Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1439017 пати)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4980 на: 16 Октомври 2021, 22:14:00 pm »
Не си далеку, штом почнаа филозофски/логички грешки да се употребуваат како аргументи... Подобро тука да се застане.
Мене само ми е криво некој ако налета на муабетов. И да се реши да си направи убава работа како подно греење со топлинска пумпа, за на крај да се упука во нога со ставање изолација на подот... Ама ако покрај сите објаснувања некој инсистира? Нека повели, ма нека стави и стиропор под паркетот.



Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55337
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4981 на: 16 Октомври 2021, 22:18:50 pm »
Значи 5kw испорачани како топлина, ќе се испорачаат како 5kw топлина.

И не само што нема да се неудобни тврди плочки во дневна, туку ќе си е убав паркет наменет за подно греење. Ама ете ако некој преферира може и плочки, уште ПОБРЗО ќе му реагира греењето.

Најважно е подот да не отиде над 29ц, тука многу заглавуваат.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4982 на: 16 Октомври 2021, 22:21:57 pm »
Цитат
Ете Бајсикл и изменувачот на внатрешната ќе ти ги рачуна како термална маса, исто и фреонот - гага термална маса.

И фреонот имат термална маса, занемарлива во однос на водата.
Цитат
Еве ти паралела: Колата со дигната ручна ја возиш? Ете не до крај дигната, малку дигната... Ајде де, зошто да не па не е до крај дигната!  :D
епа ај да клајме лим или бакар/олово.
Цитат
Мала термална маса има плочата. Водата уште помала, и полошо - водата мора да ја пренесе енергијата за да може пак да земе енергија од надворешната единица. Го јебеш концептот на целиот систем.
колку е повруќа водата толку повеќе топлинска енергија ќе пренесе.
Колу ќе се намали ефикасноста за плус 2-3 степени, мада како што рече Дени може и ќе нема потреба подоцна да има разлика. едино тука ти е загубата што ќе треба водата плус некој степен да ја пригрееш и  тоа можда на почетакот.
Сум престојувал во простории со ламинат со подно сосем ок е. Да плочлите/гранитот изгледа убаво, ама дека ќе треба и лете да носиш папучи-ќе треба, ладен е.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4983 на: 16 Октомври 2021, 22:33:22 pm »
Да се вратиме малку назад

Еве што кажа Дени

Цитат
Најголем проблем е што некои го загреваат подот над 29ц степени. Ако се загрева на 26, а остатокот се надополнува со инвертер

И тука нема ништо спорно, во реалност би функционирало, односно како што кажа Бичикле, паркетот не е толкав изолатор.

Но на прашањето каде би одела топлината и дека во целост би требало да биде ослободена во просторијата, малку проблематично. Еден дел од топлината се враќа од кај што дошла.
Освен ако не станува збор за тој специјален паркет наменет за подно.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4984 на: 16 Октомври 2021, 22:46:44 pm »
И фреонот имат термална маса, занемарлива во однос на водата.

Моментот кој не го разбираш, е како работат тoплотните пумпи.
Намената на фреонот не е таа на термална акумулација, туку напротив, брз пренос на енергијата од надворешна во внатрешна единица, па преку неа во просторијата. Ако не ја пренесеш топлината внатре, си го прекинал/нарушил процесот на функционирање на системот.

Затоа му предложив на Дени да ја изолира внатрешната единица од неговата клима и да провери што резултати ќе добие... Aма ете, не сака ни да се обиде практично и сам на себе го примени тоа што го зборува.  :-X

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55337
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4985 на: 16 Октомври 2021, 22:50:02 pm »
Да се вратиме малку назад

Еве што кажа Дени

Цитат
Најголем проблем е што некои го загреваат подот над 29ц степени. Ако се загрева на 26, а остатокот се надополнува со инвертер

И тука нема ништо спорно, во реалност би функционирало, односно како што кажа Бичикле, паркетот не е толкав изолатор.

Но на прашањето каде би одела топлината и дека во целост би требало да биде ослободена во просторијата, малку проблематично. Еден дел од топлината се враќа од кај што дошла.
Освен ако не станува збор за тој специјален паркет наменет за подно.

Ретко кој загрева 26. Тоа е реален проблем. Најсериозно. Не за паркет или плочки, туку за здравје и за пријатност.
Ќе им застуди, и наместо да посегнат по инвертерот кој со леснотија и огромен цоп ќе дополни 1-2 кв, ја креваат температурата на подот.

Јас цел живот со разни подни системи сум и јасно ми е што е што. Додека не излегоа хиперинвертери и остана подното во заборав.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45193
  • Il Moderatore
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4986 на: 16 Октомври 2021, 22:51:33 pm »
Значи 5kw испорачани како топлина, ќе се испорачаат како 5kw топлина.

И не само што нема да се неудобни тврди плочки во дневна, туку ќе си е убав паркет наменет за подно греење. Ама ете ако некој преферира може и плочки, уште ПОБРЗО ќе му реагира греењето.

