2021, 09:13:12 am »
И вклучи ifeel или follow me, како и да се вика. Стави го далинското на соодветно место, и да има комуникација со климата.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #5090 на: 03 Декември 2021, 10:26:19 am »
И ѕирни ги филтрите.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #5091 на: 03 Декември 2021, 10:37:45 am »
И евентуално покачи барана температура на 24 или 25 степени.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6302
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #5092 на: 03 Декември 2021, 16:54:27 pm »
Исклучи автоматското дување.
Ако исклучам ќе дува нонстоп на максимум.. На тој начин нема да модулира ?

И вклучи ifeel или follow me, како и да се вика. Стави го далинското на соодветно место, и да има комуникација со климата.
Ја нема таа опција оваа клима..


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #5093 на: 03 Декември 2021, 17:15:58 pm »
Појма немам што е тоа модулирање, ниту пак ме интересира.
Сакам климата да ме загрее, а не да си игра играчки за нејзе да и е најпријатно работењето :)

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6302
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #5094 на: 03 Декември 2021, 17:25:43 pm »
Ваљда кога ќе успее да стопли до дадена команда (23 степени) треба да намали со дување и да ја одржува таа температура 1+- степен..

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #5095 на: 03 Декември 2021, 20:14:17 pm »
Старата он/оф клима ми беше подесена на 23 степени и вентилатор на втора брзина, дуваше (саглам топло) се додека не постигне и потоа исклучуваше.
По монтажата на новата инвертор, вентилаторот беше на ауто, подесив температура на 23,  собата добро проветрена и оладена поради монтажата.
Неколку часа никако да загрее, вентилаторот малку ќе забрза, па пак ќе успори.
Кликнав follow me, даљинското на фино место, исти ѓавол, си тера нејзина приказна за некоја си оптимална работа ваљда, а собата нестоплена. На даљинското си стои укотвено 21 степен, и покрај бараната од 23.
Ја чекав така околу 2 часа и одлучив да го ставам вентилаторот на втора брзина, како на старата.
Е така почна да мрда температурата кон бараните 23, со тоа што и по достигнувањето си продолжи да дува, но не толку загреан воздух, односно продолжи да дува замлачен воздух.
За овие речиси 2 месеца ретко да исклучила да не дува воопшто, но и никогаш не дувала со толку загреан воздух како старата клима, освен ако кликнам на турбо на даљинското.
Ако е тоа модулирање, тогаш да, и на фиксна брзина модулира :)

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8005
  • Плинаш!!!
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #5096 на: 03 Декември 2021, 21:31:51 pm »
Инвертор клима неможе да дува толку жежок воздух како он/оф клима. Зашто и ни јас појма немам, таков одговор добив од стручно лице.

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #5097 на: 03 Декември 2021, 22:22:59 pm »
Дува, дува, на даљинското кога ќе кликнам турбо дува пожешко и со зголемени вртежи на вентилаторот од внатрешната единица.
Исто додека беше на ауто, кога ќе зголемеше вртежи дуваше пожешко, но на кратко, па ќе се вратеше на ниски вртежи со помлак воздух.
Има ваљда некаква оптимизација да не замрзнува надворешната единица.
Некни на студот ја ставив на турбо, и по некое време за првпат ја приметив да отиде на одмрзнување.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #5098 на: 03 Декември 2021, 22:23:14 pm »
Инвертор клима неможе да дува толку жежок воздух како он/оф клима. Зашто и ни јас појма немам, таков одговор добив од стручно лице.

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk
Секако дека може. Ама не и е тоа намената. Намената и е да може да дува толку колку што треба за да е поефикасна. Инаку стави 31ц и претпоследен фен да видиш дали неможе да дува жежок воздух.

Ама тој жежок воздух кошта, и го користи само кога мора.

Од друга страна он/оф нема избор и мора да дува релативно топло. Една брзина има компресорот. И како надвор заладува така и издувот и заладува.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #5099 на: 04 Декември 2021, 10:22:41 am »
ја сака ко ќе дојда премрзнат од надвор грејното тело да ми изпорача вулкан, да е најжешко што мојт за да си се стопла, и да ми дуват в нозе.  Во тој момент ич не ми е битно ни дали загадуват ни дали е скапо.
А дека инвертерите дуваат топло, дуваат кога се на нај јако и ако е чист.