Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1438920 пати)

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4950 на: 16 Октомври 2021, 16:14:34 pm »
Стиропорот под цефките :D
Ако достигне темп ќе исклучи/намали пумпата еба*го :D
мада ако би праел би праел со гранит или кварц.
Цитат
Не ја бива таа работа. За користење на радијатори, системот водата ќе треба да ја загрее над 80с... Знаете каква е разликата во енергијата потребна да се загреее вода до ~23с наспроти 80-90с?

на нафта ко бевме 60-70 беше наштимнана темп, па зашто како... така го напрајле, така стоеше и ок беше. Со тоа што да, оздола е поубаво и по ефикасно, ама не би раскопувал 2 спрата сега за сега, па јана мајка нека му е.


Цитат
Бајсикл, тие воздух-вода системи немаат премногу скапи надворешни единици/клими.
Да, како што пишав, затоа се откажав.


Цитат
Пошто не мора да биде надворешната со инвертор, може и он/оф да биде - водата како медиум си има термален капацитет и термална инертност. На системот во надворешната едниница само му треба доволно голем изменувач/хитсинк и соодветно квалитетни компоненти (компресор, итн)...
па имат, ама и тешко е да загрееш, што знам 300-400 литра вода, баш ради истите причини и можда поарно ќе биде да ја пукниш на почеток на максимум и после да одржаваш на некоја прикладна температура. Кај мене моментално врзат цефки, секогаш може да ги доприш со рака и да ги држиш, додека кога седев карпош од сабајле го рокаа на максимум и беше прежешко. Така да се сомневам дека има потреба водата да е на константни 80+ степени, и да изолацијата треба да е на некое ниво.

Цитат
Едноставно кажано системите со воздух-вода топлотни пумпи поскапи се од класичните клими само заради тоа што пазарот за нив е помал.

Онда можда не е лошо да се тркне до странство за овој тип на клими, сепак и да е 20% разлика имаш есап. Мада надворешнирте клими се со screw компресор ( или како и да е нашиот назив), што мислам дека се доста трајни за разлика од клипниве.
Додуша имаа една серија crypton ( со toshiba компресор) некоја слична изведба, ама првата серија се покажаа како дно дна, за понатака не знам.

Зависи исто така како гледаш на работите, како ти е планот во иднина, кај нас се гледа да напрајш куќа и нема мрдање, мада се продава ама мене ми е како привремено живеалиште, ја би живеел во подвижна куќа, така да према моите видувања излишно ми е да фукна многу пари за греење, така да со клима ми е некаде на средина, некои што би рекле разумен компромис :D Можда и ќе скапам од кај што пишувам моментално, ама имам други планови, ако се реализираат арно, ако не -пак арно.
Тамо кај што се осеќам ко дома веќе живеат само 2 ца, јас сум се на се 1 месец, па не ми менува дали е клима или греалка, а 2 ца не е проблем да се стоплат ни со клима ни со греалка ни со дрва.
Ако се скоста, кога би правел јово на ново би клал тие подземни цефки со подно парно, со гранит или кварц. Тоа е инвестиција која ( како што сум глеал на јутуб) се исплати после 15 год, па сега може да се сменети работите.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55337
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4951 на: 16 Октомври 2021, 16:18:17 pm »
Каде ќе оди топлината?

Штом паркетот ќе ја достигне температурата, ќе си кружи топлината низ системот без да врши размена :D

За илустрација, исто како радијаторите да ги покриеш со јамболија :)


Затоа на шега реков дека уште поубаво ќе дојде малку тврдопресуван стиропор под паркетот ;D
Затоа си има паркет наменет за подно греење.
Ќе си кружи и ќе си гаси термостатот. Таман си е, проверено. Многу по пријатно отколку плочки.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4952 на: 16 Октомври 2021, 16:22:24 pm »
e aj prati od toj parketturi eden link, ne se strami. Inaku da, vekje pishav, ke si namali termostatot.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9034
  • Возач без обзир. Безобзирен возач.
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4953 на: 16 Октомври 2021, 16:24:50 pm »
Овие двослојни и трослојни тераат со подно.
Штосот е да не клаваш масивно дрво као 18мм и подебело...
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен nekojtamu

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1165
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4954 на: 16 Октомври 2021, 16:57:51 pm »
Ги гледам истите муабети по сто пати.... Не читаат ништо, а не ги мрзи да шкрабаат по форуми.

https://www.scribd.com/doc/240955112/Majstor2-no-1-Stedljivije-Grijanje

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4955 на: 16 Октомври 2021, 17:06:07 pm »
Ме мрзи да читам.

