Moментот кој е важен, е дека кај системите со топлотни пумпи воздух вода со подно греење - таму водата е доволно да се загрее до 22-24с.
Moментот кој е важен, е дека
загревање на водата до 22-24с бара многу помалку енергија отколку загревање на таа вода до 70/90с.
Макар и само на 47с да загреваш пак ќе употребиш доволно разлика во енергија/потрошувачка, да
ќе ти биде осетно поевтино да се грееш со клими наместо со воздух-вода систем изведен со радијатори.
Повторно, не е работата сега натегање со анегдоти каде било 65, каде 70, а каде 90 степени на вода во радијаторите... Вообичаено опсегот на температури за вода во радијатори е од 60/70 до 80/90с. Точно колку каде зависи од спецификите на лице место, некаде има поголеми топлотни загуби/потреби, некаде помали, некаде има повеќе/поголеми радијатори, некаде обратно.
Јас се грејам со радијатори и температурата на водата ми е подесена на 45 степени, со тоа што работи 24/7, и не гледам причина зошто 24/7 не би работеле и другите системи за кои станува збор, освен системи со ложење дрва.
Електрично парно?
Теоретски ти можеш да ја загреваш водата и на 24с и да успееш да го згрееш воздухот на приближно толку, само ќе ти требаат многу пати повеќе радијатори во домот.