Со сила се правиш на тошо... Ај вака, еве пример поблизок од работите кои ги знаеш подобро: Дали е добро да ја завиткаш во јамболија внатрешната единица од клима? (ете може и таа јамболијата на Микиус)
Ајде, нели „Прв закон на термодинамика, енергијата се акумулирала во саќето/хитсинкот на внатрешната, и едноставно само подоцна ќе отиде во собата“. Те парафразирам во друг систем на греење (клима уред) кој исто така нема термална акумулација во дизајнот.
Уште еден сличен пример би бил калорифер да го завиткаш во ќебе и да очекуваш дека ќе грее ама со „мала инертност“.
Не разбираш дека системи кои немаат термална акумулација, МОРААТ ЕНЕРГИЈАТА ШТО ПОЕФИКАСНО ДА ЈА ПРЕНЕСАТ ВО ПРОСТОРОТ.
Не ми се заглави капслокот, намерно го пуштив. Ако го изолираш изменувачот, енергијата нема (ефикасно) да ја пренесеш во просторот. Како резултат нема просторот доволно да го загрееш.
Не е дека топлината нема да се изгуби туку дека не ја пренесуваш а немаш во што да ја складираш. Прво во просторот ќе биде поладно од зададената температура. Ќе треба да компензираш со подигање на температурата на водата. Ја пренесуваш топлината низ изолатор. Ќе изгубиш на ефикасност, на потрошувачка, на сѐ.
Нема никава логика.