Чкртни нешто со свои зборови на форумов :)

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4956 на: 16 Октомври 2021, 17:09:43 pm »
ne se otvart knigata

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4957 на: 16 Октомври 2021, 17:15:48 pm »
Ако достигне темп ќе исклучи/намали пумпата еба*го :D
Да, долу под паркетот ќе биде топло - ама горе над паркетот ќе остане ладно. :)
Школо имате сите учено и не ми е јасно како не разбирате основни работи како изолација...  :D


Што ако е изолатор? Каде ќе оди топлината? Кога тогаш ќе излезе. Да, споро ќе реагира системот но тоа е ДОБРА работа за да си го тајмираш за ефтини струи.
Најголем проблем е што некои го загреваат подот над 29ц степени. Ако се загрева на 26, а остатокот се надополнува со инвертер греењето е многу пријатно и ефтино.

Каде ќе оди топлината? Можеби кај комшијата долу? :)
Не мешај инертност со ефикасност. Термална инерција не е лоша работа. Термална неефикасност на грејното тело/изменувачот е многу лоша работа.

Ај за ефикасноста да зборуваме. Каде ќе оди ефикасноста?
Си бирал, си инвестирал пари и време, за да добиеш уред со што повисок СОР фактор... И сега ќе го хендикепираш за најмалку неколку десетици проценти?

Знаеш и често предложуваш парапетни внатрешни единици со ниска монтажа на внатрешната, наместо класични клими за висинска монтажа на внатрешната единица? Зошто е тоа? Заради поголемата ефикасност кога изменувачот е подолу?
Епа ако кај климиве секогаш промовираш ефикасност, која е логиката овде да преферираш неефикасност?

Тоа е муабетот.
Како што реков, килими се многу подобро решение за подови со подно греење. Паркет не е добро решение. Ама секому неговото.




Каде ќе оди топлината?

Штом паркетот ќе ја достигне температурата, ќе си кружи топлината низ системот без да врши размена :D
За илустрација, исто како радијаторите да ги покриеш со јамболија :)

Затоа на шега реков дека уште поубаво ќе дојде малку тврдопресуван стиропор под паркетот ;D

Баш пробај радијаторите да ги покриеш со јамболија и кажи ни што велат домашните, дали ќе им биде топло дома.  ;)

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4958 на: 16 Октомври 2021, 17:28:43 pm »
Цитат
Да, долу под паркетот ќе биде топло и системот/пумпата ќе се исклучи - ама горе над паркетот ќе остане ладно. :)
Не ми е јасно како не разбирате...
Ќе го кла на 40 степени, да видиме дали ќе се стопли :D ТА печки како греат.

Подот веќе ти е покриен со тепих :D На различити принципи греат подот и радијаторот едниот грее путем кондукција, другиот по пат на конвекција. затоа едното треба да е 60 степена, другото ~30
« Последно менување: 16 Октомври 2021, 21:08:16 pm Bicikle »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55337
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4959 на: 16 Октомври 2021, 17:29:52 pm »
Ако достигне темп ќе исклучи/намали пумпата еба*го :D
Да, долу под паркетот ќе биде топло - ама горе над паркетот ќе остане ладно. :)
Школо имате сите учено и не ми е јасно како не разбирате основни работи како изолација...  :D


Што ако е изолатор? Каде ќе оди топлината? Кога тогаш ќе излезе. Да, споро ќе реагира системот но тоа е ДОБРА работа за да си го тајмираш за ефтини струи.
Најголем проблем е што некои го загреваат подот над 29ц степени. Ако се загрева на 26, а остатокот се надополнува со инвертер греењето е многу пријатно и ефтино.

Каде ќе оди топлината? Можеби кај комшијата долу? :)
Не мешај инертност со ефикасност. Термална инерција не е лоша работа. Термална неефикасност на грејното тело/изменувачот е многу лоша работа.

Ај за ефикасноста да зборуваме. Каде ќе оди ефикасноста?
Си бирал, си инвестирал пари и време, за да добиеш уред со што повисок СОР фактор... И сега ќе го хендикепираш за најмалку неколку десетици проценти?

Знаеш и често предложуваш парапетни внатрешни единици со ниска монтажа на внатрешната, наместо класични клими за висинска монтажа на внатрешната единица? Зошто е тоа? Заради поголемата ефикасност кога изменувачот е подолу?
Епа ако кај климиве секогаш промовираш ефикасност, која е логиката овде да преферираш неефикасност?