Најважно е подот да не отиде над 29ц, тука многу заглавуваат.


http://www.termosistem.com.mk/koi-se-najdobrite-podni-oblogi-za-podno-greenje/

Цитат
На прво место, ќе срушиме еден од најчестите митови – не е точно дека дрвото не може да се комбинира со подно греење. Во минатото, паркетот не беше препорачана опција со системи за подно греење, бидејќи поради покачената температура се распаѓаше, пукаше и поради дебелината на дрвените подни облоги како што се нудеа порано, паркетот беше топлинска изолација што спречуваше соодветен пренос на топлина во просторијата. Денес на пазарот се нудат специјални повеќеслојни паркети. Како што сугерира нивното име, тие се составени од неколку слоеви дрво споени со посебни постапки во една единствена целина.
Овие слоеви се поставени попречно под агол од 90 степени, што му дава на дрвото многу поголема отпорност, па таквите паркети се многу поотпорни. Се препорачува да се постават потенки паркети, дебели од девет до 13 милиметри, за да не се запре преносот на топлина во просторијата. Дабот се покажа како најдобар избор.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4987 на: 16 Октомври 2021, 22:59:21 pm »
Потенцираат да се оди со потенки паркети за „да не се запре преносот на топлината“ (цитирам). Значи јасно е и  недвојбено дека и најдобрите паркети за ваква намена изолираат и го намалуваат преносот на топлина.

Што друго да пишува во маркетинг материјал на продавачи. Потенцираат не ефикасност, туку отпорни видови на паркет кои нема да се оштетат. Ако муштеријата сака убав под, кои се тие да им се мешаат кога ете јасно им кажуваат дека ставаат естетски убава изолација на подот.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9034
  • Возач без обзир. Безобзирен возач.
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4988 на: 16 Октомври 2021, 23:00:40 pm »
Камо медаља сега за мене?
Ем бев краток, ем јасен. :)

Малку сум промашил со дебелината, мислев дека до 15мм е ок.
Ама од друга страна, мислам и дека нема такви варијанти.
Слојниве се до кај 12-13мм и ламинатот исто.
Масивните обично тераат од 18мм па нагоре.
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4989 на: 16 Октомври 2021, 23:11:25 pm »
https://underfloorheating1.co.uk/blog/article/what-types-of-flooring-can-i-have-with-underfloor-heating

Еве конкретни вредности колку се губи.
Вати на м2 за различни материјали, мерени под исти услови (должина на цевки и температура на вода):

Плочки/камен,  130 вати на квадрат.
дрво/паркет, 83 вати на квадрат.
Engineered wood, ова веројатно се тие вашиве специјални видови паркет, 96 вати на квадрат.

Знали 130 вати наместо 83 вати, кај класичен паркет. Или 130 вати наместо 96 вати, кај тој специјален паркет (баш некој нека праша колку пари кошта, сигурно е изгор).


Бајсикл ова ти е како да возиш кола со ~30-40% дигната ручна. Тоа е тоа, па како што велат - ко воли нек изволи.


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55337
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4990 на: 16 Октомври 2021, 23:16:40 pm »
Со рачната претвораш кинетичка енергија во топлинска како неефикасност.

Кај паркети за задоцнуваш топлинската енергија да премине кон собата.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3945
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4991 на: 16 Октомври 2021, 23:22:58 pm »
ОМГ

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9034
  • Возач без обзир. Безобзирен возач.
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4992 на: 16 Октомври 2021, 23:27:04 pm »
Van, ти си добар младич и ти верувам во сите тврдења.
Тоа е навистина исправна теорија и не би побивал ништо.

Ме мачи еден момент само, тоа што е теорија и бројките не се ранг, туку некој утврден процент во одредени услови.

Ќе пишам еден пример од вистинскиот живот, па кажи ми дали е така или не е.

1. Кај мене е парно со радијатори
2. цевки во подот има само од табла до позиција на радијатор
3. подот е 18цм масивен даб
4. таму каде што проаѓаат цевките подот е доста топол

Факт: во ходникот кај плочките е поизразено ова и полесно се забележува каде е цевката.
Прашање: Ако разликата не е голема во ваква инсталација, дали ќе биде важна кога би било инсталирано паркет од 9мм?

Јас мислам не.
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9034
  • Возач без обзир. Безобзирен возач.
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4993 на: 16 Октомври 2021, 23:28:53 pm »
У меѓувреме Сашо Паркет се зачленил у форум и инстантно испиздел од сите нас.  :D

Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55337
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4994 на: 16 Октомври 2021, 23:32:22 pm »
У меѓувреме Сашо Паркет се зачленил у форум и инстантно испиздел од сите нас.  :D

Строго вака! Паркети Температура!
https://m.soundcloud.com/denny-malikovski/parketi-temperatura