Обична клима си е обична клима, ниту е инвертер, ниту екоинвертер.
Старата обична клима одлично ми бркаше работа и за ладење и за греење. 3,5 (1200/13000 Btu) airflow 450m3, и да не ги редам другите карактеристики.
Спомнав веќе дека се префрлувам на парно кога температурите ќе паднат.
На папир, 3,5 ивертерите што ги разгледував се посупериорни од обичнава, и колку што видов само 2 модела на Грее користи додавка Еко, за понатаму да излезе дека имало инвертери и екоинвертери?
Секогаш е така со ценовните рангови, на 30 додади уште 10 и земи поасално, па потоа да следи на 40 додади уште 10 и земи ко човек, за на крај да се заврши на 70
Инаку, глава да те заболи од податоци кои се разликуваат во нијанси и човек да не знае што да одбере, дали Haier со Хитачи компресор, дали Gree со компресор од ретки метали?, дали...
Од климите што ги имам (обични), најзадоволен бев од оваа што попушти, најтивка беше и пластиката не претрпе никаква промена на боја (Инвентор).
ЛГ ем гласна, речиси никаква разлика од 1 до 3 брзина, ем пожолте.
Самсунгот истотака бучна, шушти ли фучи внатрешната единица, надворешната мислиш зекој момент ќе се распадне.
На крајот, по се изгледа ќе си земам Хјундаи