Тоа е муабетот.
Како што реков, килими се многу подобро решение за подови со подно греење. Паркет не е добро решение. Ама секому неговото.




Каде ќе оди топлината?

Штом паркетот ќе ја достигне температурата, ќе си кружи топлината низ системот без да врши размена :D
За илустрација, исто како радијаторите да ги покриеш со јамболија :)

Затоа на шега реков дека уште поубаво ќе дојде малку тврдопресуван стиропор под паркетот ;D

Баш пробај радијаторите да ги покриеш со јамболија и кажи ни што велат домашните, дали ќе им биде топло дома.  ;)
Подно ако знаеш како се прави ќе си одговореше на прашањава. Одоздола има стиропор кој е многу подобар изолатор од паркетот НАМЕНЕТ ЗА ПОДНО. Него ја гледам кога ќе те фати инаетот за нешто излишен е муабетот понатаму.

Да, долу под паркетот ќе биде топло и системот/пумпата ќе се исклучи - ама горе над паркетот ќе остане ладно. :)
Не ми е јасно како не разбирате...
Ќе го кла на 40 степени, да видиме дали ќе се стопли :D ТА печки како греат.

Подот веќе ти е покриен со тепих :D На различити принципи греат подот и радијаторот едниот грее путем кондукција, другиот по пат на конвекција. затоа едното треба да е 60 степена, другото ~30

Не само што нема да е ладно, туку ќе е 26 степени. Токму онолку за да е идеално. Колку топлина ќе вложиш во системот толку ќе излезе во просторијата. Особено ако паркетот е наменет за подно.


Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4961 на: 16 Октомври 2021, 18:20:16 pm »
Подно ако знаеш како се прави ќе си одговореше на прашањава. Одоздола има стиропор кој е многу подобар изолатор од паркетот НАМЕНЕТ ЗА ПОДНО. Него ја гледам кога ќе те фати инаетот за нешто излишен е муабетот понатаму.

Каков инает?
Тезата ми е дека изолирање на термалниот изменувач е лошо за ефикасноста. Ти мешаш термална инертност со изолација и тоа е тоа од муабетот што го тераш.

Инаку тоа што има изолација и од долу, не значи дека не ја уништуваш ефикасноста со ставање изолција од горе (паркет). Воведуваш неефикасност, не инертност. Системот има потреба во надворешната единица да влезе изладен флуид кој температурата ја пренел во домот. Тоа што враќаш неизладена течност значи дека не пренесуваш температура внатре, не дека имаш термална инертност. Не се врши ефикасно основната работа - греењето.


Теоретски тоа што мислиш дека ќе се случи, инертност, можно е да се дизајнира преку имплементирање термален акумулатор, термален бафер во системот. На пример надворешната единица да грее вода во поголем резервоар за вода (добро изолиран) и наместо директно преку тој бафер индиректно да се пренесува температурата во просториите во кои се престојува. Пак ќе имаш хендикеп од изолиран изменувач со паркет изолатор, но барем ќе имаш акумулација и инертност, и поголема ефикасност во греењето на баферот/акумулаторот. Ова го додадов да за ти објаснам разлика помеѓу акумулација/инертност и (не)ефикасност.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55337
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4962 на: 16 Октомври 2021, 18:38:40 pm »
Се надевам сега ти е појасно дека колку енергија ќе ставиш во системот толку ќе извадиш од него. Тој инает. Ај да видиме до кога ќе тера инаетот. :)

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3945
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4963 на: 16 Октомври 2021, 18:53:26 pm »
Не е стиропор, туку стиродур под подното, два навидум слични материјали, а многу различни во поглед на ефикасност.

Подното е најефективно со плочки/гранит/мермер, природата на топлината е да шири. Логично е да ја изолираш од долна страна затоа што тебе ти треба горе, а нема логика да ја изолираш од горе со паркет кој на некој начин е изолатор или ламинат под кој ставаш филц, односно двојна изолација филц + ламинат.

Керамиката има такви својства да ја задржува и пренесува топлината, а со самото делумно задржување на топлината помага и на повратот со цел да не се лади премногу, со што се зголемува ефективноста до некој мал процент на самиот котел.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4964 на: 16 Октомври 2021, 18:54:30 pm »
@Van како имаш нерви и време да се објаснуваш со секого свака част :) Сакам твоиве нерви да ги имам еден ден кога ќе пораснам.