Van, ти си добар младич и ти верувам во сите тврдења.
Тоа е навистина исправна теорија и не би побивал ништо.
Ме мачи еден момент само, тоа што е теорија и бројките не се ранг, туку некој утврден процент во одредени услови.
Ќе пишам еден пример од вистинскиот живот, па кажи ми дали е така или не е.
1. Кај мене е парно со радијатори
2. цевки во подот има само од табла до позиција на радијатор
3. подот е 18цм масивен даб
4. таму каде што проаѓаат цевките подот е доста топол
Факт: во ходникот кај плочките е поизразено ова и полесно се забележува каде е цевката.
Прашање: Ако разликата не е голема во ваква инсталација, дали ќе биде важна кога би било инсталирано паркет од 9мм?
Јас мислам не.