Старата он/оф клима ми беше подесена на 23 степени и вентилатор на втора брзина, дуваше (саглам топло) се додека не постигне и потоа исклучуваше.
По монтажата на новата инвертор, вентилаторот беше на ауто, подесив температура на 23, собата добро проветрена и оладена поради монтажата.
Неколку часа никако да загрее, вентилаторот малку ќе забрза, па пак ќе успори.
Кликнав follow me, даљинското на фино место, исти ѓавол, си тера нејзина приказна за некоја си оптимална работа ваљда, а собата нестоплена. На даљинското си стои укотвено 21 степен, и покрај бараната од 23.
Ја чекав така околу 2 часа и одлучив да го ставам вентилаторот на втора брзина, како на старата.
Е така почна да мрда температурата кон бараните 23, со тоа што и по достигнувањето си продолжи да дува, но не толку загреан воздух, односно продолжи да дува замлачен воздух.
За овие речиси 2 месеца ретко да исклучила да не дува воопшто, но и никогаш не дувала со толку загреан воздух како старата клима, освен ако кликнам на турбо на даљинското.
Ако е тоа модулирање, тогаш да, и на фиксна брзина модулира
